Куќите во Чаир немаат никакво историско културно значење, тие куќи само плашат луѓе , во никој случај не привлекуваат.
Тоа што го гледаш во Скопје не е никаква Сиена , туку само една фавела или гето.
Не сум бил во Сиена , претпоставувам во стариот дел од градот (кој не е голем) не живеат многу луѓе , туку нудат сместување на туристи.
Во Чаир живеат луѓе , 20.000 луѓе на м2, едно од најгусто населените во Европа.
Албанците намерно се пикани во таа средина (фавела-гето), и оставени се да живеат без закони, арно ама да не излезат од тие граници. (другите населби биле планирани за новите македонци кои доаѓале од цела Македонија и Егеј)
Нема сличен изглед на албанска населба, било каде да бараш (Албанија, Косово , Србија, Црна Гора, западна Македонија....).
Ова е поврзано и со сиромаштијата, немањето никаква екзистенција, иначе кој не сака да има канализација, да има 5-6 соби, да има светлина, двор, паркинг место, паркови...)
Доколку постои добра волја од власта овој проблем може да се реши.
Тоа е за жал вистината.
Како што минува времето се потешко станува за било каква промена, пошто старите куќи само не менуваат со нови , а тоа не нуди решение на проблемот, повторно мака ќе мачиме да поминеме низ тие улици.
Барем треба неколку нови улици да се пробијат, со што пристапот кон главните улици би бил побрз.
Исто така треба да се проба со изградба на колективни згради, со компепзирање на старите куќи со станови.
Треба да се укрупнат парцелите.
Јас немам надеж дека ќе се поправи состојбата, а последиците ќе бидат почуствувани со генерации, се додека не превземе некој нешто.