Успомен из ЈНА-(хоби во војска)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
Нај одвратно ми беше ко ќе видев некој сељак со истетовирана гола жена на левата рака и датум од кога до кога служел војска на десната рака
Или обратно беше
Мал си не знаеш, во ЈНА се тетовираше дата кога си бил во ЈНА најчесто само месец) пошто точна дата до кога ќе си не се знаеше скоро до крај на служење поради разни пеипетии скратувања, казнувања работни саботи и слично, покрај тоа често одеше и родот каде си служел или петокрака
 
Да бе ако не си служел војска немало да се ожениш и да знаеш како се прават деца.
Мижи да ти баам.
Со брат ми служел војска некој си босанец и како што дошол редот за коритење на редовните одсуства, нему му паднало на крај, т.е. 15 дена порано да си замини дома. Типот откако се `скинал` заминал во хотел во градот да живее 15 дена бидејќи ако се врател во родниот крај предвреме, никогаш немало да се ожени. Народот ќе мислел дека со него не е нешто во ред(неспособен).

Слични работи имаше и во мое време.
 
Не е бесцелно потрошено време.
Се стекнуваат навики,дисциплина,почит,однесување,....кои понатаму во животот ќе ти бидат од голема корист.
Тоа што ќе го научи таму можеби некогаш и негде ќе му послужи, но дека ќе се исчеличи, дека ќе стане дисциплиниран и дека ќе има некое примерно однесување............, тешко. Додека е во војска можеби ќе го почитува тој ред и таа дисциплина, но кога ќе излезе надвор ќе биде бетер од тоа што бил или ќе остане истиот од пред војска. Едноставно такво е општеството/денешницата во која живееме.........., само таа може да те промени денес, но не и војската. Башка да не ги спомнуваме оние кои ,,благодарение'' на војската скренале.

Аха...кај ти текна ова, стварно многу беа во мода тоа тетоважите „успомен из ЈНА“,посебно на рамењата од страна и на рацете,дигаш чалами на некој селски слави или панаѓури а женски се лепат како муви на...
тоа време така беше ако не си служен ЈНА до женска тешко се доваѓаше ( за женидба мислам), значи ако не си бил т.с. не те бива за ЈНА.не те бива ни за Жена.
Ти имаш ли ЈНА/таква тетоважа? И како ги правевте тетоважите? :)
 
Тоа што ќе го научи таму можеби некогаш и негде ќе му послужи, но дека ќе се исчеличи, дека ќе стане дисциплиниран и дека ќе има некое примерно однесување............, тешко. Додека е во војска можеби ќе го почитува тој ред и таа дисциплина, но кога ќе излезе надвор ќе биде бетер од тоа што бил или ќе остане истиот од пред војска. Едноставно такво е општеството/денешницата во која живееме.........., само таа може да те промени денес, но не и војската. Башка да не ги спомнуваме оние кои ,,благодарение'' на војската скренале.

Ти имаш ли ЈНА/таква тетоважа? И како ги правевте тетоважите? :)
Со мастило и игла за шиење
 
Уште еден успомен из ЈНА,ни остана овде скоро на сите што бевеме резервисти,а тоа е
комплет опрема (без оружје се разбира) и таа ЈНА си е..м........и нас ни остана опремата,која повеќето и ја продадовме на бувљак, а и доста беше и е сега барана (шинел,чизми,ранци,опасачи).
 
Со брат ми служел војска некој си босанец и како што дошол редот за коритење на редовните одсуства, нему му паднало на крај, т.е. 15 дена порано да си замини дома. Типот откако се `скинал` заминал во хотел во градот да живее 15 дена бидејќи ако се врател во родниот крај предвреме, никогаш немало да се ожени. Народот ќе мислел дека со него не е нешто во ред(неспособен).

Слични работи имаше и во мое време.
опцијата да се користи 15 дена редовно речиси сите во ЈНА ја користеа на крајот, ретко кој ќе си го искористеше за време на воениот рок, така да всушност нормално беше генерацијата да си оди дома 15 дена порано ради одсуството плус 30 дена кое се даваше редовно на секоја генерација од страна на ССНО значи некаде вкупно 45 дена пред регуларните месеци на служење и то го знаеа сите. Би било чудно да дојдеш покасно а не порано.
 
Па не секаде и со сите беше така . Јас бев во време кога веќе ни братсво ни единство не палеа . Србите и Црногорците царуваа , Словенците и Хрватите се бунеа а само ние со Босанците бевме изгубени во времето.
Инаку за срамот , уште ми е жал за еден дечко од Црна Гора , после систематскиот ( мислам дека беше после 30-40 дена од почетокот) го вратија дома . Два дена плачеше , не од што не е здрав туку како ке реагираат татко му и дедо му !
Инаку јас, рамно година 19 Декември отишол - 19 Декември се вратил , арно и в затвор што не заглавив. Господ здравје да му даде на Рајко Ного .
 
опцијата да се користи 15 дена редовно речиси сите во ЈНА ја користеа на крајот, ретко кој ќе си го искористеше за време на воениот рок, така да всушност нормално беше генерацијата да си оди дома 15 дена порано ради одсуството плус 30 дена кое се даваше редовно на секоја генерација од страна на ССНО значи некаде вкупно 45 дена пред регуларните месеци на служење и то го знаеа сите. Би било чудно да дојдеш покасно а не порано.

И јас сакав да имам таква судбина, но не користев ни редовно ,ни наградно ни викенд....ништо. А за ``награда`` не собраа на писта и ни прочитаа наредба од генералштабот за продужење војног рока за 30 дана и паѓање на писта на пола од војската:facepalm:
 
И во АРМ доста војници така праеа.[DOUBLEPOST=1448706083][/DOUBLEPOST]
И јас сакав да имам таква судбина, но не користев ни редовно ,ни наградно ни викенд....ништо. А за ``награда`` не собраа на писта и ни прочитаа наредба од генералштабот за продужење војног рока за 30 дана и паѓање на писта на пола од војската:facepalm:
Па и кај нас имаше продужење у војска у 2001-ва.

Патем, мој комшија, се сеќаам коа бев мал, коа дојде од војска донесе огромен брод макета со едра и мала ајфелова кула од шкорчиња (имаше у ствари доста од војска кои донесуваа ајфелови кули од шкорчиња, изглеа модерно така било).
 
Имам една расклопена дома, ама од брат ми. Во мое време немавме никакви можности за тоа
 
Тоа што ќе го научи таму можеби некогаш и негде ќе му послужи, но дека ќе се исчеличи, дека ќе стане дисциплиниран и дека ќе има некое примерно однесување............, тешко. Додека е во војска можеби ќе го почитува тој ред и таа дисциплина, но кога ќе излезе надвор ќе биде бетер од тоа што бил или ќе остане истиот од пред војска. Едноставно такво е општеството/денешницата во која живееме.........., само таа може да те промени денес, но не и војската. Башка да не ги спомнуваме оние кои ,,благодарение'' на војската скренале.

Ти имаш ли ЈНА/таква тетоважа? И како ги правевте тетоважите? :)
Ти јади дома шлапаници со кечап и број во играчница. Посекако си далеку од социјализација.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom