Просек...

  • Креатор на темата Креатор на темата Mr Effect
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 февруари 2013
Мислења
20
Поени од реакции
3
Возраст
31
Локација
На бања
Денес го добив сведителството (1 година сум во средно гимназиско образовние) и просек ми е 4,93. Ги имав сите оценки 5, само на екстерното добив 4 по Ликовно (што не ми е јасно ни како го добив, сигурен бев дека 5, но сега тоа не е битно).

Дали ќе има врска за кога ќе одам на факултет овој просек...? Што ако имав 5,00 и заради 1 предмет на екстерно добив 4,93? Ми го расипа денот ова баш и сакам сугестии/инфо околу ова... :sick::boksix:
 
Последно уредено:
Скоро и да нема значење. Си изгубил речиси пола бод.
 
Гледај сега, зависи шо факултет сакаш да одеш и дека. Ако сакаш да си доктор може ќе има може ќе нема зависи од успехот шо ќе го постигнеш до четврта + матура, а ако сакаш да си шо знам, програмер, не е страшно.

Јас лично од прва до четврта секоја година минавав со 3. Матура имав 2, 3, 4, 4. Сега студирам Компјутерски Науки на државна квота. Не му се ногу пукај на таа четворка и општо на просекот.
 
Да ама чуството кога цела година си давал голем труд и си бил одличен по сите предмети и на крај заради еден бинго тест не го добиваш заслужениот просек не е баш убаво... :(
 
Да ама чуството кога цела година си давал голем труд и си бил одличен по сите предмети и на крај заради еден бинго тест не го добиваш заслужениот просек не е баш убаво... :(

Нема да ти значи ништо тоа, ни сега за факултет, а понатака ама ич.
Моментално ти е тоа што си незадоволен, али верувај дека нема да ти смени ништо кога ќе видиш какви се ќе се испозапишат на факултет и ќе бидат примени.
 
Денес го добив сведителството (1 година сум во средно гимназиско образовние) и просек ми е 4,93. Ги имав сите оценки 5, само на екстерното добив 4 по Ликовно (што не ми е јасно ни како го добив, сигурен бев дека 5, но сега тоа не е битно).

Дали ќе има врска за кога ќе одам на факултет овој просек...? Што ако имав 5,00 и заради 1 предмет на екстерно добив 4,93? Ми го расипа денот ова баш и сакам сугестии/инфо околу ова... :sick::boksix:
Како можеле денес да ви даваат сведителства кога приговорите за резултатите од екстерно се до утре?
Значи ти можеш да приговараш и утре за оценката по екстерно.
Јас искрено на твое место за инает (а и не мора инает, самиот викаш дека си направил повеќе) би приговорал и би побарал увид на тестот, евентуално да најдеш некоја нелогичност, да приговориш, да ти го одобрат приговорот и после класната ќе ја тераш ново сведителство да ти даде!
И зар ликовно во прва година фигурира за екстерно? Теорија учите повеќе отколку што цртате?
 
Ние во осмо книги имавме по физичко :cool: На татко ми кога му кажав дека треба да купам книга по физичко ми рече „Ако ти требаат пари за излегување кажи ми така“. :ROFLMAO:
 
Ќе поминат години, ќе почнеш другачие да размислуваш и овие 4,93 просек и 4 по ликовно ќе ти бидат толку банална работа во животот, што најверојатно и ќе заборавиш, меѓудругото, ликовно бе, тоа како предмет воопшто не треба ни да се оценува, реално да оценуваа музичко и ликовно ја сега на 25 години ќе си бев петто одделение
 
Ние во осмо книги имавме по физичко :cool: На татко ми кога му кажав дека треба да купам книга по физичко ми рече „Ако ти требаат пари за излегување кажи ми така“. :ROFLMAO:
Леле чоек да бееее нас и по физичко у основно ни извадоа книга, сосема имав заборавено за ова :ROFLMAO:

Што се однесува до темата, како што сите искоментираа, не се замарај, за некоја година ќе заборавиш дека се десило и ништо нема да ти смени. Али и јас сум збунет дека воопшто ликовно оцена добивате, јас кога бев во средно (пред 8 години) по овие предмети (ликовно, музичко и физичко) имавме као „описни оцени“, немаше права оцена што се брои во просекот...
 
Успехот речиси ти е 5,00, така да и нешто многу не ти игра улога. Сепак зависи и што факултет ќе одиш. Но како и да е во денешно време можеш и 5,00 да си, а да не те примат, а некој со просек 2,00 и врски да го примат. Така да немај гајле:)

Да ама чуството кога цела година си давал голем труд и си бил одличен по сите предмети и на крај заради еден бинго тест не го добиваш заслужениот просек не е баш убаво... :(
За да не ја доживувате таа неправда ќе си протестирате се додека не го укинат екстерното:)
 
Јас си реков ќе прашваш како се пресметва просек :D

Имаше едно чупе од Битола статус напишано пред некое време како се пресметва просек на оцените, а матуранка беше...
 
па јас лани ко заврши прва само ликовно имаше 4ка и тоа од професорот не од екстерно

Sent from my 6036Y using Tapatalk
 
Да ама чуството кога цела година си давал голем труд и си бил одличен по сите предмети и на крај заради еден бинго тест не го добиваш заслужениот просек не е баш убаво... :(
Ако се запишеш на факултетот што го сакаш, овој муабет ќе ти биде смешен после тоа.
 
јас се секирав за истото до пред некоја недела и напишав приговор и 2те професорки што придаваат во гимназијата каде што учам направија увид на тестот од екстерното на лице место и најдовме 2 прашања што им беа грешка од таму и вчера отидов по резултати од приговорот .
резултати=приговорот е одбиен а причината ми беше и повеќе од јасна дека има неправилности од нивна страна
Но,еден друг професор од друго средно училиште ме советува многу убаво затоа што бев испаничена (сега цела година сум учела стварно со разбирање дури и повеќе од потребното) и ми кажа дека и сите 4 години во средно да имаш на крај на година по една 4ка не е проблем и дека е најважно да имаш разбирање за одредени предмети кои навистина ги сакаш и ќе успееш.
Па и зошто да се секираш кога тоа било и поминало и не можеш да го смениш.
Сврти ја таа страница и уживај во летото и одмори си го мозокот.
А има и дечиња што скроз сите им се петки (сосе екстерното) па се бубат напамет.Е тиа таквите ги жалам оти стварно се за жалење затоа што откачуваат и се преморуваат и што е најгреотичка ништо не знаат.И што после кога ќе оди на испит ќе ги изваде ли свидетелствата со петките и ќе каже -Еве професоре оав се моите петки од срено.Гледај ниедна 4ка не ги грубе.Ама фино ќе му одговорат дека ако нема кликер тие петките ништо не значат.
Имаш ли слушнато дека најголемите светски научници биле куткани по цели години и оделе прва пак прва ,па после втора пак втора па им немало рамни на крај.
Совет плус-сконцентрирај се максимално на летото сега а после од 1ви септември на тоа што најмногу ти оде оти сега само главата ќе те боле од празни мисли.:)[DOUBLEPOST=1436103069][/DOUBLEPOST]
Успехот речиси ти е 5,00, така да и нешто многу не ти игра улога. Сепак зависи и што факултет ќе одиш. Но како и да е во денешно време можеш и 5,00 да си, а да не те примат, а некој со просек 2,00 и врски да го примат. Така да немај гајле:)

За да не ја доживувате таа неправда ќе си протестирате се додека не го укинат екстерното:)
матурата математика ја укинаа колку што слушнав на вестите случајно но само за оваа година благодарение на протестите или гешка сум ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom