Keeway скутери мислења и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата brzi82
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 декември 2009
Мислења
292
Поени од реакции
103
Не најдов тема за keeway па затоа отворив нова. Сакам да купам скутерче keeway fact evo 50cc па ме интересира што мислење имате за keeway скутерите дали се докажани,какви се со квалитет и се друго? Од овие што веќе ги имаат слушам дека биле добри ама сакам повеќе мослења од вас :)
 
Јас го имам Кивеј ф-акт еве веќе 7 години презадоволен сум. Освен едниот фар лани шо ми прегоре и гума еднаш шо ми се има дупнато друг дефект фала богу немал. Ептен ми се погоди, за летно време низ град екстра e :D
 
Се е до тоа како го чуваш. Исто смешни ми се муабетите кинески моторчиња не држат многу. Ене глеам, 22.000 пројдов со еден ремонт на 14.000 ( по моја вина, признавам не сменив уље на време :) ) и еве ден денес пали вози без мака редовно уље менување само бара и каиш маиш ако скине евентуално тоа и пластиките на некои места што ми се напукнати. Кинеските се одлични какво и да земеш било Кивеј, било Гланц (ко шо иам јас), било Хамачи... :)

@brzi82 мој совет само барај си 4 тактна машина, 2-ките ко муви се :)
 
Ова јас што го сакам е 2 тактен,викаат за ептен малку повеќе троши ама многу е побрз постартен од 4 тактен.
@Kasabian твоето е 2 или 4 тактен? Како е со потрошња? Економичен е?
 
Ова јас што го сакам е 2 тактен,викаат за ептен малку повеќе троши ама многу е побрз постартен од 4 тактен.
@Kasabian твоето е 2 или 4 тактен? Како е со потрошња? Економичен е?
И јас имав кивеј ф-акт рејсинг нов од салон и ф-акт нејкед со малоси делови и џијанели ама тој не беше добро искомбиниран ...
стандард ф-акт 2Т трошеше околу 4л ... сега имам кимко супер 8 - 4Т тој ми троши 2 - 2.5л
точно дека 2Т се постартни од 4Т ама па повеќе трошат и друг звук има се е различно, маслото го меша а кај 4Т го менуваш на поминати км.
сум имал првиот скутер ми беше кинез, така да со квалитет можам да кажам дека се помеѓу кинеските и помеѓу кимко/сим ... тука негде се и со цената така да тоа е тоа
друго нешто ако те интересира пиши
 
Па за тоа ми беше за квалитет како се и потрошувачка,дали толку драстично повеќе трошат тие што се 2 тактни..
 
Ова јас што го сакам е 2 тактен,викаат за ептен малку повеќе троши ама многу е побрз постартен од 4 тактен.
@Kasabian твоето е 2 или 4 тактен? Како е со потрошња? Економичен е?

Двотактен е, и стварно мала потрошња има, да не те лажам ама не знам колку му е точно. Веруј дека за 100че ставам и се отепувам од возење :D
 
Па за тоа ми беше за квалитет како се и потрошувачка,дали толку драстично повеќе трошат тие што се 2 тактни..

Од аспект на квалитет земај 4 тактна и не се мисли. Нема да зажалиш верувај :) А разлика во цена нема богзнае колкава...
Околу потрошувачка на гориво, мојот е 80 кубици (ремонт му е правено ко шо кажав) и троши 3 3.5 на 100. Исто трошеше и додека ми беше 50-ка. Може звучи безвезе муабетов, и мене не ми се веруваше али ставив 3 кила точно и на околу 90 90 и нешто км поминати ми угаси, буквално до задња капка го возев.
 
Имав Кивеј Хурикен 5 години, и поминав 18, 000км без ремонт. Само филтер и ролни сменив. Со татко ми го отворивме и модифициравм ауспухот. Машина немам чепнато ништо, само стави уље и бензин и вози. Презадоволен сум, ама ми пројде меракот на скутерче и го шитнав на еден дечко што уште го вози и има 20к км и уште нема ремонт правено, значи коска се.
Али трошат бајаги, стандард 3 литра до 3 ипол пошто моево беше со модифициран ауспух, спортски филтер трошеше и до 4 литри ама беше и сеуште е змај.
 
Па добро 3-3,5 и не е многу толку трошат скоро сите јас мислам просек некаде. Keeway велат вака колку што сум слушал од луѓе дека се далеку поквалитетни од тие обичните кинески моторчиња како хамачи и другите некои...
 
Ако е цел стандард и ако е се во ред таа потрошувачка ќе ти ја извади околу 3.5л
секако дека се поквалитетни од кинеските хамачи-маријачи
 
Имам 2 кивеј хурикане 50цц. Скутери без мана за летно време топ,влечат одлично,брзината на поцетокот 80 дизаше сга е на 75 имат поминено едниот 9000км другиот 10400км. 2 тактни нечпкани ништо у машините само квалитетно уље и бензин се става и се вози. Тај со 10400км сменено само филтер за воздух,предна сијалица за светло и задна гума поради пуцање. Ја сам задоволен,со културно одржавање нема да имаш никакв проблем. За потрошња на гориво не сам мерил, али мислим дека 2т нема под 2.5-3л да троши со посечно возење(ако го возиш пензионерски 30км/х ке ти троши малку). Мала мана за мене лично е тој што малку ми е мал скутерот за мојата висина 189 цм.Изборот е твој сепак.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom