ПАТУВАЊЕ ПО SВЕЗДЕНИТЕ ПАТЕКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата kadis
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 мај 2011
Мислења
19
Поени од реакции
5
ПАТУВАЊЕ ПО SВЕЗДЕНИТЕ ПАТЕКИ


Многу од научниците во нивното време беа авторитети, но тоа не значи дека нивните мислења останаа непроменети!
Одтогаш во науката се користени покази кои повеќе ја следеа теоријата одколку се обидуваа да дојдат до докази, како би можело овие теории да се преиспитат на реалните и рeлевантните факти.Затоа, се повеќе се од оние, кои, кога сериозно ќе се посветат на Ајнштановите дела ќе увидат дека и во нив постојат несугласености; кога е во прашање брзините на светлината.
Во многуте експерименти кои се направени ја оспоруваат Ајнштајновата теорија, дека ништо не може да постигне поголема брзина од светлината!?Тоа призлегува од тоа дека вистинската наука оди во чекор со потербите на тоериите за да се проверат, и дури тогаш кога тоа би се утврдело во пракса би можело понатамошно надградување...
Но, сепак проблемот настанува тогаш кога теоријата не може да се потврди во пракса, а тоа значи дека до тогаш мораат да ги следат одредените корегирања на самите теории.Значи, не се работи за тоа дека многу идеи и теории треба да паднат, т.е да се исфрлат, туку тие кои се неодржливи да се корегираат, допунат и да се постават како продужеток на тоа што со неа започнало. Единствено таквата наука и филозофската замисла може да се развие како би се продужило неговото понатаможно разработување.

Ајнштајн со неговите дела ги дал основите на кои науката донекаде била развиена. Сепак, без оглед на тоа колку денес се приклонуваат на неговите дела треба да се има на ум дека тие не можат засекогаш да останат авторитетативни, и кои не треба и не би можеле да се корегираат. На пример, и Хокин продолжи да ги обработува теориите на Ањштајн, како и тие некои пред него. По многуте книги кои ги има он напишано и кои светот ги чита, може да се каже дека он станал авторитет. Но доколку некои представи кои он ги наведува во неговите книги тие можат да се согледат на поинаков начин..., тогаш слободно може да се каже дека и он секако не ги изнел своите конечни идеи и теории, и не рекол нешто што е конечно.

Во основа ништо не е конечно изнесено и дадено. Секогаш постои време кое доаѓа, и условите под кое е можно да настане нешто друго и поинакво. Прашање е на време, колку е потребно да помине се додека новото би било разбирливо и прифатено. Секако дека сето тоа мора да биде логички засновано во хармонија со фактите.
Единствено така може да настане нешто друго и поинаку од предходните идеи и разбирања.Во секоја човекова епоха имало некоја си своја престава (визија, идеја, впечаток, слика...) за вселената, се разбира тоа и денес е така. Нашето токување за настанокот исудбинатана на вселената е базирано на многу идеи, теории и факти... и нивното толкување кога, и како беше создадено времето и просторт..., односно како и кога беше создана вселената: атомот – материјата, енергијата, гравитацијата, големиот прскот, ширењето на просторот, молекули, микроорганизми, димензии, јака и слаба нуклеарна сила...

-Дури и оние кои сфатиле дека од Њјутновита теориа за гравитацијата произлегува дека вселената не мора да биде статична никој не дојде на идеја да каже дека таа може да се шири – како резултат на големата експлозија...
Тоа е теоријата на Георгес Леметр (но и теоријата за големиот прскот му е нему препишано), Александар Фридман.. - потврдено и со Хабловиот Закон..

Бидејќи, ако нешто може да се движи побрзо и од светлината, тогаш имаме големпроблем!? а што би било тоа?Револуционарната идеја на Алберт Ајнштајн беше дека просторот и времето се закривени и под влијание на маса и енергија.
Брзина поголема од светлината може да се постигне преку превиткување на просторот. Бидејќи според теоријата за релативноста, секое тело кое има маса, неопходна му е неограничена максимална енергија за да го направи тоа.
Лабораториски е постигната брзина поголема од брзината на светлината, но се уште не доволна за бараната брзина (за п.м.п)!
“неутрино честичките се движат низ некоја неоткриена димензија...“ и дека се побрзи од брзината на светлината!
Светлината има различна брзина низ различни провидни материали, така да пред десетина години постигнато е да одредени субатомски честици во некој раствор постигнат поголема брзина од таа на светлината во тој раствор.
Овој експеримент ја оспорува Ајнштајновата теорија дека ништо не може да постигне поголема брзина од таа на светлината, но не и тоа која што нам ни е потербна!

Објектите во движење кружат. Времето се успорува во системот на движење. Слично е и со закривувањето на просторот на општата релативност, каде се базира нашата визија за вселената и неговата динамика.
Сингуларитетот е централниот дел на црната дупка, во кое сите атоми и сите честички, кои ќе се најдат во неја искршнуваат, делат и исчезнуваат, или преоѓаат во некоја друга форма, односно во некоја друга врста на енергија.
Во физиката, релативистичката квантна механика е квантна механика; применувана во согласност со принципите на специјалната ралатививност. Ова теорија е применувана на масивни честички кои се движат со сите брзини, се до оние кои се равни со брзината на светлината, а се применувват и на честичките без маса.

Алберт Ајнштајн во формулираната и посебната општата теорија на релативноста, воведува револуција во модерната физика.
Теоријата на Алберт Ајнштајн, како што знаеме, е составена од две научни теории на подрачјето на физиката: посебната релативност и општата релативност.
Овие теории се осмислени како би можеле да го објаснат фактот дека електромагнетните бранови не се покоруваат на Нјутоновите закони на движења.
Електромагнетните бранови се движат со константна брзина, независно од движењата на наблудувачот.
Основната идеја на двете теории е дека двете наблудувачи, кои се наоѓаат во меѓусоното релативно движење, ќе се измерат различните временски просторни интервали за исти случувања, но и тоа дека физичките закони на двете ќе изгледаат подеднакви.

На самиот хоризонт, т.е. на најголемата далечина до кое би можле потенцијално да видиме, галаксиите од нас би се одалечувале со брзината еднаква на светлината. Што е со галаксиите кои не можеме да ги видиме на другата страна на хоризонтот?! Тие од нас се одалечуваат со брзината многу поголема од светлината, и затоа не можеме да ги видиме!
Тоа не е прашање во обична смисла, туку ширење на просторот, со кое со ништо не е ограничено, па ни со брзината на светлината!?
Сродна предрасуда е поврзано за природата на светлината. Славното ограничување кој што произлегува од Ајнштановата специална теорија на релативноста: “ништо не може да се движи побрзо од светлината“ важи само за ширењето на објектите или влијанието на просторот. Всушност, ништо не го ограничува ширењето на самиот простор! Тоа може да се направи како софизам, но не е, туку е во прашање мошне длабок преглед...!!

По Ајнштановата специјална теорија на релативитетот, предметот кој што има маса не може да оди подеднакво брзо или побрзо од брзината на светлината, и дека брзината на светлината во вселената е конечна; дури и најголемите циклотрони не можат да генереираат енергија такфи какфи што се наоѓаат во средиштето на експлодираните sвезди и Супернова, или на самиот голем прскот, не можат да ги убрзуваат субатомските честички преку брзината на светлината. По се изгледа, брзината на светлината е најмеродавна и пожелна брзина во вселената - ако е така, изгледа дека нам ни пропадна можноста па и надежда, дека еден ден ќе патуваме во далечните галаксии!!?

Сепак, некои научници веруваат дека “дупката“ во овој Ајнштанов закон еден ден ќе им овозможи на луѓето да патуваат по меѓуѕвездените патеки, со брзини и со предмети кои имаат маса; ќе ги преоѓаат огромните растојанија за многу кратко, кратки временски периоди.
Во еден експеримент направено: ако брзината некогаш се мери од вселенско летало, во смисол на надворешниот свет и едниот дел од некоја си црвја дупка, може да се примети дека вселенското летало прешол иљадници и иљадници светлосни години за неколку минути; значи со брзина многу, многу поголема од брзината на светлината!
Ајнштановата теорија на релативитетот ни дозволува да патуваме во иднинатата: кога патуваме со брзина која е блиску до брзината на светлината. Но, со таа брзина на пример: за осум минуту ќе патуваме до Сонцето на далечина од 150 милиони км., во рамките на границите на нашата микро галаксија – во однос на другите галаксии - но не и во однос на другите галаксии и воопшто на сите милијардни галаксии!? Дали е таа брзина доволна и возможна со неа да се патува по тие ѕвездени патеки?!

Со 'ворп' погонот, т.е. со флексибилноста на просторот околу леталото, наместо со забрзувањето на самото летало овие теоретски 'ворп' патувања никогаш не би ги прекршиле Ајнштановите закони. Но по тој закон леталото не би се движел побрзо од брзината на светлината!
Вселенското летало во принцип би патувал со брзина која е побрза од светлината, а не како само тоа така да изгледа, како говори Ајнштановата теорија на релативитетот: леталото не би го прекршил ограничувањето на брзината!?
Некои од радикалните хипотези произлезени од општата теорија на релативитетот се базирани (и како беше погоре кажано) на ова идеја: кога се дискутира за “Ворп“ погонот на шпанскиот физичар Мигуел Алкубијер - таа идеја го подржува и Ерик Дејвис... - сугерира на тоа дека еден ден би можело да се постигне брзина побрза од светлината (десетина пати побрза) за трансфер на материјата, така што вселенското летало би го опкружиле со балони во однос на леталото, каде што леталото би мирувал, а самиот балон ќе даде да се забрзат произволните брзини, т.е. надсветлосните брзини, во однос на позадинскиот референтен систем.
Дали овој Алкубијеров погон некогаш ќе биде реализиран останува времето да каже, но неговата замисла сепак само теоретски е легитимна, т.е. е во склад со Ајнштановата теорија простор-време.
Според сегашните хипотези, таквото патување би било можно заради предпоставката дека вселената е флексибилна и дека се шири од почетокот на големиот прскот, така што низ него не би се движело вселенското летало, туку би се движел самиот космос!
Флексијата на просторот околу леталото, наместо самото летало, оваа теоретска ворп патување дали би ги прекршил Ајнштановите закони, и дали леталото би зе движел со брзината на светлината?!

Но, сепак со Ајнштановиот закон (т.р.) се доаѓа до заклучок дека без користење на некој недвижен предмет, заради мерењето брзината на наблудувачот, не е можно да се каже кој се движи а кој мирува, ако некој воопшто мирува! Нее можно да се направи некој инструмент, со кој би можел да се докаже дали наблудувачот во однос на нешто друго се движи или не?!
Всушност, ако наблудувачот би се наоѓал некаде далеку од сите sвезди и планети, и би користел референтен систем за мерење на брзините, он никогаш не да може да утврди дали нешто се движи или не (механички ситеми...) !
Ова било факт до кое е дојден Ајнштајн: секое движење е релативно – од каде и теоријата се нарекува како такфа...
Никогаш не може да се говори за апсолутното движење, туку само движење во однос на нешто друго.

Дали со тоа што постојат црвјите дупки ( ги врзува двата универзума: интер и интра универзум, во растојание на повеќе илјадици... светлосни години), значи дека во една блиска иднина ќе можеме да патуваме побрзо од светлината, со тие теоретски прикази како што беше погоре кажано?
На некој начин да? Но, тоа со Ајнштајновиот закон не е можно, но зошто?!Бидејки се уште не се поставени границите со кои би можело просторот да се прикаже или да се ограничи, тогаш е сигурно дека ни бројот на димензии кои денес ги опишуваат не можат да се ограничат на четри. Тоа што време стана димензија (со кое се опишува и периодот) не значи дека тоа е конечен број на димензии. Всушност единството на просторот и времето, опишано преку просторно временскиот континуитет, не е можно да са замисли без движење.За да се опише просторот мора да се смета и на времето...!, но и (непознатата) брзина на движење која постои во тој простор и во тие димензии, и дури тогаш кога овие параметри ќе се соединат во една целина може да се говори дека стварно постои просторно временски континуитет.
Ајнштановата димензија е димензија како карактеристика на просторот, и го идентифицира просторот и објектите во него. Димензиите кои го составуваат просторот, освен должината, ширината, и висината (кои го докажуваат постоењето на заискривениот, тродимензионалниот простор) и со Ајнштајновата теорија на релативноста, просторот добива уште една димензија, како четврта димензија, време- простор - тогаш кога почнале да се случуваат промени во модерната физика со откривањето на помалите честички во внатрешноста на атомот.

До тогаш покрај гравитацијата и електромагнетизмот откриени се и две фундаментални сили, слаба и јака нуклеарна сила - сили кој го држат језгрото на атомот заедно, одржувувајќи ја стабилноста на материјата, и веројатно ја сочинуваат црвјата дупка! –– со стварање на негативна енергија потребна за стварање на црвјата дупка ствара контра гравитација која што ја криви светлината; евентуално за можните патувања по sвездените патеки. Со негативната енергија може да се постигне посакуваниот ефект. Тоа се случува, затоа што негативната енергија потребна за создаванње на црвјата дупка создава контра гравитација која што ја криви светлината...Тоа се тие четри основни природни сили кој што создаваат и го одржуваат универзумот, но не се дава да се соединат...Во потрага на соединувањето на сите сили, каде што триењето на микрочестичките е опишано и докажано скриеноста на димензијата, а во дваесеттиот век имало обид да се докаже, дека електромагнетизмот е една врста на гравитација, но не она каде сеуште обично е објаснета во физиката!

Електромагнетизмот ако е во перманентна врска со она на гравитацијата, можеби и таа е една невидлива сила на идната петта димензија на просторот(!), со кое во иднина научниците планираат да го направат секој агол на универзумот достапен за човечките мисии...!Физичарите во новото време, благодарение на технологијата, влегуваат се подлабоко во бит'от на материјата со откривање на се помали и помали честички. Ги студираат нивните состојби и односот. Во внатрешноста на тој микро свет, наоѓаат уште помали светови на стрингс'от, но немаат сеуште реактори со кои би можеле стопроцентно да измерат и да докажат за нивното постоење... Ови се едни од тие фактори за кое треба науката повеќе да работи, и потоа да размисли светлосната бариеара, кој што се уште не преставува важен и поголем проблем на вселенските летала, бидејки вселенските летала едвај ја надминуваат брзината од неколку иљади км на час. Но по некој век , кога инжињерите по вселенските летала, бидат во ситуација сериозно да сметаат на тоа за да пратат сонди во најблиските sвезди (одалечена со ...светлосни години од нашата земја), проблемот со светлосната бариера може да биде и тоа каков проблем...
 
Арно беше кажал еден член на форумот...

"Веќе и стари членови со 3-4 мислења почнаа да тролат"
 
старите членови, како да чекаа слепци како тебе за да му кажат некому дека е токму тој дел од тоа тролање...!?
што точно по тебе се подразбира под тоа мое тролање оксиморону (м.б.)?!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom