Skypicker

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.114
Поени од реакции
1.398
Локација
Скопје
Решив да отворам нова тема пошто незнам дали некој го знае сајтов. Во принцип ова е многу добра алатка за пребарување летови по исклучиво low cost компании. Ги вклучува Визер, Рајанер итн. Јас букирав карта за Фридрихшафен или како и да е за 11 евра. Сајтот ми го кажа еден пријател па решив да споделам со сите вас. Ова е многу добра опција затоа што прави conecting flights со повеќе low cost компании и летовите се багатела.

https://en.skypicker.com/
 
Фино што си резервирал карта за 11 евра у еден правец. Ама виде за враќање колку ќе те кошта карта?
 
Интересно, сепак не ми излегува есапот. За ВизЕр е поефтино да си идеш преку нивната страна и да си платиш годишна чланарина за попуст.
 
Интересно, сепак не ми излегува есапот. За ВизЕр е поефтино да си идеш преку нивната страна и да си платиш годишна чланарина за попуст.

Тука не дека секогаш се поефтини картите но во поголем дел случаи да. Поефтини се да речеме варјанти кога имаш 2 лета до некаде или кога гледаш од Софија или Солун.
 
Ниту еден лет кој постои како опција од Скопје до негде преку ВизЕр не е поефтин преку ова СкајПикер. Дополнително е попустот од 20%на ВизЕр со клуб картичка.
Вчера баш си играв и барав интересни летови до некои дестинации за наредниот и понареднот викенд ама ништо конкретно не најдов. Едниот правец секако беше регулар цена, дури пробав и да најдам лет за назад од соседна метропола, ама не најдов нешто ефтино. Ќе си поиграм пак деновиве, па ако има нешто ќе споделам.
 
Сега баш ги гледав цените, пример ова е добро пошто да речеме кога ќе кликнеш да речеме Лубек, ти ги дава по дати кога се цените најниски. Ако ја внесеш датата и на Виз сајтот исто ти ја дава. Фактички ти доаѓа како Low Cost календар. Е сега добра работа е да речеме кликаш Рига. Ми дава карти по 32 евра за натаму и околу 57 евра за назад. Кога порано се наоѓало за 100 тина евра до Рига? Никогаш
Има интересни комбинации, како што кажа дава добри цени за такви подалечни места
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom