Пијопол - друштвена игра 18+

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.458
Поени од реакции
8.654
Возраст
34
Повеќето ја знаат како Cugopol или Drinkinpoly на англиски.
10848574_314333535426615_4072180319192505629_o.jpg


https://www.facebook.com/pijopol

Јас ја имам онаа српската верзија и искрено да ви кажам никад не изиграв со никого, затоа што прво и прво не пијам алкохол многу освен пиво две и тоа ретко. Тогаш ја купив играта мислев ај сигурно не мора па и до толку да се пие акохол ама има некој карти за влење со доста пиење.
 
Доста им е глупо имево ама тоа :confused: Не знам кое би било поарно македонско име за играва.
 
Ајде народе навали, сега името на играта не ви чини, нели оти е македонско, нормално. А цугопол и drinkinpoly шо да ти кажам, едни фасцинантни имиња, децата ќе си ги крстам така.

Има повеќе информации кога ќе излезе, кај ќе се продава, по која цена?
 
Jас мислам дек вака би била по оргинална "Даби цицка ве испила".
Инаку ми гледат ко интересна игра, онака дур врнит, да тепаш досада и да се надринкаш.
 
Чашкомет е добар предлог! Ако не е проблем ќе го имаме во предвид за некои следни вакви игри. :)

Иначе, продажбата старта за неколку дена, ќе разберете ако не објавиме сега детали околу цена и денот на излегување, но ќе биде многу брзо. А играта на почеток ќе може да се купи од нашата веб страна, а потоа и низ продавниците ширум државава.

Поздрав и се надеваме дека Пијопол ќе ви биде добра занимација во овие зимски денови.
 
Игравме еднаш и Раде го местеа, а бе викам седете мирни тие не, и почна да го треси шифоњерот, реков батали ова :icon_lol:.[DOUBLEPOST=1418233698][/DOUBLEPOST]Со пиво се игра оти пожестоко нешто нема ни до пола до дојде, зошто жолти пија на екс, и вика пак жолти на екс :icon_lol:?
 
Не е филингот со купена игра, се знае земаш еден лист од блок (оние школските) и земаш црташ, си ја правиш сам според алкохолите кои ти се на располагање.
 
Не е филингот со купена игра, се знае земаш еден лист од блок (оние школските) и земаш црташ, си ја правиш сам според алкохолите кои ти се на располагање.
Брат шо е до мене не требит ни лист, ни струја, ни пишење, ни бутури, саде да имат нешчо да се креват. Да работат бицепсо горе долу.
:D
 
Игравме еднаш и Раде го местеа, а бе викам седете мирни тие не, и почна да го треси шифоњерот, реков батали ова :icon_lol:.[DOUBLEPOST=1418233698][/DOUBLEPOST]Со пиво се игра оти пожестоко нешто нема ни до пола до дојде, зошто жолти пија на екс, и вика пак жолти на екс :icon_lol:?

А не :) Пијопол за разлика од другите рамномерна е во однос на жолт пие, зелен пие итн... Сите пијат рамномерно, едино коцка ако не те зафркне :) А и не е само на пиење бај д уеј. И на соблакање е. :D

Иначе освен со пиво, и со шприцер и со бунар е тестирана играва и топ е. Со жестоко ептен хард кор е. Утредента у очи нема да може да се погледнете :) Ама ако го сечете, рецимо водка-џус или нешто така не е страшно. Сме мислеле и на тоа, да може со повеќе пијачки да пројде. Со чај на пример, најдолго издржавме.
 
И при крај на играта влечеш карта со казна да го изговориш 10 пати името на играва.И почнуваш: пијопол,пијопол, пиопол, пивопол, пивовол,пијовол, пијогол.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom