Битуменска шиндра

  • Креатор на темата Креатор на темата Kangchenjunga
  • Време на започнување Време на започнување
Не е поевтина шиндрата, најскапа е. Најевтината што можев да ја најдам е 410 ден. по квадрат. Плус на тоа додај ги шајките и лепакот, по 250 ден. за двете. Лимот е поевтин.

Што се однесува до трајноста и јас прочитав дека пластифицираниот лим е доста подолготраен и поотпорен на времето (зборам стриктно за тука). На повисоките температури шиндрата се шири и намалува. За битуменската шиндра некои од фирмите кај што разгледував, нудат гаранции од 15 години.
Баш тоа сакав и јас да го спомнам - векот на траење како еден од факторите при изборот на кров. Јас се одлучив за пластифициран лим наместо керамиди или шиндра затоа што е најтраен материјал. Од фирмата која ми ја покриваше куќата ми кажаа дека векот на траење на пластифицираниот лим е 100 години, додека керамидите заради тежината ги искривуваат гредите на кровот и мора да се препокрива за 30 години. Исто и шиндрата, која се распаѓа по извесно време. Тоа, а и цената беа клучни фактори за да се одлучам за лим.
 
Шиндра.
Многу често луѓето од незнаење зборуваат овака или онака. Сеедно.
Еве јас ке споделам мое искуство, некои мои видувања.
Се на овој свет има рок на траење.
Некој ке рече дека лимот е најтраен. Точно, но дали се исто толку трајни и штрафовите со кои е стегнат? Поточно гумичките??? Иако силиконски, со текот на времето тие стануваат како пластика и ги губат своите својства. Тогаш почнуваат вистинските проблеми. Ова најчесто се случува после неколку години, односно после 5 до 7 години, максимум 10.
Некој луѓе од незнаење го препокриваат кровот, а некој користат силикон за да ги затворат дупките. Но најдоброто решение е замена на штрафовите.
Лимот не е баш личен, многу е бучен при врнење. Тоа се некој недостатоци.

Керамидите се тешки, но ако се со добар квалитет траат долго време. Примесите на варовник се причинителот за нивната замена. Најчесто тука пуштаат вода.

Шиндра.
Во скоро цела Канада, крововите се покриени со шиндра. Различни бои, мека, релативно полесна од керамидата, трајност и гаранција од 25 години (за ТЕГОЛА). Кај нас ја има во различни дезени и бои.
За да биде трајна, потребно е да има соодветна подлога. Паропропусна фолија, добро исковани даски или ОСБ плочи, шајки за таа намена, лепак и мајстор кој тоа ке го направи професионално.
На оригиналната Тегола има многу копии, меѓу кои и македонска која се произведува во Св.Николе, односно во БИМ.
Турски, Шпански итн итн се со многу послаб квалитет од оригиналната Тегола.
Оригинална Тегола можете да најдете во складот кај црквата во Ѓорче Петров, односно Дени Комерц. Цената е 460 денари за квадрат и вреди за секој денар.

Мене конкретно куќата ми е покриена со Тегола околу 4 или 5 години. До сега сум немал никаков проблем со протекување или слично.
Единствена маана е тоа што со тек на време, ситните камчиња испаѓаат. Гаранцијата е 25 години. Јас ке бидам среќен да трае и 20, а потоа врз неа може според производителот да се нареди уште еден слој. Така да уште 20 години ке бидам раат. А нема да ми биде нарушен ликот на куќата.

Сега пред некој ден го покривав и летниковецот и се одлучив повторно за оригиналната тегола.
Доколку некој има потреба за мајстор кој си ја познава работата, слободно нека ми се обрати, ке добие бројче.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom