Фала дечки за одговорите. Ќе бидам малку подолг. Се работи за линија што вози вкупно 160 километри во смена, значи по 20 км во правец. Автобусите секогаш тргаат 5 минути пред ЈСП. Се прават 4 тури односно 8 правци. Ако во просек се возат 35 патника во правец, се достигнува некој износ од 7000 дневно. Се работи 3 недели а една е слободен. Значи дека за 1 месец се прават некаде околу 140.000-160.000 денари бруто. Да се тргне за даноци, амортизација и нафта околу 100.000, за мене би останало околу 1000 евра. Во моментов добиваат и околу 200 евра месечо што ги возат средношколците. Тоа е во моментов. Ако го направат од километар, цената би требало да биде околу 1 евро. Тогаш дневната заработувачка би била 160 евра односно околу 9500 денари што е подобра варијанта. Е тогаш предпоставувам дека ќе ги нема оние 200 евра за учениците. Тогаш не е битно колку патници ќе имаш во правец. Башка кога си слободен, може да те викнат и за некоја екскурзија или свадба, што е дополнителен импулс. Тоа е мојата анализа. А се работи за влог околу 35.000 евра за линија со нов автобус (стар ама нископоден). Што мислите, посебно
.Sky.