Адреналин-парк во Скопје. Ќе биде ли некогаш?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.304
Поени од реакции
34.687
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Дури девет месеци поминаа откако градските власти најавија дека ќе градат парк за екстремни спортови на просторот под новата железничка станица, но тоа место се уште служи само за фрлање ѓубре. Од градот велат дека адреналин-паркот, како што го нарекуваат проектот, е во тендерска процедура, односно се бара фирма што ќе го уреди просторот, ќе го опреми и ќе ги постави реквизитите.

- Кога ќе заврши тендерот, ќе се избере изведувач и изградбата ќе може да почне.
Несогласувањата што ги имавме со општината Аеродром во врска со овој проект се надминати, па така веќе нема никакви пречки за тој да се реализира - велат оттаму.

Само што пристигнаа најавите од градските власти дека ќе се гради паркот, општинарите од Аеродром истакнаа дека нема да издадат градежна дозвола за објектот. Тие објаснуваа дека се што би се градело на просторот под железничката станица би било дивоградба, затоа што местото не било опфатено со ниту еден детален урбанистички план. Но, потоа претставници од општината и од градот се договориле да се дозволи изградбата на адреналин-паркот.

adrenalin%202%20%28Small%29.jpg


Проектот предвидува на простор од околу 20.000 квадратни метри да се изградат игралиште за уличен хокеј, кошаркарски терен, скејт-парк, патека за ролери, вештачка карпа за алпинизам и терен за мал фудбал. Запуштениот простор меѓу столбовите под железничката станица треба да се подели на неколку дела и секој од нив да добие посебна содржина. Освен терените и реквизитите за екстремни спортови, треба да се изгради и детско катче, како и простор за кафулиња и за други забавни содржини. Се планира целиот парк да биде ограден со железна ограда, а во него да има и соблекувални и туш-кабини за посетителите.

Според првичните најави, адреналин-паркот требаше да биде готов уште минатата есен. Но, изградбата не беше ниту почната, а градоначалникот Трифун Костовски тогаш за тоа ја обвини својата администрација, за која рече дека доцнела со подготовките. Тој и тогаш најави дека градежните работи на просторот ќе почнат оваа година.


Трифуне бе... Изненади не со нешто. Те молам, барем едно нешто.
 
arno ke bide ako doziveeme da vidime nesto od ova :(
 
Би било неверојатно јако, да се надеваме дека ке се оствари. кул
 
Ке биде ке биде кога ке рече пичка куку на овој дибеков градоначалник може само Кермез му да бидне...
Иначе конкретно местово толку многу смрди на мочки што стварно мава на адреналин...а ноќно време овде се ваља и хероин,амефетамин,кокаин па и адрналин се ваља гарант
 
Не верувам со овој градоначалник...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom