Учебници по Физика (ПМФ)

  • Креатор на темата Креатор на темата elena77
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 април 2015
Мислења
6
Поени од реакции
17
Возраст
32
Добар ден на сите,

Дали некој од вас знае каде би можела да ги набавам учебниците (скриптите) по физика од Факултет по Физика на ПМФ?

Идејата ми е да си читам (од хоби), без да би била студент на факултетот. Доста ми е еден факултет по инжинерство, а испити пак полагање (дупол стрес) на крај на памет. :D

Фала однапред,
Елена
 
Учебниците можеш да ги купиш на факултетот, кога ќе влезеш од стариот влез на факултетот, одма од левата страна имаш нешто како продавничка. Скриптите ги имаше во копирницте во подвожнакот кај континентал. Таму имаше примероци, само треба да си кажеш која ја сакаш. Барем така беше пред 10 години.
 
Фала на одговорот Jolene.

Претставувам не се сменило од тогаш.
 
Не, во самата зграда на ПМФ нема да најдеш учебници (освен во библиотеки).
Многу малку се учебниците кои како такви можеш да си ги купиш. Студентите учат од копирани учебници кои најчесто ги има во 1 примерок кај професорот. Физичари копираат во Маркант во подвожнакот, таму можеш да ги најдеш сите учебници што ги имаат копирано студентите (секако ако тие ги чуваат).
За учење читање физика и не ти се неопходни. Симни си Physics for scientists and engineers од Serway и имаш се што ти треба.
 
За учење читање физика и не ти се неопходни. Симни си Physics for scientists and engineers од Serway и имаш се што ти треба.


Фала на одговорот The Edge^.

Гледај само, мојата идеја беше/е друга: Да ги поминам сите материјали / скрипти кои се изучуваат во текот на четирите години на физика кај нас, без да одам на часови/испити. Во кратко: не ми треба (втора) диплома од факултет, само знаењето.

Од друга страна, од книги како Physics for scientists and engineers, University Physics with Modern Physics, и слично не ми се доволни. Од таквите книги спремав во четврта година средно и на прва година факултет испити. Ми треба нешто по различно од тоа, а и нешто на наш јазик напишано, пошто во последниве 7 години скоро се што читам/читав е/беше на англиски/германски. И да има повеќе теоретско во нив, повеќе интеграли, дивергенти, повеќе математика и потење него во горенаведените книги.

Друго нешто: Дали мислите дека ако би контактирала директно професор/декан од факултетот, истиот би бил/била спремна да ми даде листа на книги кои се препорачани во четирите години?

(Корекција) На веб-страната на факултетот, за секој предмет, има најдоле „Задолжителна литература„. Можеби тоа може да помогне. Во моментов страната не им е активна, но преку Wayback Machine-ата на archive.org може да се види.

Поздрав
 
Последно уредено:
Да во главно таа литература што е наведена таму е онаа од која учат студентите, така да немаш потреба да ги контактираш и тие истото ќе ти го кажат. Ти реков како можеш да најдеш некои книги од студентите. На македонски и нема многу материјал.
 
Од она што го спомена дека ти треба, јас го учев на српско-хрватски. Незнам дали има македонски превод. Така да исто ти е :).
А ако ти треба знаење, незнам баш и колку ќе го добиеш од осакатените скрипти.
 
Ти реков како можеш да најдеш некои книги од студентите. На македонски и нема многу материјал.

Да, фала ти. Чим се вратам во мк, ќе појдам и изнакупам се што ми треба за мојов т.н. "експеримент". :)[DOUBLEPOST=1429376159][/DOUBLEPOST]
Од она што го спомена дека ти треба, јас го учев на српско-хрватски. Незнам дали има македонски превод. Така да исто ти е :).
А ако ти треба знаење, незнам баш и колку ќе го добиеш од осакатените скрипти.

Да се надеваме дека и професорите во последниве години поработиле малку на случајот - превод - подобрување на скриптите. :)

Фала ви и на двајцата за помошта. (y)
 
Последно уредено:
damn GIRL! Луѓе плачат да не ги учат тие матријали ти сакаш онака од хоби да си прелисташ.
Едно големо браво и подршка за идејата... Само би ти препорачал да си изучуваш нешто друго штом веќе сакаш да си студираш онака од хоби , ете на пример можеш социјален инжинеринг.. со тоа би можела да помогнеш наоколу на светот и луѓето во него. :)
 
damn GIRL! Луѓе плачат да не ги учат тие матријали ти сакаш онака од хоби да си прелисташ.
Едно големо браво и подршка за идејата... :)

Фала за подршката, ќе биде забавно дали повеќе грешки во скрптите или знаење ќе наоѓам. ;) Се шалам. Поентата ми е да ги поминам сите работи кои се изучуваат во четирите години на физика кај нас во најбрз можен рок, нормално со разбирање, не само да ги извртам страниците за ден два. :)

Само би ти препорачал да си изучуваш нешто друго штом веќе сакаш да си студираш онака од хоби , ете на пример можеш социјален инжинеринг.. со тоа би можела да помогнеш наоколу на светот и луѓето во него. :)

Нека го направам експериментчево, па после ќе видиме како ќе го аплицираме и него и инжинерството до сега што се собирало. Желбата да учам теоретска физика ми остана уште кога почнав на факс, па сакам сега после факсов да ја исполнам, на нашки јазик. Нормално на крајот сето тоа е за да може да придонесам во опшеството околу мене, иначе џабе „мачењето„. ;)
 
Може ли ренгенските зраци да предизвикаат фотоефект ако наидат на метална препрека?Фала однапред.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom