И Македонија се изјасни за Турски тек

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.640
Поени од реакции
27.598
Чекор понатаму, официјална средба на министерско ниво, тоа значи официјално почнуваат преговори.



http://meta.mk/i-makedonija-se-izjasni-za-turski-tek/

Будимпешта, 7 април, 2015 (META)

Македонија, Грција, Унгарија, Србија и Турција изразија согласност со идејата за гасовод кој преку Турција ќе пренесува гас кон Југоисточна и кон Централна Европа.


Во заедничката декларација од денешниот состанок на министрите за надворешни работи на Македонија, Грција и на Србија, премиерот на Унгарија и на министерот за европски прашања на Турција се наведува дека петте држави ја поддржуваат идејата за комерцијално одржливa опција за да се зголемат изворите за пренос на природен гас од Турција кон Југоисточна и кон Централна Европа, како и кон други држави од ЕУ.


Во декларацијата се наведува дека енергетската соработка ќе помогне за благосостојба на граѓаните, ќе им помогне на индустриите, но и ќе има клучна улога во подобрување на меѓусоседските односи меѓу петте држави низ кои би поминувал новиот гасовод „Турски тек“ кој не е директно споменат во текстот.


Се споменува дека секоја од државите очекува дека ваков нов гасовод би помогнал да се поддржи националната економија, да се донесат нови странски инвеститори, а се забележува и дека се земени предвид и улогата на европските фондови за развој на инфраструктурни проекти во Југоисточна и во Централна Европа.


Петорицата учесници забележуваат дека оваа декларација е израз само на политичката волја за нов гасовод и би требало да се развие и да се продолжи со уште подетална дебата и дијалог за да се договорат конкретни детали и прашања за потенцијалниот гасовод кој преку Турција ќе пренесува гас кон Балканот и кон ЕУ.
 
Најверојатно уште непочнат оде потокот во историјата. Шо праиме сега со цефките од нашиов гасовод кај Клечовце? Вода ќе си претураме или може за транспорт на ракија и млеко да го користиме.
 
До цевките ти дојде?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom