
На барање на фановите, овогодинешното издание на Belgrade Calling, кое ќе се одржи на 29 јуни, ќе биде во знакот на хеви металот. Хедлајнери ќе бидат великаните Judas Priest, кои ќе го промовираат новиот албум Redeemer of Souls, a секако нема да изостанат и хитовите од нивната богата дискографија.
Покрај нив, дел од овој open-air спектакл ќе бидат и едни од основоположниците на Power металот, германците Helloween. Тие исто така ќе издадат нов албум еден месец пред овој фестивал, така да ќе можат да се слушнат и нивните нови песни.
Чест да го отворат фестивалот и да ја делат сцената со овие два легендарни бенда ќе ја имаат момците од македонскиот бенд Steel Temple! За нив ова ќе биде второ вакво искуство, откако настапуваа како предгрупа за Whitesnake, 2006 година во Скопје.
Цените на картите ќе бидат 3000 српски динари за партер, 4000 за голден партер и 4500 за фан пит. Карти ќе можат да се набават од eventim.rs и Купи карти за се почнувајќи од 11.03.
Би било супер да се отиде на ова. Покрај тоа што можат да се видат во живо две звучни имиња од метал сцената, треба да се поддржат и нашите момци!

Само да не ми дојде многу ова месец дена после Blind Guardian

Последно уредено: