Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ги гледав пред 2-3 дена вестиве на нашиве "независни" телевизии, и баш ме зачуди тоа што во прилогот за СОНК се собрале градоначалниците од сите македонски градови (каде што на власт се ВМРО) заедно во позадина со уште некои си професори, и кажуваат како тоа наставата во нивните населени места ќе се одвива без попречување.
И онака целиот замислен седам и си викам "Добро де, што кур бараат градоначалнициве да зборат кој ќе штрајкува а кој не?" Тоа наставниците позади нив знаев дека сите имаат партиска книшка, не ми беше чудно, ама ова што го видов со градоначалнициве ми е..... незнам врвот досега што го имам видено. Еј до каде падна нивото на нашиве просветни работници, да се немало свое "Јас"...
Значи во училиштето каде што учи моето дете, 3 дена немаат настава освен од 5-6 професори. Истото е и во неколку други училишта. А на телевизија кажуваат дека никој не штрајкува???
Да ама барем да се обидат да бидат објективни и реални, а тие воопшто не кажуваат дека се штракјува, туку известуваат дека штрајкот не успеал.
Паметам јас кога одев во основно после секој зимски распуст имаше штрајк, си имавме продолжен одмор.![]()