Изучување на странски јазици од вашиот компјутер или смартфон

  • Креатор на темата Креатор на темата INFECTED
  • Време на започнување Време на започнување
I

INFECTED

Гостин
Здраво на сите. Барав слична тема но доколку постои се извинувам што правам нова.
Она што ми треба а мислам дека секому би му се нашло пошто и онака сите имаме тро слободно време низ деновите, е изучување странски јазици. Две работи ни се потребни, волја и материјал (тетратка, пенкало, пдф и мп3). Засега, сретнав нешто како асимил програмите,нешто како book2 сајтот, некои слични сајтови и се соочив со тон забуни. Дали ќе има ефект учење од тие извори и према некое непишано правило од форумите као слушање песни читање книги со аудио поддршка на јазикот кој го учиш итн, тоа не знам и барам помош од членовите упатени подобро од мене на тоа поле.
Замолувам, доколку имате некој предлог или идеа околу побрзо и полесно изучување на странски јазик и зајакнување на истиот, пишете тука.
Тенкју мерси унд данке :cool:
 
https://www.duolingo.com/

Learn a language for free. Forever.

1466122_671527686224737_519891037_n.png

Има и апликации за iOS, Android и Windows Phone :)

duolingo_screenshots.png

Јазици кои се изучуваат :

12.png
 
Јас користам Rosetta Stone TOTALe, како што ти пишаа и во вториот пост, и топло ти ја препорачувам. Многу е едноставна за работа и ефикасна.
 
Ако има некоја добра страна за изучување на Англиски нека постира тука.
 
Дечки фала ви но, она што барам е нешто слично на сајтот http://www.goethe-verlag.com/book2/MK/ заради тоа што сум нонстоп во движење розетстоун и долинго се малце понапред од она што јас го можам со англискиот, ма да розетстоун со говорните вежби и долинго со игриците се многу забавни и интересни....
За Assimil програмите што ќе кажете? Може нешто да се научи од нив?
Еве уште една страна за будуќи полиглоти ко мене http://50languages.com/ :cool:
 
Assimil програмата е навистина одлична и ефикасна. Многу, многу покомплетна од дуолинго и розета (сепак би го препорачал дуолинго за апсолутен почетник пред ассимил. Розета е губење време).

Обично трае околу 6 месеца ако ја работиш како што треба (пасивна + активна фаза). На почетокот - во пасивната фаза - една лекција трае околу половина час, а кога ќе стигнеш до активната фаза за старите лекции (+пасивна за новите лекции) ќе ти одзема околу 1.5 часа дневно.

Иако целата поента на ассимил е да се учи на природен пат и да се избегнува граматиката, би ти препорачал напоредно да одиш и на курс или самостојно да учиш граматика. На тој начин многу побрзо ќе се склопат работите.

Ако внимателно и макотрпно го поминеш ассимил курсот (активната фаза е најважна), ќе стигнеш до некое ниво каде што можеш да правиш некој основен, секојдневен разговор. Со малку пелчетење, се разбира. :)

После тоа, за да го зголемиш вокабуларот, продолжи со читање на graded readers за твоето ниво (можеш да ги најдеш бесплатно на торент сајтови). Тоа се или постоечки приказни/новели кои се преработени за да имаат поедноставен вокабулар или се напишани специјално за учење јазик.

Како што ќе ти се зголемува вокабуларот ќе читаш graded readers од се повисоко ниво се додека не стигнеш до нивото да можеш да читаш весници, па потоа и обични книги. Цело време ќе ја користиш и граматиката (не мора да ја „учиш“, тоа треба само во првите неколку месеци за да добиеш основа. Сега само ќе ја користиш да разјасниш нешто ако не ти е јасно).

Се разбира, ќе слушаш и музика, гледаш телевизија итн на јазикот кој го учиш.
 
Последно уредено:

Музика, телевизија филмови тоа да. Музика веќе слушам, оние за вежбање вилица од book2 и 50languages истотака се одлични, слушалици в уши и терам ко чаки :D значи со асимил може да се оди до некое ниво, а? Инаку имам асимил за англиски (бритиш, сакам да најдам амерички ама курац), шпански, германски, италјански и француски. Не знам правилата тука што велат, дали е дозволено да си разменуваме општокорисни фајлови. Еве ја би англиски ама US не бритиш.
 
Тоа е најмал проблем, верувај. Не прави ама апсолутно никаква разлика. Ти само почни да учиш. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom