Конкурс за стипендии на Светските Обединети Колеџи (UWC)

Член од
14 февруари 2011
Мислења
23
Поени од реакции
0
Дали сте ученик/чка со следниве критериуми:



● во втора година средно училиште?

● просечен успех во средното училиште од или повисок од 4.50?

● сте живееле на територијата на Р. Македонија барем 5 години?

● имате основни познавања на англискиот јазик?

● работливи, упорни, мотивирани, амбициозни?

● имате потенцијал да го зајакнете вашиот дух со извонредно искуство во странство?

● морални, искрени и со висок интегритет кон мир и слога меѓу народите?

● имате умствена страст и способност да ја претставите Република Македонија на светското тло?


Ги известуваме заинтересираните кандидати, кои ги исполнуваат горенаведените критериуми дека Македонскиот Национален Комитет (www.uwcmk.com) објавува конкурс за делумни и целосни стипендии за Светските Обединети Колеџи.


Светските Обединети Колеџи (http://uwc.org/) се единствената меѓународна организација, којашто образува ученици од речиси сите земји на светот, внимателно избрани преку нивните Национални комитети. Основни начела при избор на кандидатите се пред сè нивниот академски успех, личен потенцијал и персоналните вредности. На тој начин се разгледува целокупниот кредибилитет на ученикот и неговата амбиција за лична надградба и секако применување на стекнати знаења и достигнувања во идното современо светско глобално општество. Избраните кандидати потекнуваат од сите делови на земјината топка без разлика на нивната расна или верска припадност и финансиска состојба. Овие ученици живеат и учат заедно 2 години во еден од 15-те колеџи стационирани низ целиот свет. Учениците ја следат најпрестижната подготвителна програма за понатамошни додипломски студии, т.н. меѓународна матура, или во светот попозната како International Baccalaureate (IB) (www.ibo.org). Светските Обединети Колеџи овозможуваатобразование што ги обединува луѓето, нациите и културите, сèсо цел за остварување на мир, соживоти одржлив развој на целокупната светска популација.


Рокот за пријавување: 1 Декември 2015.

Сите заинтересирани можат да ги најдат апликацијата и другите информации на веб–страницата на Македонскиот Национален Комитет: www.uwcmk.com.


И во случај да не ги исполнувате сите критериуми, може да постои можност за пријава. Соодветно пратете ни емаил со краток опис за Вас.


Доколку имате потреба од додатни информации, обратете се на нашата е-пошта: info@macedonia.uwc.org .


Ваш,

Македонски Национален Комитет на COK

Додатни информации можете да добиете под:
https://www.facebook.com/uwcmacedonia/?ref=aymt_homepage_panel
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom