Правна помош

  • Креатор на темата Креатор на темата gox25
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јули 2013
Мислења
22
Поени од реакции
21
Локација
Куманово
Со сопругата сме разведени. За време на бракот купивме стан од 75м2, деловен простор од 25м2 и гаража од 19м2 со пари кои Јас ги заработив за три години работа во Ирак. Таа живее во стан купен од татко и но стан кој целосно ние двајцата го средивме. Јас живеам во новиот стан во кој единствено е средено купатилото, значи станот е несреден. Сега Таа сака да направиме делба на имот при што Таа би земала деловен простор и гаража, а Јас новиот стан, а стварите од другиот стан да и останат нејзе. Јас се повикав на ЗСДСП член 75 став 3, па моето прашање е:
Колку поголем дел од стекнатото можам да добијам на суд?
Да напоменам и тоа дека Јас имам 20 години работен стаж, а таа само 5 години.
 
@gox25
Во врска со станот купен од таткото на поранешната сопруга, се почитува одредбата од член 68, став 1 и 2 од ЗСДСП, но твојот придонес во средувањето на станот секако нема да биде изоставен.

Грубо кажано, при делба на имот кој бил предмет на заедничко сопствеништво на основа на брачен живот, секој од брачните другари пред судот треба да докаже колку и како придонел за заедничкиот имот, негово тековно и поголемо одржување и средување. Во тој правец, сите субјективни и објективни околности се од важност, како што ги наведе - твојата работа во Ирак, долгогодишен работен стаж, состојбата во која моментално се наоѓа имотот, неговата функционалност, опременост, пазарна вредност и тн.

Правно имаш можност да го добиеш сето она што си го заслужил, само да ти напоменам, биди спремен на судска битка во која може да се бориш напорно и за секој 1м2. Подготви ги сите докази (сведоци, документи, фискални сметки или фактури и се што може да биде употребено како доказ) со кои ќе го докажуваш твојот придонес и заслуга за имотот.

Во бракоразводите парници и делбите на имот кои им следуваат не се работи само за делба на имот од материјален аспект, туку во игра влегуваат и силни емоции, а не ретко и желба за одмазда.

Не ја знам вашата ситуација и односот кој го имаш со поранешната сопруга, но генерално се работи за тешка и стресна постапка за која е потребна психичка спремност и правна поддршка. Присуство на адвокат на твоја страна е строго препорачливо.
 
Фала за одговорот, ме интересираше колку изнесува грубо речено тој поголем дел од сопственоста, бидејќи секој адвокат кажува различно, а сакам да имам некоја претстава за тоа, зашто во судот ме прашаа колку барам да биде тој поголем дел. Им реков дека ке се консултирам со адвокат и ке добијат писмен одговор.
 
Фала за одговорот, ме интересираше колку изнесува грубо речено тој поголем дел од сопственоста, бидејќи секој адвокат кажува различно, а сакам да имам некоја претстава за тоа, зашто во судот ме прашаа колку барам да биде тој поголем дел. Им реков дека ке се консултирам со адвокат и ке добијат писмен одговор.

Тоа јас не можам да ти го кажам на памет, верувам дека искусен адвокат по разгледување на документацијата и разговор со тебе ќе може приближно да ти каже за колкав дел се работи бидејќи тоа не зависи од него, туку од тоа колку судот ќе смета дека ти следува.
 
Тоа и ме интересираше, дали некој има такво искуство од судот, бидејќи јас предложив на бившата да земе деловен простор и да и останат сите ствари во станот кај што седи, а ја да земам стан и гаража. но таа сака стриктно пола-пола.
 
По идеална половина секому, а сега Таа сака физичка делба
 
Кој колку допринесувал,толку го следува.

Многу помага ако извадиш листа на стаж а бившата ако несака да приложи ќе мораш на потешкиот начин со судски налог
 
Значи во основа кој да ја земе гаражата а тебе не ти се дава пошто нели ти си црнечел за неа па и за другото ама ексит тоа... не се разбирам во ова но барај искусен адвокат по препораки кој ќе проба да извади повеќе за тебе инаку ќе и судат 50/50 па зависи од станот може ќе треба да и доплатиш за да биде пола/пола физички...
 
Имам извадено листа на стаж, во согласност со Законот за сопственост истиот дозволува да ми се досуди поголем дел на мене од сето заедничко, но во проценти колку е тоа? Не мора да е точно, онака груба оценка заради ориентација. Како што кажав погоре секој адвокат кажува различно.
 
Имам извадено листа на стаж, во согласност со Законот за сопственост истиот дозволува да ми се досуди поголем дел на мене од сето заедничко, но во проценти колку е тоа? Не мора да е точно, онака груба оценка заради ориентација. Како што кажав погоре секој адвокат кажува различно.
Ако ти си работел 20 а таа 5 години така и ќе се дели имотот.
Со добар адвокат и многу пари може да остане и без тоа што ја следува???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom