Фабрикување на вести (VNRs), најнова во Париз.

  • Креатор на темата Креатор на темата Gorco
  • Време на започнување Време на започнување

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Гледам препукување со различни ставови во темата "Терористички Напад во Париз, најмалку 12 загинати", па морам да изнесам друг поглед на модерните медиумски покривања на значајни "настани".

Како прво, за понатамошна дискусија, треба се проучат главните термини во оваа глобална игра:

http://rationalwiki.org/wiki/Crisis_actor
http://en.wikipedia.org/wiki/Video_news_release
http://en.wikipedia.org/wiki/False_flag

Последниот настан во Париз е класичен пример на лошо изведена игра, можеби полошо од Бостонскиот маратон и сигурно полошо од киднапирањата во Сиднеј. Што всушост ни покажува видео-репортерскиот материјал од Париз:

1. Аматерски(наводно) снимки на интернет кои се појавуваат мнооогу брзо по самиот настан. Извор=непознат. Времетраење=доволно за да се застрела некого. Цензурирани на youtube за да не се видат рани и излевање на крв, кој патем, НЕ ПОСТОИ.
2. Снимки од настанот во и пред редакцијата, ГИ НЕМА.
3. Имиња на загинати, никаде ОФИЦИЈАЛНО објавени. Се разбира, оваков настан не поминува без "ранети" (crisis actors), каде имаме бројка објавена во медиумите од околу 20.
4. Сајтот на полицијата во Париз и сајтот на Министерството за внатрешни нема официјална вест (состојба) за настанот. Само број за "помош" на жртвите. Се разбира, со ова ќе ги маркираат сите што ќе пријават дека нешто не е во ред со настанот.
5. СЕПАК, за помалку од 12 ЧАСА, сите до еден од "државниците" во меѓународна коалиција имаат осодување на настанот и директно категоризирање на терористички напад, без никакви докази (иста шема како 11/09/2001).
6. Сликите на браќата убијци излегоа помалку од 12 часа од самиот настан. Снимка каде се фатени без маска, НЕ Е ОБЈАВЕНА!
7. Граѓаните излегуваат "спонтано" на собири со транспаренти и палење на свеќи, ЗА ПОМАЛКУ ОД 12 ЧАСА ОД НАСТАНОТ.

Во наредните денови сигурно ќе излезат други показатели за баналноста на овој VNR.

Тоа што е битно, според мене, е кои крајни резултати ги очекуваат организаторите на овој настан?
 
Зошто би ги објавиле имињата на жртвите ?

За нивните фамилии да станат центар на внимание и да немаат мир во тие тешки моменти ?

Од кога станавме зависни за вакви лични информации ?

Дали ова спаѓа во теории на заговор ?
 
Таков поглед на настанот се очекува и е пожелен од масите, хуманитарен!. Имиња на мал дел од жртвите се објавени, и повторувам, НЕОФИЦИЈАЛНО во телевизиски "исповед" многу брзо по настанот.

https://www.facebook.com/video.php?v=10152691828851977

Патем, убаво напишав, за понатамошна дискусија треба да се проучат термините кои се користат во оваа игра. Ми имаш реплицирано за помалку од 15 минути!
 
Во свет каде што секој има паметен телефон со одлична камера и брз интернет дечково се прашува од каде толку брзо излегле снимкиве.

4286-kill-yourself.jpg
 
Гледам препукување со различни ставови во темата "Терористички Напад во Париз, најмалку 12 загинати", па морам да изнесам друг поглед на модерните медиумски покривања на значајни "настани".

Како прво, за понатамошна дискусија, треба се проучат главните термини во оваа глобална игра:

http://rationalwiki.org/wiki/Crisis_actor
http://en.wikipedia.org/wiki/Video_news_release
http://en.wikipedia.org/wiki/False_flag

Последниот настан во Париз е класичен пример на лошо изведена игра, можеби полошо од Бостонскиот маратон и сигурно полошо од киднапирањата во Сиднеј. Што всушост ни покажува видео-репортерскиот материјал од Париз:

1. Аматерски(наводно) снимки на интернет кои се појавуваат мнооогу брзо по самиот настан. Извор=непознат. Времетраење=доволно за да се застрела некого. Цензурирани на youtube за да не се видат рани и излевање на крв, кој патем, НЕ ПОСТОИ.
2. Снимки од настанот во и пред редакцијата, ГИ НЕМА.
3. Имиња на загинати, никаде ОФИЦИЈАЛНО објавени. Се разбира, оваков настан не поминува без "ранети" (crisis actors), каде имаме бројка објавена во медиумите од околу 20.
4. Сајтот на полицијата во Париз и сајтот на Министерството за внатрешни нема официјална вест (состојба) за настанот. Само број за "помош" на жртвите. Се разбира, со ова ќе ги маркираат сите што ќе пријават дека нешто не е во ред со настанот.
5. СЕПАК, за помалку од 12 ЧАСА, сите до еден од "државниците" во меѓународна коалиција имаат осодување на настанот и директно категоризирање на терористички напад, без никакви докази (иста шема како 11/09/2001).
6. Сликите на браќата убијци излегоа помалку од 12 часа од самиот настан. Снимка каде се фатени без маска, НЕ Е ОБЈАВЕНА!
7. Граѓаните излегуваат "спонтано" на собири со транспаренти и палење на свеќи, ЗА ПОМАЛКУ ОД 12 ЧАСА ОД НАСТАНОТ.

Во наредните денови сигурно ќе излезат други показатели за баналноста на овој VNR.

Тоа што е битно, според мене, е кои крајни резултати ги очекуваат организаторите на овој настан?


3. Истото се случи и со убиството на Нешковски. Идентитетот на жртвата беше откриен подоцна.
4. Истото се случи и со убиството на Нешковски. МВР негираше убиство.
5. Истото се случи и со убиството на Нешковски. Истата вечер имаше информации на интернет и настанот беше јавно осуден.
6. Истото се случи и со убиството на Нешковски. Убиецот беше веднаш откриен, отпосле се дозна дека МВР пробаа да го заташкаат.
7. Истото се случи и со убиството на Нешковски. Протести имаше наредниот ден, вечерта на плоштад, се појави и Фрчковски.

Заклучок, настанот беше сцениран, Нешковски не е мртов и живее на Бахамите со Џими Хофа и Елвис а во затвор лежи двојник на Игор Спасов кој моментално работи
во Ареа 51 како координатор за релации со сивите вонземјани.
 
Повеќето аргументи ти се банални.
Ако тврдиш дека настанов е намештаљка тогаш дај докази и солидни аргументи кои не се тотално и апсолутно шпекулативни, затоа што изгледаш како идиот со вакви теории на заговор.
 
Добро и шо сакаш сега да кажеш со темата, не ми е јасно која ти е целта? Како што ти рекол членот погоре, ако во овие времиња каде што сите имаат паметни телефони и интернет се чудиш како протекуваат вакви видеа тогаш мораш да читаш малку повеќе ИТ технолошки достигнувања во 21 век. А за тоа како полициите ги откриваат сторителите на вакви дела тогаш би требало да завршиш полициска академија или форензика.

Стварно не сте интересни со ваквите теории на заговор. Што и да се случи за вас е заговор и има скриени мотиви и мотиватори. Сигурно од толку многу случувања барем во 1-2 ќе се најдеше некој што ќе открие кој навистина стои позади вакви напади и поради која цел. Не дека нема лажење и криење на факти, но дека се е завера е приказни за мали деца.
 
Друже Горчо не си сватил една работа,а тоа е дека тие не го прават ова да те убедат тебе туку да ги убедат сите овие што постирале после тебе.
Тквите како тебе (паметни) не им се целта зошто се помалку од 2 проценти и веднаш ги елиминираат со принципот на теорија на заговор,(тоа им е во моментов главно оружје).
Многу често и самите тие ги создаваат теориите на заговор кој се лесно сватливи и лажни за да можат овие што пишале после тебе да ги "откријат" како лажни и да си помислат дека се паметни.
Тоа е друже Горчо светот без да навлегувам во овој поединечен настан.
 
дека има жртви има, а дека смрди смрди многу, штипе за очи... наеднаш се забораваат и убиените 2000 деца ( а до пред некоја недела имаше протести ширум Европа), се заборава и Исил и игрите околу него ... уште да успеат да ги забошотат големите нереди во УСА
 
Да не заборавиме дека францускиот парламент гласаше да ја признае Палестина, да не заборавиме дека Оланд беше кај Путин кој му даде поддршка за ЕвроАзијска економска унија. Ја мислам дека „некому“ ова му смета ;)
 
Јас не се сомневам дека новинарите се убиени
Но кој стои зад ова - не знаеме
Можеби е дело поединци психопати, но можеби е помогнато од некои кои имаат интереси
 
3. Имиња на загинати, никаде ОФИЦИЈАЛНО објавени. Се разбира, оваков настан не поминува без "ранети" (crisis actors), каде имаме бројка објавена во медиумите од околу 20.
Прв хит на гугл, а има многу. Само треба да знаеш како да бараш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom