Здраво
Најпрво, не знам каде точно треба оваа вест, па ве молам ако треба преместете ја. Сакам да раскажам еден случај, во кој жртва сум лично јас. Се почна во 2009, од мој прв братучед, наркоман. Во 2009 година едно утро рано дојде кај нас дома и ме нападна физички без причина, а беше дрогиран. Тогаш прв пат викнав полиција во живот и поднесов пријава против него. Го земаа во станица, после тоа долго време немаше проблем од него кон мене. Во меѓувреме он бил во затвор во Германија, а неговата фамилија го продаваа нивниот стан поради долгови и се населија кај нас! Тоа им дозволија моите, за привремено, ама излезе година дена. Тоа се случи пролетта 2010 година. Зимото 2010 година, братучед ми го пуштаат од затвор и доаѓа да живее кај нас! Без мое одобрение, пошто моите не се секираа многу. Во февруари 2011 он прво ги нападна моите, јас застанав во нивна одбрана, потоа ме нападна мене. Пријавив пак во полиција, дојдоа и он си замина во станот што сеуште им беше на продажба. А тој стан беше можеби 800 метри оддалечен од нашиот стан. Наредниот ден, дојде да ми се одмазди, пазете, да ми се одмазди затоа што викнав полиција. Тогаш повторно ме удир, но тогаш прв пат и јас побудалев и го нападнав. Си замина и долго време не ме задеваше. Потоа си заминаа во стариот стан, а во 2012 се преселија во зграда, одма до нашата. Крајот на летото 2012 пак се закануваше. Јас не реагирав. И повремено се закануваше цело време. Пред 2 недели, значи точно на 21 август 2015 година ме викна кај него дома, демек да видиме нешто на компјутер. Отидов и ме удри со бокс во лице и здиве. Вујко ми го држеше, јас заминав одма и се јавив во полиција. Полицијата дојде, напиша пријава, го опоменаа, ама он си беше на слобода. Наредниот ден ми се закани телефонски дека ќе ме претепал. Пак пријавив, пак само опомена. Наредниот ден повторно ми се закани, он на улица, а јас на тераса. Пак пријавив, но тогаш он претходно удрил вработена во кладилница со пепељара, каде што он има забрана, добил ќотек не знам дали од полиција или од обезбедување, добил казна од 600 евра и полицијата ми рече да не правиме тензии, да не пишуваме и овој пат пријава. Да го оставиме некој ден, да видиме ако повторно има проблем тогаш да пријавам. И ок, по 3-4 една пак ми се закани, пред зграда кај мене ме виде и ми доаѓа. Бесно му реков да ми се тргне, дека не сакам да го видам. И овој упорно се заканува. Пак пријавив. Пак исто, само опомена. Наредниот ден исто така ми се закани и пак истото беше. Неколку дена мир, па пред 2 дена ноќта во 2:30 ѕвони на врата упорно додека не не разбуди. И реков на мајка ми да не отвора, ама она отвори. Јас не излегов, за да нема проблеми, само слушнав како и кажува дека кај него дома искршил се и телефонот си го скршил па да се јави од кај нас. Ок, помина тоа, во 5 саат истото! Пак му отвори, пак се јави, го слушнав кај некој бараше дрога да купува. Значи се нема мир, стрес цело време, дење-ноќе. Денеска вујко ми беше тука, како и секој ден, да помогне околу дедо ми, кој е скоро неподвижен. Секој ден доаѓа вујко ми за да го измиеме дедо ми, му треба помош секој ден. Во тоа време, влезната врата отклучена, овој наркоманот влезе со секира! Бараше пари од татко му, па од сестра ми(која е мажена на друго место, ама се погоди кај нас во тој момент). Она му даде пари, па побара он и од мајка ми, ама не доби. Баба ми се симна во ходник, овој по неа со секирата и мафта. Потоа дојде пак кај нас и мене ми се закани, држејќи ја секирата, ми рече дека полицијата му рекла да ме претепа некаде кај што ќе нема сведоци и ме плукна. Потоа пријавив пак, дојдоа и конечно доби кривична пријава и ќе оди на суд. Дома му ја нашле секирата. Сега е во притвор, ни самата полиција не знаеше колку време ќе биде во притвор, а јас ги прашав што ако го пуштат и сега да прави пак поголеми проблеми. Они ми викаат само, не се секирај. А откако ме нападна физички пред 2 недели, во меѓувреме неколку пати, ако не секој ден, секој втор или трет ден он самиот прави проблеми на други места во градот и се расправа со полиции, добива ќотек и од полиција и од други луѓе, ама сепак е на слобода. Инаку живеам со мајка ми, сестра ми, баба ми и дедо ми. Татко ми е починат и живееше во друг град, беа разведени. Додека он беше жив овој не си даваше толку сила. Татко ми почина во 2013, значи и пред тоа како што реков имаше проблеми, но запираше, знаеше дека го имам татко ми.
Би сакал совети, помош, што би правеле вие во вакви случаи. Полицијата само опомени даваше, требало да има нешто повеќе, повреда, за да реагираат, така викаа самите. Јас не сум тип што се тепа и затоа до тука дозволив ова да оди. Вујко ми дојде кај нас, пошто е многу почитуван од моите и ги праша дали слушнале син му да ми се закани мене. Моите му викаат дека не слушнале закани, туку дека виделе само секира. А пред полицијата рекоа дека слушнале. Значи толку големо влијание има вујко ми и покварен е, само што не е насилен како син му. Што би можело да излезе на крај? Заради промена на мислењата на моите, од кои се случува вака да немам поддршка под влијание на вујко ми, јас ќе испаднам крив, дека лажам, он ќе биде на слобода и да очекувам да ме убие? Сите овие пријавувања претходно, физичкиот напад, заканите, сето тоа ќе пропадне? Какви се овие закони, кога треба да дојде до телесна повреда или убиство за да се реагира? Имаше таков случај од Кавадарци пред 1 година мислам, кога мажот ја уби жената, нејзината сестра мислам и родителите. А претходно добивале закани. Дали повторно треба да се случи истото и сега? Сител, Канал 5 не беа заинтересирани за ова да се објави во вестите. А целта ми беше да има притисок врз надлежните за ваквите случаи.
Ве молам за помош, совети, што и да е.
Благодарам.