Споредување на возила од различни класи

  • Креатор на темата Креатор на темата Evo XII
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Темата ке ја отворам за да се стави крај на една дискусија што трае до бесвест.....

Се споредуваат возила од сосема различни класи........

Ако споредувате возила тогаш или нека бидат во својата класа,или нека се со цена и класа бриближно еднакви.Не можеш да споредуваш кола која е од горна средна класа со градско возило......

Не можеш да споредуваш возило кое е од средна класа купено ново,со луксузна класа купена пред 13 години.Не можеш да ги споредиш бидејки се сосема спротивни класи на возила.Прво со цената и со својата класа

Држи вода да споредуваш БМВ серија 5 со Ауди А6 или слично на него.Но не се споредува БМВ серија 5 со Југо 55,така?

Се надевам дека ке се стави крај на ваквите дискусии...Позз
 
Еве јас ќе поставам две возила за споредба со кратка рецензија превземена од сајтот коли.цоом.мк

Chevrolet Spark

Chevrolet-Spark-2013----(8)_th3.jpg


Шминкер, воглавно
И покрај тоа што го наследува името на својот популарен претходник, Chevrolet преку големите дизајнерски зафати, драстично отстапува од него. Однадвор, изгледа многу помодерно и посимпатично од стариот модел, но се чини дека предниот дел е претерано нападен и некако не одговара со другиот дел од каросеријата. Внатрешноста исто така е подобро изведена од претходникот, иако впечаток е дека инструмент таблата е малку чудна – изгледа дека подобро би стоела на некој мотоцикл, а не на автомобил.


Но, да преминеме на она што е поважно – моторите. Во понудата има два бензинци – 1,0 со 68 и 1,2 со 81 КС. Изненадувачки, и двата мотори се карактеристично летаргични, без нималку живост карактеристична за помалите бензинци со три цилиндари на конкурентите. Впрочем, бројките за забрзувањето од 15,5 секунди, односно 12,1, најдобро кажуваат дека агрегатите не возат брзо колку што навестува нивната сила.

Исто така, уште првите неколку кривини кажуваат дека не се работи за динамичен автомобил. Spark едноставно не сака брзо возење, навалувајќи се во кривините и пролизгувајќи преку предните тркала порано од конкурентите. Всушност, заедно со она што го кажавме за моторите, заклучок е дека Spark не е воопшто забавен автомобил за возење, недостасувајќи му жив и нервозен карактер како на Alto или троецот Aygo/107/C1 на пример. Возењето пак е доволно удобно, но звучната изолација е меѓу најслабите во класата. Исто така, моторите не се којзнае колку рафинирани и добро одѕвонуваат во внатрешноста.

И покрај тоа што на слики изгледа добро, дизајнот на внатрешноста не овозможува најдобра возачка позиција (менувачот е поставен премногу ниско и назад и не е практичен), иако прегледноста е задоволителна. Spark заостанува и кога е удобноста во прашање – потскокнува повеќе од конкурентите и е меѓу најгласните модели во класата. Затоа, во поглед на просторот е меѓу најдобрите во класата, со багажник опд 170 литри кој е во просекот на класата. Практичноста е солидна – внатре има доволно места за одлагање за ситници...

Во поглед на квалитетот, постигнат е видлив напредок во однос на претходникот, но конкуренцијата и натаму нуди подобри материјали и подобра завршна обработка. Многу битно, можеби и најбитно за класа каде главен критериум е цената, Spark не може да се мери со конкурентите кога е доверливоста во прашање. Затоа, Spark нуди убедливо најниска цена меѓу конкурентите, во пакет со многу опрема, но истата ќе биде ниска и при евентуалната препродажба на пазарот за половни автомобили.

Голем недостаток во однос на конкурентите од класата е потрошувачката. Според фабричките податоци, за помалиот мотор таа изнесува 4,8 литри во просек, односно 6,2 во град и 4 на отворено, но, мало разочарување за сите Spark љубители, реалната потрошувачка е прилично повисока од фабрички ветената.

Најсилна страна на новиот Spark е веројатно безбедноста – освои 4 ѕвездички по новите тестирања на EuroNCAP, а стандардно е опремен и со 6 воздушни перничиња, ABS и Isofix.

Сумирано, иако поевтин во старт, Spark може да излезе и поскап од конкурентите по неколку години користење, а воедно заостанувајќи во квалитетот на возењето. Секако не е лош автомобил, но конкуренцијата тера добро да се размисли – дали да се заштеди на почеток, да се заштеди на крај, или пак, најважно од се, да се вози подобар автомобил?
prednosti.jpg
ПРЕДНОСТИ
• Модерен дизајн
• Пространа внатрешност
• Солидна удобност
• Одлична цена
• Богата опрема
• Безбедносна опрема
nedostatoci.jpg
НЕДОСТАТОЦИ
• Слаби перформанси
• Висока потрошувачка
• Послаби возни својства
• Послаба звучна изолација
• Лоша ергономија
• Низок квалитет на пластиката внатре

vs

Toyota Aygo

toyota-aygo-(18)_th3.jpg


Фенси, динамичен и скап шармер

Кога Toyota, во соработка со PSA групацијата, го лансираше претходниот модел на пазарот, во класата на мини автомобили немаше многу конкуренција, па така, успехот беше загарантиран. Денес, ситуацијата е многу различна и на новиот Aygo ќе му биде многу потешко, но малиот Јапонец има адути во ракавот, а тука особено мислиме на дизајнот, кој е и повеќе од привлечен!


Иако е достапен само еден мотор, истиот се чини најдобро прилега на карактеристиките на Aygo, а тоа е да биде економичен и доволно динамичен автомобил. Во град, бензинецот не се гуши при ниските вртежи и доколку се заврти до црвеното поле, знае добро да потегне напред, придружено дури и со убав, спортски звук. Притоа, троши околу 6,3 литри во град, односно 6,9 при поголеми гужви, додека на отворено троши околу 4,6 литри гориво, до 5,5 на автопат. Импресивно.

Низ град, новиот Aygo се снаоѓа одлично, а благодарение на најмалите димензии во сегментот. Тука помагаат и прецизното управување и одличниот менувач, како и најмалиот круг на свртување во класата. Навистина, паркирањето со него е песна. Згора на тоа, малиот Јапонец е и доволно удобен и динамичен по кривулестите патишта, односно, постигнат е одличен компромис меѓу возните својства и удобноста. Голем напредок кај новиот модел е постигнат во поглед на рафинираноста, па во кабината веќе ги нема вибрациите од моторот и патот, а и звучната изолација е на многу високо ниво.

Кабината, иако нуди доволно места за одлагање ситници и е генерално функционална, е меѓу најтесните во класата, особено на задната клупа. Багажникот брои 168 литри, што е подобрување во однос на претходникот, но повторно, е најмалку во рамките на класата. Зад воланот, пак, ергономијата е одлична и сите команди се на дофат на раката. Одлични се и седиштата, но прегледноста позади и преку задните стакла е многу слаба. Исто, вреди да се спомене дека задните стакла се отвораат само делумно, односно со лептир, дури и кај моделот со пет врати.

Ценовно, Aygo е меѓу најскапите модели во класата, но затоа има квалитетна и добро изработена кабина, која е светлосни години подобра од таа на претходниот модел и чувството во кабината е далеку поубаво. Згора на тоа, моторот, а и воопшто Toyota, се познати по својата доверливост и долговечност.

Сепак, и покрај тоа што се работи за автомобил кој лесно влегува под кожа, особено на возачот, Aygo е еден од најтесните модели во класата. Aygo би го препорачале на сите оние кои сакаат модерен градски автомобил, кој има (нај)висок квалитет на возење, извонредна рафинираност и е исклучително економичен. Тука мислиме на помладите купувачи, но и на оние кои веќе имаат поголем автомобил и бараат возило само за градските улици. Од друга страна, оние кои планираат прв автомобил и бараат тој да има повеќе простор и практичност, а нема да удри многу по џебот на купувачот, треба добро да ги погледнат конкурентите.
linija_tenka-464px.jpg

prednosti.jpg
ПРЕДНОСТИ
• Економичен мотор
• Возни својства
• Високо ниво на удобност и рафинираност
• Одлична ергономија и удобни седишта
• Прецизен менувач
nedostatoci.jpg
НЕДОСТАТОЦИ
• Потесна задна клупа и помал багажник (од конкурентите)
• Прегледност во задниот дел
• Висока цена
 
Мене од секогаш ми биле интересни споредбите на Фиат Панда со некој поголем џип:giggle:


 
Како можеш да очекуваш да знаат да споредуваат кога за 99% само мерцедес е кола.
Ќе прифатам некој да ми фали мерцедес ама што го купил нов од салон.
Патем и од иста класа да се возилата со голема разлика во години на производство не можеш убаво да ги споредиш поради брзиот развој на технологијата и нејзино имплементирање
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom