Среќен роденден ЈУГО

  • Креатор на темата Креатор на темата teneke
  • Време на започнување Време на започнување
Кој мотор коска,какви курови..Имавме ние бело 45-ка,Корал Јуниор,купено гланц ново од салон во Скопје..Продува на 35.000 км,па ремонт го правеа,па пустеа,кај багажникот од внатрешна страна цело скапано беше,а ем во гаража беше чувано..Повеќе од 100km/h не размислуваше да оди,арно барем 1050 евра го продадоа во 2004-2005 година..Сега ни во отпад немаше да го примат..За доваму-дотаму арно беше..Памтам еднаш до Скопје бевме,еднаш до Дојран,и еднаш до Неготино..И после тоа се низ град,еднаш-двапати во неделата..Си капеше во гаража.
Баш 45ките ги фалат дека имаат добар мотор. Мислам и со ланец се.
 
Роденден и на фиќовците!
http://kajgana.com/legendarnoto-ficho-pred-60-godini-beshe-proizveden-prviot-model

Ќе го имам еден ден, вакво олд скул фиќо нејќам од овие новиве верзии, и ќе го офарбам во бледо виолетово, или во розе боја. Или во комбинација од двеве бои!
Внатре ќе му ставам се од крзно и на воланот.
Леле!
:love:
 
http://www.bbc.com/autos/story/20151126-in-praise-yes-praise-of-the-yugo

BBC објави текст во чест на Yugo.

Интересни факти:
- $3,990 му била цената
- од 1988 за три години се продале 163,000 парчиња надминувајќи ги сите останати европски производители поединечно
- иако се правеле голем број на вицови за него, 78% ги оцениле колите како добри накај одлични, 25% одлични, а 42% изјавиле дека би купиле повторно
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom