Изолација со стиропор од внатре?

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.523
Момци дома нешто почнав да реновирам па во план ми се некои работи да ги правам ама за нешто сакам да ве прашам и да се консултирам со вас, пред се со луѓе кои го работат ова или кои веќе поминале низ фази на реновирање и поставување изолација...

Планирам да савам фасада со стиропор од надвор и со абриб абрив или како и да го викаат...

е сега главното прашање ми е - пошто се работи за барака преградувана и преѕидувана - дали е паметно на надворешните ѕидови од внатре да ставам изолација со стиропор 3ка па после вирз нив гипс картон ( гипсот обавезно ке го ставам зашти имам мн криви ѕидови и некои се останати од стар материјал хераклит што ништо живо не држи.. ) а на истите надворешни ѕидови т.е на цела куќа фасада со абриб и стиропор 5ка....

некои ми рекоа дека од внатре не се ставало ке немало да диши ѕидот други ми рекоа уште по убаво дупла изолација ке сум добиел трети којзнае што ке ми кажат. ај еден совет вака од кајгана да добијам па нека послужи и за понатака ако на некој му текне нешто вакво слично да прави.

п.с најубав совет би ми било од луѓе што го работат ова или што веќе поставиле ваков тип на изолација и од внатре и од надвор и кои се позитивните а кои негативните страни.
 
Ако ставаш надворешна изолација, внатрешна стави само на надворешните ѕидови (со потенок стиропор или како и да е правилното) не на оние меѓу собите, во зависност од колку пари имаш.

Ние планираме да ставиме внатрешна изолација со 3 цм на надворешните ѕидови и секако замена на дрвените со пвц прозорци.
 
Во пракса само од надвор се става изолација, ако ставаш само од внатре нема да ги покриеш топлинските мостови кај гредите и столбовите и од таму ќе губиш топлина, а можно е и влага да ти се јави по рабовите и ќошевите.
 
Ако ти се појави влага, ќе си ставиш една од оние розетките на оџаците со мрежичка шо се отварат и затварат, и ќе ја отвореш. Ќе има доволно вентилација така ( од луѓе имам слушано).
 
Nadvor ako stavas изолација да речеме со 20/25кг стиропол5/8цм, и пластична фасада, нема потреба да ставаш и внатре стиропол, а внатре, ако веке ставаш гипс за да ги порамниш зидовите може измегу гипсот и зидот да ставаш тервол.
Познавам добри искусни дечки кој работат со тоа, ако ако немаш луге, во пп пиши, ке ти оставам контакт од нив, тие најдобро ќе ти објаснат околу таа работа.
 
Во пракса само од надвор се става изолација, ако ставаш само од внатре нема да ги покриеш топлинските мостови кај гредите и столбовите и од таму ќе губиш топлина, а можно е и влага да ти се јави по рабовите и ќошевите.
напротив многу подобро можеш топлинските мостови да ги средиш од внатре него со надворешна изолација...
 
Ако ставаш надворешна изолација, внатрешна стави само на надворешните ѕидови (со потенок стиропор или како и да е правилното) не на оние меѓу собите, во зависност од колку пари имаш.

Ние планираме да ставиме внатрешна изолација со 3 цм на надворешните ѕидови и секако замена на дрвените со пвц прозорци.
Bas ova go imam prvrno... Drvenite prozori gi izvadiv novi pvc imam sega staveno a od vnatre stavam 3ka stiropor na nadvoresnite zidovi a od nadvor 5ka stiropor so fasada e sea neznam dali moze da nastane problem nekoj zaso stavam i od vnatre da ne se pojavuva vlaga i slicni raboti
 
Момци дома нешто почнав да реновирам па во план ми се некои работи да ги правам ама за нешто сакам да ве прашам и да се консултирам со вас, пред се со луѓе кои го работат ова или кои веќе поминале низ фази на реновирање и поставување изолација...

Планирам да савам фасада со стиропор од надвор и со абриб абрив или како и да го викаат...

е сега главното прашање ми е - пошто се работи за барака преградувана и преѕидувана - дали е паметно на надворешните ѕидови од внатре да ставам изолација со стиропор 3ка па после вирз нив гипс картон ( гипсот обавезно ке го ставам зашти имам мн криви ѕидови и некои се останати од стар материјал хераклит што ништо живо не држи.. ) а на истите надворешни ѕидови т.е на цела куќа фасада со абриб и стиропор 5ка....

некои ми рекоа дека од внатре не се ставало ке немало да диши ѕидот други ми рекоа уште по убаво дупла изолација ке сум добиел трети којзнае што ке ми кажат. ај еден совет вака од кајгана да добијам па нека послужи и за понатака ако на некој му текне нешто вакво слично да прави.

п.с најубав совет би ми било од луѓе што го работат ова или што веќе поставиле ваков тип на изолација и од внатре и од надвор и кои се позитивните а кои негативните страни.
И на што ќе се штрафат профилите?
Стави му тервол петка и свиркај си.
 
Да ставаш изолација и од внатре и од надвор, нема логика.

Од надвор се става стиропор за да надворешните температури немаат никакво дејство врз внатрешните. Внатрешна изолација со стиропор ставаат само оние кои не се разбираат во градежништво. Со тоа ќе го пригушиш воздухот дома, а ѕидовите ќе се ,, препотуваат'' и ќе бидат влажни од внатре, зошто стиропорот е параНЕпропусен. Башка ако ставиш внатрешна изолација, надворешната си ја ставил за џабе......., што се вика фрли ја:D

Потоа колку што те разбрав, живееш во преѕидувана монтажна барака. Ако ти останал терволот значи дека ти веќе имаш изолација, ако не друга е приказната.

Е сега кога сме кај тоа што треба да правиш. Или земи стиропор за надворешна фасада од 5цм или од 8цм........, или од внатре стави алуминиумски профили, меѓу нив тервол од 5цм или 10цм, преку нив парапропусна воднонепропусна фолија и тоа затвори го со гипс картон.

Друга опција (која јас највеќе би ја избрал) е надворешна изолација од камена волна. Начинот на постава е ист како кај стиропорот, само што камената волна е парапропусен материјал во однос на стиропорот, а и има многу подолг век на траење.
 
Момци дома нешто почнав да реновирам па во план ми се некои работи да ги правам ама за нешто сакам да ве прашам и да се консултирам со вас, пред се со луѓе кои го работат ова или кои веќе поминале низ фази на реновирање и поставување изолација...

Планирам да савам фасада со стиропор од надвор и со абриб абрив или како и да го викаат...

е сега главното прашање ми е - пошто се работи за барака преградувана и преѕидувана - дали е паметно на надворешните ѕидови од внатре да ставам изолација со стиропор 3ка па после вирз нив гипс картон ( гипсот обавезно ке го ставам зашти имам мн криви ѕидови и некои се останати од стар материјал хераклит што ништо живо не држи.. ) а на истите надворешни ѕидови т.е на цела куќа фасада со абриб и стиропор 5ка....

некои ми рекоа дека од внатре не се ставало ке немало да диши ѕидот други ми рекоа уште по убаво дупла изолација ке сум добиел трети којзнае што ке ми кажат. ај еден совет вака од кајгана да добијам па нека послужи и за понатака ако на некој му текне нешто вакво слично да прави.

п.с најубав совет би ми било од луѓе што го работат ова или што веќе поставиле ваков тип на изолација и од внатре и од надвор и кои се позитивните а кои негативните страни.

Само камен,каменот е еден од најдобрите изолатори..Да можеш со камен да ја налепиш цела куќа..Овака нешто.
15716-2015-2-17_kuca_otok_krk_krk_sire_podrucje_kamena_kuca_s_baze.JPG
 
Каменот не е термоизолатор.

И не, не треба да има термоизолација од внатре, подобро ич не стави.
 
некој да знае дали над абриб се става изолација со стиропор?
се работи за надворешен зид под скали...

дали тоа лепакот ќе залепи над абрибот? или ќе треба да се стружи па потоа да се лепи директно на ѕидот...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom