Работа од соништата што сте успеале да ја изгубите или да не ја добиете

  • Креатор на темата Креатор на темата moni_moja
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа се тие моменти кога сфаќаш дека во животот не можеш да добиеш се што сакаш.
Ќе има полно работни места кои ги сакаш и за кои ќе аплицираш и за кои нема да добиеш повратен одговор или пак нема да те изберат тебе.
Колку и да работиш напорно и дадеш се од себе, некогаш некој ќе го направи тоа подобро. Некогаш некој ќе има повеќе познанства и подобри врски. Некогаш едноставно ќе мислат дека некој друг е посоодветен, а некогаш партиската книшка или недостатокот од истата ќе си го направи своето (ова последново е за државава). Некогаш кога ти ќе ја добиеш работата која ја сакаш, запомни дека имало и други кои дале се од себе и кои мислеле дека биле најдобри и дека најмногу ја сакале работата, ама ете ти си ја добила можноста. Круг е тоа. И тој секогаш се врти.
И тоа се лекции кои се учат за животот, кои те учат дека некогаш најдоброто не е доволно и дека треба да биде уште подобро.
И нема лутиш и нема разочарувања. На почетокот се разбира ќе се разочаруваш, ама со тек на време сфаќаш дека тоа се составни делови од животот и ќе ги поднесуваш многу похрабро, без разочарувања.
Ваквите работи помагаат човек да сфати дека секогаш, за се, треба да го посакува најдоброто, но да го очекува најлошото. И многу поедноставен ќе му биде животот.
Во животот нема секогаш да го добиеш тоа што го сакаш. И тоа е сосема океј. Одбивањата се составен дел од животот и колку порано го научи тоа човек, толку поубаво ќе му биде.

Тотално си офтопик, модераторке.
 
Тотално си офтопик, модераторке.
Не сум, зборев од лично искуство и што значело тоа за мене. Тоа што не ги наведов работите за кои сум аплицирала, не значи дека сум оф-топик.
Зборував од аспект на тоа што произлегло од тоа што не сум добила некоја работа која сум ја посакувала. А во иднина кога сметаш дека некое мислење е оф-топик, пријави го, затоа што со коментарот дека некој е оф-топик, ти сама одиш оф-топик.
 
Искуство на еден мој колега. Завршува машински факултет, на енергетска насока, конкурира на оглас за работа за ветерниците во Богданци, после голем број на интервјуа и тестирања успева да ја добие работата. Одлична плата, теренски додатоци, работа со професионалци од Данска, интензивна обука, се што може да посака еден инженер. Завршува изградбата, заминуваат данците, треба да останат луѓе за одржување, и наместо него, земаат локал плакати-бојс од регионот :mad: :facepalm: :facepalm: :facepalm:
 
Пред година дена во Скопје со плата 45.000 , платен стан , само сметки да плаќам. Работата беше добиена , али британецот се повлече во последен момент и останав јас и плус други двајца момци со тоа во рацете. Работата беше теренска , и изгубивме 3 месеци по курсеви и обуки.

Али повеќе би го нарекол како добра прилика што не се реализираше за жал , далеку од работа од соништата. Сега готвам бизнис план за нешто големо , и ако успеам барем 50 % да реализирам од замисленото ќе биде дефинитивно работа од соништата. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom