Распишан тендерот за 60 локации за мали хидроцентрали

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
Министерството за економија распиша меѓународен тендер за давање на концесии на 60 локации за изградба на мали хидроцентрали.
Малите хидроцентрали ќе имаат инсталирана моќност до 5 мегавати електрична енергија. Малите хидроцентрали ќе се градат на локации на сливовите на реките Вардар, Струмица и Црн Дрим.
Заинтересираните компании кои сакаат да учествуваат на тендерот треба да достават податоци за финансиското работење, бонитет, потврда за биланс на успех и потврда од Управа за јавни приходи.
Компаниите исто така треба да достават доказ дека во последните две години оствариле промет од најмалку 500 евра по еден киловат инсталирана моќност.
Подигнувањето на тендерската документација чини 300 евра.
Крајниот рок за доставување на понудите е 14 јуни годинава.
На деветти февруари Регулаторната комисија за енергетика го објави и тарифникот за електрична енергија од мали хидроцентрали, што беше еден од условите за распишување на тендерот.
Според тарифникот, еден киловатчас електрична енергија од централа со годишно производство од еден мегават ќе се продава по цена од 12 евроценти. Еден киловатчас струја од хидроцентрала со годишно производство од 1, 2 мегавати ќе чини осум евроценти за еден киловатчас. Шест евра ќе биде цената на еден киловатчас произведен во хидроцентрала со годишно производство два до 4,2 мегавати, пет евра за киловатчас произведен во хидроцентрала со инсталирана моќност од 4-8 мегавати и 4,5 евроцентри за киловатчас произведен во хидроцентрала со годишно производство од над 8,4 мегавати.
Цената ќе се утврдува во согласност со официјалниот курс на Народната банка на Македонија.
Ова е втор тендер за давање на концесии за изградба на мали хидроцентрали. Минатата година беше распишан тендер кој потоа беше поништен.
(Тотал)
 
Мислам дека ова со маливе хидроцентрали е прав потег и ќе ја реши енергетската криза во Македонија.Словенците одамна на ваков начин си ги решија проблемите во врска со снабдувањето со електрична енергија
 
Kolku "mali" se tie mali centrali...ima li nekoj podatok????

Dali e toa nesto vakvo ili poambiciozno so brani i slicno???
dam_text.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom