- Член од
- 13 јули 2006
- Мислења
- 15.576
- Поени од реакции
- 18.610
Гледам никој не отвори тема за скандалот со VW, па потикнат од информациите што ги читав деновиве решив да ја започнам оваа тема.
Дизел моторите се исклучително популарни кај нас во Македонија, а јас сум љубител на таа технологија заради големиот број на предности во однос на бензинците. Имаат подобро искористување на горивото, поголема влечна сила во однос на бензинците и што би рекол еден мој познаник, дизел е брутален на угорница.
Популарноста на дизелите започнува некаде после 1985, заради големото загадување во градовите во Европа. Издувните гасови на дизелите содржат многу помалце јаглерод диоксид, а воедно подобро го искористуваат горивото, што значи намалена потрошувачка. Поради овие причини во Белгија и неколку други европски земји се воведува поголеми давачки за бензинците, а се намалуваат давачките за дизелите. Тоа предизвика раст на дизел технологијата што ја имаме денеска и продажбата на возила со дизел мотори достигна 50% на европско ниво.
Но, после 2000 година почнаа да се јавуваат информации за зголемено загадување од азотните оксиди, сулфурот и други честички кои дизелите ги имаат, а бензинците не. Се појавија некои истражувања дека дизелите се причина за зголемениот број на алергии и астма кај луѓето. Тоа ескалира последниве години, што во некои градови како Париз се бараше забрана на дизелите.
Во меѓувреме се воведуваа новие Еуро стандарди кои бараа да се намалат овие загадувања, а сите производители ги прифатија и ги воведоа во своите возила. VW беше еден од нив кои агресивно си ја рекламираа својата 'чиста' дизел технологија, за да ги смири страстите и да ја зголеми продажбата. Тоа и му успеа оваа година кога ја поминаа Toyota.
Сега во врска со скандалот. Бајги се изначитавме дека американците пронашле дека VW не ги исполнува стандардите за издувни гасови во возење, но тоа не е точно. Скандалот за VW започнува пред година и пол, кога ентузијасти од Германија, љубители на дизел технологија решиле да направат истражување во врска со тврдењата за загадувањето на дизелите. Правеле мерење на загадувањето на обични возила во тек на возење, не во тестни услови. Се разбира користеле модели од VW како лидер на пазарот со најдобра дизел технологија. Така започнува да се одмотува колопчето, тие увиделе дека загадувањето е 40 пати поголемо од дозволеното, значи не 10%, не 20% над нормала, туку 2000% ако добро пресметав.
Не знам зошто му требала оваа работа на VW, дали дизел технологијата е стасана до зид и нема простор за повеќе напредок или пак решиле да заштедат на најсељачки начин, ќе го видиме тоа дали и други производители ќе бидат фатени како лажираат.