Информации за бизнис со производство на храна

  • Креатор на темата Креатор на темата uggrin
  • Време на започнување Време на започнување
Прашањето ти е на место !!!

Едноставно не постои начин да на едно место ( институција , веб сајт, слично ) можеш да ги најдеш сите информации за потребни законски процедури. Проверено !

Или ќе шараш по разни институции, или дел ќе биде од сметководители, дел од адвокати, дел од луѓе од терен, дел од самите инспекции ( обично откако ќе те казнат )

Јас работам во бизнис со храна. Има сега нови прописи , пример, што се однесуваат да означување на отстапки во тежина на самото паковање. Се утепав барајки колку е законски дозволено отстапување од означена тежина.[DOUBLEPOST=1422520743][/DOUBLEPOST]
Многу е комплексно.....
Дел треба да ти кажат при отварање фирма ( сметководствено биро ? )
  • пријава за започнување на дејност ( министерство за труд)
  • запишување на објект во регистер на оператор со храна ( дирекција за храна )
  • минимум технички услови ( мин. за економија )
  • работно време ( ЦР )
  • пријавување нормативи ( мислам општина )
  • фискални ( УЈП )
Понатаму, за вработени
  • систематски прегледи ( на 2 год)
  • санитарни прегледи ( на 6 мес )
  • сетрификат за безбедност при работа ( овластени фирми )
  • сертификат за безбедност за работа со храна ( овластени фирми )
  • обука за прва помош ( овластени фирми )
  • обука со ПП апарати ( овластени фирми )
Понатаму за објект
  • елаборати за пожар + ПП апарати ( овластени фирми )
  • елаборати за микроклима ( овластени фирми )
  • елаборати за екологија ( овластени фирми )
  • елаборати за зазенјување на инсталација ( овластени фирми )
  • ДДД заштита ( овластени фирми )
  • ХАЦЦП систем
  • периодични брисеви за бактериолошка анализа
  • истакнување работно време, ценовник, телефон од пазарна инспекција (ако се работи за малопродажба)

За производи
  • нормативи
  • декларации
  • редовни бактериолошки анализи
  • периодични хемиски анализи

+ мал милион други работи што во моментов не ми текнуваат.
Ова, нели, ако сакаш да работиш се по ПС

И , осмелисе :)
...ЈЕБОТЕ , БЛАГИ БОГ И СЛАТКИ РИМСКИ ПАПА!!!! Дал го заборави Лугерот во црвена кутија со натпис : откочи, стај го на уво и повлечи го шкрапалото во случај на очај, ...или намерно го избриша од списокот???:):):)
 
Целта на чувањето на зеленчукот и овошјето е тоа да се користи или консумира во свежа состојба во што подолг временски период. Подолгото зачувување во свежа состојба на овошјето и зеленчукот овозможува поголема конкурентност на пазарот во текот на целата година и го намалува сезонскиот карактер на производство и продажба. Затоа е многу важно да се намалат загубите уште во текот на бербата, правилно да се пакува зеленчукот и да се складира во најоптимални услови, така што во текот на чувањето промените врз самиот плод да се сведени на минимум, а со тоа ќе се остварат поголеми добивки. Повеќе тука: Чување и одржување на зеленчукот во свежа состојба
 
Еден од елементите во бизнисот со храна е и т.н. Ладен ланец. Еден од почетните услови за функционирање на НАССР е ладен ланец. Одржувањето на ладен ланец во текот на сите фази на работата со храна треба да се сфати многу сериозно.
Одржувањето на ладен ланец се однесува на сите субјекти кои се вклучени во манипулацијата со храна.
Од производството до потрошувачката, оладената и смрзната храна треба континуирано да се чува на исправна температура. Ваквата постапка е позната како ладен ланец.
Повеќе информации на следниов линк: АМБИОН
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom