Информации за бизнис со производство на храна

  • Креатор на темата Креатор на темата uggrin
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 јули 2014
Мислења
65
Поени од реакции
30
Возраст
45
Прибидејќи нашиов интернет простор е само еден голем кластерфак, морав да барам информација тука, информации од терен што би се рекло...

Кога би одел по сите прописи и процедури за почнување на бизнис во стилот на пекара, бурекџилница, слаткара и сл. Што све редум треба да се направи, дали треба некакви лиценци, HACCP стандард, фискален апарат, вработени, дозволи итн. итн? На крај краева, каде човек може да најде информации за тоа онлајн?

Фала унапред.
 
Информации само од луѓе другар или од книговодители/адокати.

Јас сеуште не сум сретнал некаде да има пишана листа на работи што мораш да ги направиш/имаш за било каква фирма а не пак за некоја специфична дејност.

Ако некој знае за такво нешто нека ме упати и мене.
 
Не, не барам јас листа на работи што треба да ги направам или имам. Туку прашувам каде можам да си ископам сам информации.

На пример, за дали ти требаат лиценци за такво нешто види на хттп://сајтзалиценци.мк
За HACCP види онаму... За она онаму итн...

Или пак ако има некој што има таков бизнис, уште подобро да каже од прва рака што и како...
 
Брат, Македонија е ова не заборавај. Слабо оди со интернет опшество овде, ако не те натераат 10 пати да им одиш на шалтер за иста работа не им е интересно...
 
Брат, Македонија е ова не заборавај. Слабо оди со интернет опшество овде, ако не те натераат 10 пати да им одиш на шалтер за иста работа не им е интересно...

Јасно ми е, ама сигурно има во некоја дупка по интернетов за закони, правила, услови и слично.
 
Не, не барам јас листа на работи што треба да ги направам или имам. Туку прашувам каде можам да си ископам сам информации.

На пример, за дали ти требаат лиценци за такво нешто види на хттп://сајтзалиценци.мк
За HACCP види онаму... За она онаму итн...

Или пак ако има некој што има таков бизнис, уште подобро да каже од прва рака што и како...
USLUGI.gov.mk е најблиску до тоа што го бараш, иако се само листи на документи и барања по министерства и агенции.
Мислам дека не постојат такви стандардизирани советници, и не знам кој би си земал таква одговорност да составува нешто такво, тоа треба да биде должност на државните органи.
Всушност и таа празнина во недостатокот на тие информации е причината за постоење на една цела низа на професии.
 
Прашањето ти е на место !!!

Едноставно не постои начин да на едно место ( институција , веб сајт, слично ) можеш да ги најдеш сите информации за потребни законски процедури. Проверено !

Или ќе шараш по разни институции, или дел ќе биде од сметководители, дел од адвокати, дел од луѓе од терен, дел од самите инспекции ( обично откако ќе те казнат )

Јас работам во бизнис со храна. Има сега нови прописи , пример, што се однесуваат да означување на отстапки во тежина на самото паковање. Се утепав барајки колку е законски дозволено отстапување од означена тежина.[DOUBLEPOST=1422520743][/DOUBLEPOST]
Или пак ако има некој што има таков бизнис, уште подобро да каже од прва рака што и како...
Многу е комплексно.....
Дел треба да ти кажат при отварање фирма ( сметководствено биро ? )
  • пријава за започнување на дејност ( министерство за труд)
  • запишување на објект во регистер на оператор со храна ( дирекција за храна )
  • минимум технички услови ( мин. за економија )
  • работно време ( ЦР )
  • пријавување нормативи ( мислам општина )
  • фискални ( УЈП )
Понатаму, за вработени
  • систематски прегледи ( на 2 год)
  • санитарни прегледи ( на 6 мес )
  • сетрификат за безбедност при работа ( овластени фирми )
  • сертификат за безбедност за работа со храна ( овластени фирми )
  • обука за прва помош ( овластени фирми )
  • обука со ПП апарати ( овластени фирми )
Понатаму за објект
  • елаборати за пожар + ПП апарати ( овластени фирми )
  • елаборати за микроклима ( овластени фирми )
  • елаборати за екологија ( овластени фирми )
  • елаборати за зазенјување на инсталација ( овластени фирми )
  • ДДД заштита ( овластени фирми )
  • ХАЦЦП систем
  • периодични брисеви за бактериолошка анализа
  • истакнување работно време, ценовник, телефон од пазарна инспекција (ако се работи за малопродажба)

За производи
  • нормативи
  • декларации
  • редовни бактериолошки анализи
  • периодични хемиски анализи

+ мал милион други работи што во моментов не ми текнуваат.
Ова, нели, ако сакаш да работиш се по ПС

И , осмелисе :)
 
Последно уредено:

Е ова е веќе нешто друго, вака барем од некаде можам да почнам. Лесно е плати фирма да ти ги средат "сите" работи и хајт. Ама јас сакам малку подетално да ја научам работава што и како поради х причини...

Морам да признаам, не е воопшто едноставно, ама не ни очекував да биде. Но изгледа најдобро ќе биде да си контактирам фирма што може да го изработи сево ова, и наместо да чекам да готово да барам објаснување за се што и како. Бидејќи сите детали и информации ќе се окозам додека најдам сам.

Ама во меѓувреме имам референца за да можам да копнам нешто... :D

Фала

п.с. Ако не е тајна, со што се занимаваш поточно? Може некоја тајна околу бизнисот да откриеш? :D
 
Нема тајни, прашај ако нешто те интересира :)
 
Па општо, што произведуваш, пласман > само во Мк или надвор или локално во некој град, бруто/нето заработка, вработени, конкуренција, инспекции, општи проблеми што ги има твојот бизнис... Онака краток опис на бизнисот.
 
;)
Мислев, прашај ако те интересира нешто што можам да ти помогнам за твојата работа......
 
Јас сум во фаза на планирање и прибирање информации... Допрва ќе почнам со проблеми од терен, па ќе прашувам успат :D
 
Јас сум во фаза на планирање и прибирање информации... Допрва ќе почнам со проблеми од терен, па ќе прашувам успат :D
Од информации се почнува.......
Инаку, гледам дека се интересираш за пекара, бурекџилница.....Еве ти некои информации -
nb-2.jpg

За бурекџилница 30.000 евра инвестиција
“Овој дуќан го имам отворено пред десет години. Во него имам инвестирано минимум 30.000 евра. Значи тоа се дополнителни инвестиции во опремување бидејќи за дуќанот плаќам кирија. Можеби оваа вложена сума ви звучи чудно но само двете маси за месење бурек според Хасап стандарди чинат 3.000 евра. Една печка за бурек е 1.200 евра, а за пецива е 12. 000 евра“, вели сопственик на бурекџилница во центарот на Скопје.

Според него човек потребни се големи обртни средства и за да може да функционира и најмал бизнис.

„Потребни се пари за суровина, но многу повеќе за плата на вработените. Во мојава професија конкретно мораш да имаш мајстори за месење и печење. Таков човек не доаѓа на работа за плата помала од 500 евра. Значи јас имам две смени минимум 1.000 евра месечно плаќам за луѓето без кои не можам да работам. Дополнително мајсторите секако дека не работат други работи. Значи покрај нив плаќам уште тројца или четворица во смена“
 
Инспекции? Рекет? Фискални?

Колку се реални поплаките на сите приватњаци?
Имам искуство со ресторани, кафиќи и ноќни клубови. И „нормално“ се избегнуваат многу работи. После кога ќе дојде инспекција, проблеми на сите страни и казни фрчат.

Колку е реално да се оди се по правила? Изводливо е?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom