Мaкедoнијa дoби кириличен дoмен

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.820
Поени од реакции
60.252
Македонскиот јазик од денеска може целосно да биде присутен на интернет преку регистрирање кирилични веб страници со националниот домеин „мкд“, вклучувајќи ги и карактеристичните букви од азбуката - љ, њ, ѓ, ж, ч, ш и џ.

Како што соопштија министрите за информатичко општество и администрација и за култура, Иво Ивановски и Елизабета Канческа Милевска, домеинот „мкд“ е регистриран во меѓународниот интернет простор. Со тоа Македонија стана петта земја во светот која воспоставува национален кириличен домен на кирилица, по Русија, Србија, Казахстан и Монголија.

Првата интернет страница на кирилица, „влада.мкд“, е веќе воспоставена.

- Направивме огромен чекор во зацврстувањето, зачувувањето и афирмацијата на нашиот јазик и писмо што беше голем стремеж и идеал на нашите претци. Успеавме да извојуваме уште една битка, уште еден успех на меѓународен план, но за тоа беа потребни многу напорна работа, трпение и лобирање од сите субјекти вклучени во процесот, истана Ивановски на прес-конференција.

Според Канческа Милевска, регистрацијата на кириличното „мкд“ е особено битно за младата популација која секојдевно масовно се отуѓува од стандардниот македонски јазик и кириличното писмо.

- Воведувањето на домеинот „мкд“ спонтано ќе го наметне враќањето на македонскиот збор во секојденвната употреба, но и во севкупното општествено живеење, напомена министерката.

Процесот за стекнување нов национален кириличен домеин почна со јавно достапна анкета на која секој граќанин, институција или заинтересиран субјект можеше да го даде својот предлог. Заслужен за целата активност е МАРнет.

Моментно се работи на прилагодување на системот кој се користи за менаџирање на латиничните домеини - паралелно да биде искористен и за кириличните. Во тек е и резервација на кирилични домеини од страна на македонските државни институции и органи.

Во однос на зачувувањето на македонскиот јазик, Владата спроведува и низа други проекти. - Последните неколку години обезбедуваме поддршка за Поимникот на термини од информатичката технологија, го финансираме и печатењето на Толковниот речник на македонскиот јазик, како и подновеното издание на Правописот кое ќе се реализира оваа година. Ова се само покрупните проекти кои третираат прашања не само од македонскиот јазик, туку и од неговата историја, дијалектологија и ономастика, подвлече министерката за култура Канеческа Милчевска.

Извoр
 
Интересно да, чим Русија, Бугарија и други добија кириличен домен, супер е што добивме и ние. Но дека некој ќе регистрира кириличен домен, без да регистрира латиничен, нема шанси.

- Воведувањето на домеинот „мкд“ спонтано ќе го наметне враќањето на македонскиот збор во секојденвната употреба, но и во севкупното општествено живеење, напомена министерката.
:pos:
 
Претпоставувам дека линкот го отвараш преку Chrome. Заради заштита од phishing и слично, Chrome го прикажува цел кириличен домен во ASCII кодирање на симболи. Додека кај Firefox останува кириличниот домен.
 
Претпоставувам дека линкот го отвараш преку Chrome. Заради заштита од phishing и слично, Chrome го прикажува цел кириличен домен во ASCII кодирање на симболи. Додека кај Firefox останува кириличниот домен.

Јеп, го открив тоа. Го „преведува“ вака на Хром, а на url не работи без http://

Тотално непотребно али ај...
 
Првата интернет страница на кирилица, „влада.мкд“, е веќе воспоставена.
Е не е прва! :)

2hs866o.jpg
 
Само кај мене не се отвара доменов, или? Пробав на сите можни начини, како да не постои страната ми покажува... :)
 
Очекував светото име да биде прв кириличен домен во Македонија. Се разочарав. :(

vfvbd1.png


Шала на страна, некако не ми е по ќеиф ова со кирилични домени. Но, кога можат блгарчињава да имаат вакви домени, зошто да не и ние. Не дека ќе има некој сериозен интерес кај нас, али ај...
 
Една од полошите работи коишто можат да му се случат на едно url е кирилица.
 
Океј е ама не е ни потребно ни корисно, само конфузии ќе има со ова.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom