Успомен из ЈНА-(хоби во војска)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
Нема некој што не донел дома нешто од таа ЈНА, а е од сферата Направи сам.
Некој правеа Ахфелова кула од шпер плоча или од стари разгледници и ренген фолија или од изгорени шкорчиња од кибрит.
Некој правеа кутии за цигари или накит од истиот материјал горе наведен.
Секако дека се имало врене за ова во тие 1 до 1,5 година таму.
Јас правев од сите тие набројани работи таму, за некој комшии или роднини а тоа беше Успомена из ЈНА.
Се изненадив кога кај една братучеда ја видов кутијата за ситници која се уште ја чува,а поминале точно 40 год.
Еве пак што најдов во подрум во една фиока-за ова бев МАЈСТОРИШТЕ.
Изработка на борбени авиони,Галеби и Мигови од петокрака, кој може да се употребат како значка.
Колку само работа треба ви нив. Прво сплеснување на материјалот,ладно ковање до дебелина помала од 0,5мм.
Потоа брусење,мазнење од ивичњаците на тротоарот .
На крај пак турпијање до посакуваниот облик.
----------------------
Но овде повеќето и не биле војска и не знаат за ова, но можеби виделе кај својте дедовци нешто вакво.
----------------------
Гратис прашање:Повторна војска Да или Не. (некој таму ќе научат бар да лупат компири,или зашијат копче)
Picture 2419.jpg.Picture 2420.jpg Picture 2422.jpg Picture 2423.jpg
 
Attachments

  • Picture 2421.jpg
    Picture 2421.jpg
    67,6 KB · Прегледи: 48
Јас ни имав време ни бев во можност, пошто бегавме гологлави на крајот. Војната во Југославија веќе наголемо земаше замав, и секој гледаше да се спаси како знае и умее-некој со бегање, некој ранет па во болница,...ја као ќе полагам приемен на факс.

Битно се извлековме, а јас имав навистина голема среќа бидејќи дента кога ми дојде потврдата во касарната, јас се вратив од логоровање(покрај Морава) а дежурниот офицер ме најде како спијам во камионот на седишта наместо во шаторот. За да добијам светло наместо клуч во брава(клучевите беа кај офицерот) јас ја набив шишката за чистење од калашот..... па ме рибаа пред цел пук и сигурно ме чекаше најмалку војнички притвор.

Но кога влегов во касарната, за еден сат веќе ја напуштив ``главом без обзира``.

Воглавном бевме под узбуна или спиевме во шатори(неколку месеци) па така да го немав тој луксуз да правам вакви дребулии
 
и ти си било старо магаре:vozbud:

Генерациски сме една разлика, ама факултетски(ако си студирал) сме иста генерација. Сигурно сме се гледале во Мусандра, Хард Рок, МНТ.....
 
и ти си било старо магаре:vozbud:

Генерациски сме една разлика, ама факултетски(ако си студирал) сме иста генерација. Сигурно сме се гледале во Мусандра, Хард Рок, МНТ.....
Излегував во дискотеките кои си ги спомнал + копакабана,бесна кобила,огниште и кафаните во Скопје и околинта.
Факс зафршив ама со гурање бидејки повеќе киснев по бифињата и фонтана во мавровка
 
Vo Mavrovka gi pametam samo svirkite na Giš vo eden kafić na kat
 
За гратис прашањето:

Да (со услов да е временски 6-8 месеци рок)

Мене и на мојава генерација и е потребно "челичење".
Да станеме независни уште од млада возраст,дисциплина,свое јас,физичко шредење во права смисла и уреденост.
Сега искрено мое мислење е дека некако сме премногу мекуши,улежани,цело време пред статичен и телефон и затворени. :pistoldz:
 
Vo Mavrovka gi pametam samo svirkite na Giš vo eden kafić na kat
Фонтана беше долу во подрумот.
Имаше уште еден кафич долу во подрумот а горе на кат кај бутиците за венчаници имаше кафич и најверојатно мислиш на тој.
 
Мислам дека тој кафиќ беше одма покрај бутиците, ама помина време и не се сеќавам најдобро. Знам дека све беше црно и затемнето навечер, чад до плафон.....
А за челичењето-јас средно учев во друг град(живот во интернат), војска во ЈНА, студирање во друг град (Скопје-студенски домови:од Катанга, Бетон, Гоце...), професионална работа над 10 години поврзана со пожари( цел живот по опожарени планини и пасишта), така да челичењето им го оставам на помладите, кај нас наречени ``мазнопатци``:kezec:
 
@Anco дали и ти имаш тетоважа успомен од ЈНА?

Што се однесува до тоа дали треба да се врати војската или не........., јас мислам дека не. Тоа време кое залудно ќе го потрошиш за одење во војска, ти можеш да го искористиш на многу подобар начин. Башка дека денес со одење во војска некој ќе се ,,исчеличи" чисто сумљам.
 
Не е бесцелно потрошено време.
Се стекнуваат навики,дисциплина,почит,однесување,....кои понатаму во животот ќе ти бидат од голема корист.
 
@Anco дали и ти имаш тетоважа успомен од ЈНА?

Што се однесува до тоа дали треба да се врати војската или не........., јас мислам дека не. Тоа време кое залудно ќе го потрошиш за одење во војска, ти можеш да го искористиш на многу подобар начин. Башка дека денес со одење во војска некој ќе се ,,исчеличи" чисто сумљам.
Аха...кај ти текна ова, стварно многу беа во мода тоа тетоважите „успомен из ЈНА“,посебно на рамењата од страна и на рацете,дигаш чалами на некој селски слави или панаѓури а женски се лепат како муви на...
тоа време така беше ако не си служен ЈНА до женска тешко се доваѓаше ( за женидба мислам), значи ако не си бил т.с. не те бива за ЈНА.не те бива ни за Жена.
 
Да бе ако не си служел војска немало да се ожениш и да знаеш како се прават деца.
Мижи да ти баам.

Нај одвратно ми беше ко ќе видев некој сељак со истетовирана гола жена на левата рака и датум од кога до кога служел војска на десната рака
Или обратно беше
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom