“Форбс“: Македонија е 37-ма најдобра земја во светот за водење бизнис

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
“Форбс“: Македонија е 37-ма најдобра земја во светот за водење бизнис


Угледниот американски економски магазин “Форбс“ ја позиционираше земјава на 37-то место според можностите за водење бизнис, во конкуренција од 141 земја.


Македонија доби извонредно високи оценки за монетарната слобода, со што се наоѓа на вицешампионската позиција, а исто така и бирократските процедури се позиционирани на високото петто место во светски рамки.
http://tocka.com.mk/1/80300/forbs-makedonija-e-37-ma-najdobra-zemja-vo-svetot-za-vodenje-biznis
 
Кажи им го тоа на тие луѓе што бегаат од овде, а ги има во се поголем број.
Иначе да, одлична е за водење бизнис на:
1. Корпорации кои единствена цел им е тежок профит врз грбот на обичниот работник (роб)
2. Компании кои се директно или индиректно поврзани со високи политичари (криминалци) и за кои не важи никаков закон.
За сите други е ништо повеќе од мизерија.
 
Добро звучи насловот. Треба вака и во фудбал да се прави.

Македонија е 100та најдобро рангирана фудбалска репрезентација според фифа ранкинг листата :rolleyes:
 
Нормално дека е меѓу најдобрите за водење бизнис. Не мора да се замараш со правата на работниците, можеш да ги плаќаш кога сакаш и тоа со мизерни суми а ако бизнисот пропадне и сјебеш стотици фамилии можеш да киднеш без последици.
Не добра, одлична е!
 
Па со оглед на тоа колку странски фирми дојдоа да инвестираат тука, мислам дека заслужуваме и некое понапредно место. Само лошо е тоа што вработените земаат никакви плати.
 
Се шо го избрка Србија - дојде овде.Последното упориште на мизерно евтина работна сила,каде 37-мо,треба да сме боље:nesumjas:
 
Па со оглед на тоа колку странски фирми дојдоа да инвестираат тука, мислам дека заслужуваме и некое понапредно место. Само лошо е тоа што вработените земаат никакви плати.

Тоа се ситни инвестици во височина од неколку милиончиња. Верувам дека има домашни фирми кои инвестираат повеќе но не добиваат ни минута внимание на вестите и никакви други олеснувања како странциве. Во други земји се инвестираат тешки милијарди па никому ништо. Сеуште овие странски инвестиции, под овие услови (минимални плати, не плаќање на комунали, други давачки итн.) ги сметам овие инвестиции за повеќе штетни него што помагаат. Се гледа и по бројот на луѓето кои бегаат од државата. Види колку ни е ГДП и спореди со другите држави кои високо се рангирани на листата и све е јасно.
 
Не сум економист, ама во листата има еден критериум што мислам дека е многу битен, таканаречен GDP per kapita.

Пази сеа ваму:

1
Denmark


37,800

2
Hong Kong


52,700
3
New Zealand

30,400

4
Ireland


41,300

5
Sweden


40,900

6
Canada


43,100

7
Norway


55,400

..............





29
Chile


19,100

30
Israel


36,200

31
Macedonia

10,800

32
South Korea


33,200

33
Cyprus


24,500

34
Mauritius


16,100

35
Malta


29,200


Не е голема разликата многу не? Шест илјади долари по жител помалку од Мауруциус. Ако рангираме по тој сегмент, Македонија на листава е на ~80 место. :vrtioci:

But that's non of my business, важно може некој да дое и да ни врши модерна окупација неплаќајќи никаков данок и давајќи минимални плати.
 
30 посто од населението живее ПОД прагот на сиромаштија

Enough Said
 

Toa ти е куповната моќ на населението БДП по глава на жител.
Моментално сме 3ти најсиромашни во Европа Зад нас се само Албанија и БиХ.
Тоа им оди во прилог на компаниите што инвестираат кај нас затоа што добиваат евтина работна рака. Народот наш се фаќа за сламка. Владата ќе загарантира минимум 9-10.000ден плата. а странската компанија ќе си се придржува до таа регулатива.
Владата среќна што овозможила намалување на невработеноста.
Компаниите среќни што има овци што им рмбаат без пари.
Граѓанинот нека ја тепа главата со 150-200€ месечно.
Со тие бројки сме една третина од просекот на ЕУ. Ја незнам што бараме во ЕУ вакви голтараци.
И прашање е дали ќе се подобриме некогаш со 0.1-0.6 прираст на БДП
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom