Милош Црњански

Член од
20 јули 2014
Мислења
3.424
Поени од реакции
9.316
Милош Црњански (1893-1977) е српски поет, писател и есеист, приврзаник на експресионизмот. Покрај Мирослав Крлежа, Данило Киш, Меша Селимовиќ, Иван Цанкар, Борислав Пекиќ, Црњански е еден од најзначајните литерати на југословенската модерна.

Некои од неговите најзначајни дела се: Лирика Итаке, Ламент над Београдом (поезија), Роман о Лондону, Сеобе (романи), Љубав у Тоскани (есеј) и други.

Селидби (Сеобе) е неговото најзначајно дело. Се обработуваат бројни тематики, историски, семејни, егзистенцијални, психолошки, морално-филозофски итн. Во оваа рамка на разновидни тематики, опфатени се низа теми и проблеми: поделбите (класни и цивилизациски), проблемот на идентитетот, селидбите, злата судбина на народите, човечката немоќ, оттуѓеност и осаменост, моралните дилеми...
Во Селидби, Црњански го прикажува страдањето на Србите во Војводина, дејствието е сместено во 18 век, а централното место во романот го зазема семејството Исаковиќ.

Роман за Лондон (Роман o Лондону)
е заснован на личното искуство на Црњански. Авторот го следи животот на брачен пар руски емигранти во Лондон после Втората светска војна, кои се потонати во тешка егзистенцијална беда.

Денес на 26 октомври се одбележуваат 122 години од раѓањето на Милош Црњански.

rsz_miloš_crnjanski_1914.jpg
 
Последно уредено:
Ја видов Троја

и видов сѐ

Море и обали каде лотосот зрее

И се вратив блед и сам

На Итака и јас можев да убивам

Но кога не смеам

Барем да запеам

Малку нови песни.



Дома имам пијанка и блуд важен

А секаде низ светот животот е тажен

Со исклучок на оптимистите!



Јас не сум пејач на права продадени

И не се додворувам на кравите отмени,

Им пеам на тажните:

За тагата

да ги ослободи од сешто.

Не сум патриотска трибина

На Поетика славата не ми значи нешто,

Ни Крлежа ни Ќурчин нема да ги прескокнам

Нема да бидам ни гордост народна

Судбината ми е стара

А стиховите нови помалку.



Но или животот нешто ново ќе ни донесе

А душата ни значи еден степен повисоко

до небото

што високо,

ѕвездено, соколот го мириса

Или нека и нас, и песните, и Итака и сѐ -

Ѓавол нек нѐ однесе!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom