Поо ама му наваливте на детето еј,
Како шо ве читам на пола страна ќе го попишманите (јесте дека пола муабет е вистина али ај да сумираме)
Ај да разграничиме два дела
1. Техникалии
Зависи од него како ќе ја реализира оваа работа.
Колку корисници ќе опслужува е прашање на неговата умешност да ги добие и умешност да ги исхендла.
Техничките трошоци во основа се смешни (освен евентуална работна рака за изработка) ама и тоа зависи шо сака и кој ќе му го изработи.
Меѓу другите работи пред некое време оперирав сајт со публика во Македонија, и можам да кажам дека скоро 100.000 посети дневноне беа проблем да се исхендлаат и од најглупиот сервер кој ни беше на располагање. Прашањето е само како ќе го оптимизира серверот. Т.е. за толку риквести треба да си уметник за да го загадиш серверот да не можи да ги исхендла.
2. Бизнис
Ова е она што треба да се грижи. Под ПОРТАЛ како термин подразбирам дека сака некој Кајгана/Точка тип на портал чиј производ се артикли / занимации.
Ова бара озбилна работа за производство на соодржина. Се надевам има разработена шема што ќе постира. Дури и оние шокантно/ексклузивно и слични вести бараат некоја амеба да ги составува, а камо ли нешто попаметно.
Ако работи на ваков принцип главен извор на пари се реклами. А тука со среќа со наоѓањето на клиенти. Озбилните фирми нема да се занимаваат со недокажани портали, а на оние помалите не им се даваат пари за џабе. Вистина е дека колачот се дели помеѓу одредени групи. Се на се ова е работа која не смее да ја потцени и мора да знај што прави.
Ако е нешто друго што не се занимава со вакви работи и има некоја поконкретна намена тогаш е различна приказна и муабетов што го водиме нема везе.