Аналогна фотографија

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Една мала замерка што неможев да најдам ваква тема во овој подфорум.
Тие што паралелно се занимаваат со аналогна и дигитална фотографија можат тука да пишуваат и објавуваат свои фотографии, искуства, филмови, хартија и сл.
 
Убаво ти што разбираш француски. А ние обичните луѓе што да праиме со клипчево? :D
 
Јас порано како мал честопати сликав со аналоген апарат (Смена 8). Филмот има специфични бои кои скоро ниеден дигитален апарат неможе да ги извади. Штета што џепарацот во 90-те ми беше доста мал и едвај една ролна филм месечно испукував. Ah the good old days.......
 
Една мала замерка што неможев да најдам ваква тема во овој подфорум.
Тие што паралелно се занимаваат со аналогна и дигитална фотографија можат тука да пишуваат и објавуваат свои фотографии, искуства, филмови, хартија и сл.

Наместо обична дискусија, посочи ни, на пример, кај можеме да најдеме аналогни филмови (оригинални, не препакувано ѓубре од пазарџиска тезга), кој дуќан во Скопје развива фотографии од аналогни филмови, дали сеуште каја нас (во жалосна Македонија) некој користи аналогни филмови и фотоапарати и сл.

Напрај ја темава корисна и интересна.
 
Последен аналоген филм развив во 2002 година
Имав еден стал Илфорд, мислам дека со пентаксот го испукав, и ко дојде за развивање - нигде не можев да го дадам пошто не беше за машинско развивање, па дур најдов мајстор кој рачно ги развива па тој дур набавил хемикалии и хартија....
Полека кај нас изумира таа уметност, и се потешко се наоѓа и материјал
 
Па и кога излезе апаратот рекоа нема повеќе сликање на платно, па ете уште не е изумрена таа уметност.
 
Кога се измислила фотографијата во 1839 многу луѓе преферирале да бидат насликани на уметничка слика отколку фотографирани бидејќи мислеле дека со фотографирањето во фотографијата се заробувале нивните души. Колку суеверни биле тогаш луѓето во тие времиња:Кезец:
 
сакав да кажам, и покрај тоа што тоа суеверие повеќе не постои, опстојуваат и двете.
 
Така е. Аналогната фотографија и треба да опстои бидејќи поседува посебна убавина и шарм кој дигиталната фотографија нема никогаш да го има.
 
Па и кога излезе апаратот рекоа нема повеќе сликање на платно, па ете уште не е изумрена таа уметност.
сликање и фотогафирање се различни работи[DOUBLEPOST=1421075518][/DOUBLEPOST]
Така е. Аналогната фотографија и треба да опстои бидејќи поседува посебна убавина и шарм кој дигиталната фотографија нема никогаш да го има.
Аналогна фотографија на 35 мм филм не е почетон на фотографија, пред неа се фотографираше на стаклени плочи и филмови со многу поголеми формати и хемиски и физички состави, дражот на 4х5 инчи или пак плоча 8х5 инчи е уште поголема, 35мм филм е најнов и најмодерна аналогна технологија/
Денес дигиталнаѕа технологија овозможува да се симулираат сите аналогни техники и процеси, а фото печатарите ќе ги дадат оригиналните боји и нијанси.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom