Alexa - Колку е веродостојна за рангирање на македонските сајтови?

  • Креатор на темата Креатор на темата Јефто
  • Време на започнување Време на започнување

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308
Возраст
29
Локација
Скопје, Македонија
Веб-сајт
www.twitter.com
Горе-доле сите знаеме што е и како функционира alexa.
Еден период имаше и голема фама (ако не се лажам) околу овој сајт и неговото рангирање.
Искрено јас не ја сметам (како и некои други) за веродостојна од многу причини, меѓу кои ќе набројам неколку: за едни е мајка, за други е маќеа заради принципот со наплати кој го имаат воведено, односно подобро рангирање доколку се плати; а другата причина што ми текнува во моментот е затоа што alexa во Македонија ги пресметува и странските интернет страници, со што според мене лично (а верувам и многумина други) и не е добро. Доколку во рангирањето за Македонија не влегуваа странските сајтови, туку само тие што се македонски, односно од Македонија, тогаш можеби ќе има пореална слика.
Какво е вашето мислење, дали се сложувате со моите мислења погоре?
 
Со Alexa може многу лесно да се манипулира, посебно со сајтови кои опфаќаат помала таргет група, како нас.
 
Со Alexa може многу лесно да се манипулира, посебно со сајтови кои опфаќаат помала таргет група, како нас.
На еден друг форум еден кажа: „alexa ти е како во македонија со партиските книшки, ако платиш (имаш книшка), ќе биде во топ10 (ќе бидеш на врвот)“. Морам да признаам дека се сложувам.
Не знам зошто, но премногу луѓе го земаат како релевантен сајт, секако додека се во топ500, а во случај да испаднат воопшто не го споменуваат :)
 
Горе-доле сите знаеме што е и како функционира alexa.
Еден период имаше и голема фама (ако не се лажам) околу овој сајт и неговото рангирање.
Искрено јас не ја сметам (како и некои други) за веродостојна од многу причини, меѓу кои ќе набројам неколку: за едни е мајка, за други е маќеа заради принципот со наплати кој го имаат воведено, односно подобро рангирање доколку се плати; а другата причина што ми текнува во моментот е затоа што alexa во Македонија ги пресметува и странските интернет страници, со што според мене лично (а верувам и многумина други) и не е добро. Доколку во рангирањето за Македонија не влегуваа странските сајтови, туку само тие што се македонски, односно од Македонија, тогаш можеби ќе има пореална слика.
Какво е вашето мислење, дали се сложувате со моите мислења погоре?
Ме интересира дали си сигурен дека плаќањето за попрецизни анализи за твојот сајт, дека автоматски значи и подобро рангирање.

Ако е така уште денес ќе платам :)
 
Ме интересира дали си сигурен дека плаќањето за попрецизни анализи за твојот сајт, дека автоматски значи и подобро рангирање.

Ако е така уште денес ќе платам :)
Па искрено не сум 100% сигурен, но знам дека имаше голема фама околу тоа дека сајтовите што плаќаат таму се подобро рангирани од тие што не се сертифицирани и тие што не се платени.

Подобро е да се вклучи некој што има поголемо искуство со ова во дискусијата, бидејќи јас мојот сајт го немам платено на alexa :)
 
Ако платиш добиваш код кој треба да биде поставен на сите страни (исто како и Гугл Аналитикс и Гемиус) и затоа сертифицираните сајтови имаат подобар ранк во однос на несертифицираните. Како рангираат може да прочиташ кај нив на сајт - посети плус pageviews или нешто така беше. Колку маркетинг агенциите кај нас се водат веќе до тоа рангирање е прашање. И Гемиус кој требаше да биде официјален мерач почна да се покажува како промашен проект. Првата година беше бесплатен после измислија плаќање по број на импресии. Почетна сума беше некои 50 евра. Тешко кај нас да успее еден мерач затоа што првин маркетинг агенциите треба да се договорат што ќе прифатат како аналитика а што не.
 
а има некој сајт кој што дава прецизни информации кој не подлежат на манипулации? Мислам генерално за цел свет.Молам за одговор ако некој знае.
 
а има некој сајт кој што дава прецизни информации кој не подлежат на манипулации? Мислам генерално за цел свет.Молам за одговор ако некој знае.
Според мене тешко :(
Како што рекоа и погоре, горе-доле сите се подложни на манипулации, ако на стартот, за некоја година од почетокот сигурно.
 
Ако сајтот се нема претплатено на Alexa, се бројат посетите само на тие што имаат инсталирано Alexa toolbar. Барем така беше порано.

Колку од вас го имаат инсталирано? :)

И ранкингот на Alexa со ранкингот на Google немаат многу допирни точки.
 
Alexa рангира според алгоритамот: Број на посети за тековниот ден во сооднос со посетите од претходните 3 месеци. Ова го пишува на балончето кое што се појавува кога ќе застанете со стрелката на прашалникот веднаш до ранкот. Значи бројката секогаш драстично варира бидејќи во еден ден се случува да имаш само 1000 или помалку посети а другиот да рипнат на неколку десетици илјади.
Е сега дека има корупција, има. :) Плати па клати, како кај сите така и кај нив. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom