Грешки во работењето и нивно исправање

  • Креатор на темата Креатор на темата vevemac
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 март 2015
Мислења
5
Поени од реакции
0
Возраст
35
„Кој работи тој греши“ така си се тешиме секогаш кога ќе направиме грешка во работата, меѓутоа кога некој ќе згреши треба да си ја поправи грешката доколку е тоа можно. Оваа група треба да служи за да си помогнеме, ако се иправа грешката, а ако не барем да споделиме со другите ;)
 
Прво јас да си прашам - Што кога ќе платиш пари на погрешна жиро сметка, а газдата не сака да ти ги врати?
 
Контактирај ја банката
 
Што кога ќе платиш пари на погрешна жиро сметка, а газдата не сака да ти ги врати?

Ако примателот на парите сеуште не ги подигнал парите имаш шанси преку банката да си ги повратиш. Ако ги подигнал тогаш опрости се од парите.
 
Контактирај ја банката
Ако примателот на парите сеуште не ги подигнал парите имаш шанси преку банката да си ги повратиш. Ако ги подигнал тогаш опрости се од парите.
Не се подигнати ама банката вика дека не може да среди[DOUBLEPOST=1426323229][/DOUBLEPOST]
Не се подигнати ама банката вика дека не може да среди
А и мене не ми е логично, колку случаи има кога ќе си видат на трансакциска повеќе пари, и за 5мин. ги нема, значи банката може да си ги повлече така, а сега не може
 
Мене па не ми е логично како може на грешна трансакциона сметка да уплатиш пари кога бројот на сметка, името на примачот се точни?

Доколку се работи за твоја грешка т.е. си ги уплатила парите на погрешен примач.
Значи на своју како да кажу вољу, ризик јак и мила душа и да "погинеш" колку можеш ќе се спасиш. :popce:
 
Последно уредено:
Не се подигнати ама банката вика дека не може да среди

Опиши повеќе што точно се случило, што утнале при уплатата.
Пред десетина години и јас имав ист случај ко твојот, на уплатницата напишале мое име и презиме и ембг, а утнале една бројка на сметката и парите кај некој си Спиро. Отидов во банката заедно со уплатувачот, објаснивме што се случило и без проблем ми ги префрлија парите од сметката на дотичниот Спиро на мојата.
 
Вака, не е утнато бројче од сметката, туку парите се префрлени на фирма со исто име како таа кај што треба да отидат само во различен град е. Цела сметка е утната. Тоа е проблемот. Ама мене ми треба во случајов за судски процес, што би можело да помогне и дали има шанси да се докаже и да добиеш или немаш сметка да се акаш со години по судови
 
Цела сметка е утната. Тоа е проблемот.

Жал ми е, ама според пишаново шансите да си ги вратиш парите се минимални, да не речам непостоечки.
 
Вака, не е утнато бројче од сметката, туку парите се префрлени на фирма со исто име како таа кај што треба да отидат само во различен град е. Цела сметка е утната. Тоа е проблемот. Ама мене ми треба во случајов за судски процес, што би можело да помогне и дали има шанси да се докаже и да добиеш или немаш сметка да се акаш со години по судови
Ако сметката ти била точна со самото нејзино внесување излегува името на фирмата и градот и одговорност треба да бараш од слжбеничката што внесувала податоци.
За враќање на парите ако веќе легнале на семетката само добра воља од потписникот ако не конење до 7мо колено
 
не сакав да отварам тема, имам само прашање каде може да најдам Износ на дневница за службено патување во државата? За облог ми е
 
@elnino83
http://www.amerit.org.mk/component/content/article/38-novosti/763-dnevnici
Дневници за службени патувања

Петок, 16 Јануари 2015 14:48

10945_2_lorry.jpg

Ве известуваме дека согласно измените и дополнувањата на Уредбата за издатоците за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци ("Службен весник на РМ" бр.90/14) од 1 јануари 2015 година, дневниците за службени патувања од 35% се зголемија на 50% од утврдената дневница и од 0% на 20% од утврдената дневница, ако издатоците за сместување не паѓаат на товар на органот на управата.

Од 1 јануари 2015 година во примена е и новото Решение за највисоките износи на дневници за службени патувања и селидби во странство, трошоци што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци објавено во ("Службен весник на РМ" бр.19/2014)
 
Вака, не е утнато бројче од сметката, туку парите се префрлени на фирма со исто име како таа кај што треба да отидат само во различен град е. Цела сметка е утната. Тоа е проблемот. Ама мене ми треба во случајов за судски процес, што би можело да помогне и дали има шанси да се докаже и да добиеш или немаш сметка да се акаш со години по судови
Чим е фирма полесна е работата бидејќи на контото на фирма се појавува прилив без покритие кој на крај на пресметковна година без фактура неможе да го разреши, односно има проблем со ујп. Јави се во фирмата каде се уплатени парите и кажи им да ти ги вратат има посебна шифра за враќање на грешка уплатен износ.
И втора работа во твојот пост велиш со исто име фирма во друг град. Како успеале да се регистрираат под исто име две фирми во централен? Не ќе да е така, нешто не се докажуваш како што треба.

Претпоставувам дека и ти под правно лице си пуштила пари на друго правно лице. Ако е чиста работата тогаш ќе ти ги вратат за 24 ч парите.
 
не сакав да отварам тема, имам само прашање каде може да најдам Износ на дневница за службено патување во државата? За облог ми е
Дневница за во државава е 8% од последна просечна нето плата.
 
Чим е фирма полесна е работата бидејќи на контото на фирма се појавува прилив без покритие кој на крај на пресметковна година без фактура неможе да го разреши, односно има проблем со ујп. Јави се во фирмата каде се уплатени парите и кажи им да ти ги вратат има посебна шифра за враќање на грешка уплатен износ.
И втора работа во твојот пост велиш со исто име фирма во друг град. Како успеале да се регистрираат под исто име две фирми во централен? Не ќе да е така, нешто не се докажуваш како што треба.

Претпоставувам дека и ти под правно лице си пуштила пари на друго правно лице. Ако е чиста работата тогаш ќе ти ги вратат за 24 ч парите.
УЈП ja интересира само данокот,па фирмата ако не сака да ги врати парите ќе си плати данок Износот може да се книжи со години односно додека не дојде некое покритие.
Има повеќе фирми низ Македонија со исто име а различни сопственици/управители,банки и сметки,а има и две фирми со исто име различни сметки во иста банка само во различни градови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom