Библиотеките во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Се изненадив кога видов дека нема ваква тема во овој подфорум. :)

Темава ја замислувам како место каде секој ќе раскаже искуство од библиотеките во неговиот град. Колку ги има, какви се, дали сте зачленете во некоја и дали сте задоволни од понудата.

Оние кои се во Скопје која библиотека мислите дека е најдобра?

За библиотеките и новостите, размена на мислења, прашања, информации и слично. :)
 
Библиотеката во Кочани - премногу книги премалку простор
Сместена е во зградата што била порано поштата, и иако е искористен секој можен простор, сепак стојат со кутии и кутии книги од кој ти знае кој период.
Веќе некои дела што кхм кхм биле свето писмо у еден период сега се во кутии собрани и во подруми или исфрлени (поима неам).

Инаку ова со проектов на владата, некна дознав нешто прилично интересно.

Со преводот на стручните книги, освен македонски мора да има превод и на албански, поточно, во секоја установа кај што се носат овие преведените книги мора да има исто и македонски и на албански. Со тоа што ако пример има 8 Патологии од Робинс, мора да има и 8 Патологии од Робинс на албански,а во Кочани шо се вика нема ни толку албанци, а не пак да студираат на факултетот кај нас (економски факултет, пошо штипјанчиња од љубомора ни го зедоа правниот).

Стручната литература се чува во таванот (кој беше реновиран и искористен како нов простор), и можам да кажам освен јас и уште некоја будала, книгите не се буквално допрени. Купишта и купишта стручна литература веќе почнала да фаќа прав и пајажина.

Во врска со кадарот ... фала богу шо сум со некои како газ и гаќи па можам и по неколку месеци кај мене да си чувам книги од стручна литература (не дека некој друг ги бара, пошо има по неколку примероци, и скоро никој не ги ни бара), ми даваат и книги кои не се обработени а ми се потребни, и нормално ги враќам пошо не сум гад и иам свест.
И сум член на литературниот клуб иако се жив неам појавено 4 години веќе :))

Инаку, нешто што навистина ме растажи е следното.
Во Кочани, во еден гигант - АД АТОМ - порано имаше библиотека (огромна со неколку илјадници книги). Со пропаѓањето на гигантот, пропадна и библиотеката. Инвентоарот испокршен, книгите кои однесени, кои испокинати, измочани, палени, шарани со спреј... И ова е тоа што остана.
Кога ќе дојде време книгите да се уништуваат, се знае дека народот е говедо.

Шо ви имат згрешено книгите....
 

Attachments

  • 11034244_1811573665735261_483138532322805583_n.jpg
    11034244_1811573665735261_483138532322805583_n.jpg
    91,3 KB · Прегледи: 80
Во Валандово има една и единствена градска библиотека, сместена во домот на културата „25ти мај„ во Валандово кој се наоѓа веднаш под центарот на градот (улица подолу). Има доста простор и сместени се доста книги, нормално пристигнуваат и нови. Зачленет сум и редовно земам книги од таа библиотека. Зачленувањето е 200 денари годишно.

Има и две помали библиотеки, една во основно, друга во средно но тие се веројатно само за учениците :)
 
Зачленета сум во Браќа Миладиновци (не во главната, туку во таа што се наоѓа во околината кај зградата на УЈП) од многу одамна, веројатно уште од основно. Немам навика да купувам книги, многу поекономично ми е од библиотека да си земам.

Има доста избор, секогаш може да се најде нешто по вкус, ама недостаток им е што немаат нови книги, пример од последниве три-четири години. Колку пати сум отишла со листа на понови книги и никогаш немале ни една.o_O По правило треба да наплаќаат казни за секое задржување на книги повеќе од 15 дена, ама јас сум ги задржувала и по месец дена, па не ми направиле никаков проблем. (y)

Сфаќам дека има премногу книги и дека не може да се памтат сите содржини, ама мислам дека треба повеќе да се информираат вработените, чисто за да помагаат при изборот на книги кога се има потреба за тоа. :D
 
Инаку, нешто што навистина ме растажи е следното.
Во Кочани, во еден гигант - АД АТОМ - порано имаше библиотека (огромна со неколку илјадници книги). Со пропаѓањето на гигантот, пропадна и библиотеката. Инвентоарот испокршен, книгите кои однесени, кои испокинати, измочани, палени, шарани со спреј... И ова е тоа што остана.
Кога ќе дојде време книгите да се уништуваат, се знае дека народот е говедо.

Шо ви имат згрешено книгите....

Може ли да одам до таму и да си земам нешто ако ме интересира ?
 
Сум бил еднаш или два пати зачленет во библиотека (и тоа поодамна) и тоа во истата од проста причина што не сум нешто многу по читањето книги.

Тоа беше библиотеката Кирил Пејчиновиќ и за таа библиотека морам да кажжам дека е скромно уредена, но кога ќе влезеш во неа ти се појавува едно прекрасно чувство кое ти вика земи ја книгата и прочитај ја. Во самата библиотека владее некоја посебна атмосфера која ја немам видено во другите библиотеки.

И го обожавам оној мирис кој се ствара од книгите во библиотеката:)
 
Во Битола си ја имаме Градската Универзитетска библиотека ,,Климент Охридски'' што има навистина добри книги (стручни и било какви други) вредни книги, ама најновата добра копија датира од '85-'95. Причината е таа што на библиотеката и се потребни повеќе читатели и инвестира во овие новите љубовни романи. Кога ќе запрашаш што би ти препорачале, тие ти препорачуваат нешто од типот на Белешките на Лајна Грејс. Оваа библиотека е лоцирана во центарот на градот над Домот (Центарот) на културата во близина на училиштето Гоце Делчев.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom