Новогодишно осветлување на Град Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата musketarr
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Неколку прашања кои треба градот да и ги објасни на граѓаните:

1. Зошто десет години по ред една иста фирма го добива тендерот за новогодишното украсување на Скопје?
2. Зошто е потребно секоја година да се купуваат нови светилки за украсување на градот?
3. Што се случува со старите светилки секоја година?

Ако темава не е за овде преместете ја, но сепак ова е голем бизнис.
 
3. Прегореле :pos:

Мислам дека беше пред 2 години кога Скопје најубаво беше украсено. Низ цела Илинденска и Партизанска имаше сијалички од едната страна на тротоарот до другата преку самата улица. И така на секој 2-3 метри низ цел булевар.. као небо со ѕвездички :pipi: Е сеа којзнае тоа колку коштало ама преубаво беше :)
 
Затоа што државава е издркотина од библиски размери и во неа живее најглупавиот народ во универзумот.
 
1. Зошто десет години по ред една иста фирма го добива тендерот за новогодишното украсување на Скопје?
Бидејќи тимот што победува, не се менува. Ако лани се погодиле светилките, зошто да се менуваат оваа година!? Можи тие другите не се доволно квалитетни, можи се кинески од Али Експрес порачани и работат по 2-3 саати и после прегоруваат. Кое е тоа правило да мора секоја година различна фирма да добива тендер!? Што ако останатите фирми се срање и нудат скапи и неквалитетни услуги!? :icon_lol:
 
Обрати се во град Скопје и може да ја побараш целокупната тендерска документација и ќе ја добиеш пошто тендерот е затворен.
 
3. Прегореле :pos:

Мислам дека беше пред 2 години кога Скопје најубаво беше украсено. Низ цела Илинденска и Партизанска имаше сијалички од едната страна на тротоарот до другата преку самата улица. И така на секој 2-3 метри низ цел булевар.. као небо со ѕвездички :pipi: Е сеа којзнае тоа колку коштало ама преубаво беше :)
Скопје во целина никогаш не било украсено, па уште помалку и убаво
Тоа што го пиша за Партизанска - е точно, но тоа не е Скопје, е дел, а веројатно беше заслуга на Стевче- оти беше само во неговата општина , но дали можеш истово да го кажеш за населби пр.Црниче,Стар Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче, Чаир, Железара, маџари ... таква мизерија беа со некоја бедна искривена елка поставена на некоја демек крстосница и некоја бледа копија на ирвас од слама - со сијалички ко од моето детство поставени на две бандери и три круши :facepalm: ако тоа им буди празнично расположение на градоначалниците на општините тогаш можам да претпоставам какви им се секојдневијата :sick:
 
Неколку прашања кои треба градот да и ги објасни на граѓаните:

1. Зошто десет години по ред една иста фирма го добива тендерот за новогодишното украсување на Скопје?
Затоа што 1% од парите шо им ги исплаќа град Скопје одат за фирмата, а останатите 99 % за фамилијата. Добро делат со државата :pipi:
2. Зошто е потребно секоја година да се купуваат нови светилки за украсување на градот?
Фиктивно се купуваат сијалички, а фактички парите одат кај Грујо
3. Што се случува со старите светилки секоја година?
Демек прегоруваат, испуштаат штетни материи од кои му се суши мозокот на македончето све поише и поише и така некој секоја година си дрпaат пари, а македончето си ќути. А шо да праи друго, коа тоа шо краде државата е за негово добро, за негово здравје и поубава новогодишна атмосфера. Следната година ќе ставале вакви сијалички
Paper_Sheep_LAMP_0266_Lanterns_String_Lights.jpg

41aPaHpQS0L.jpg

Бидејќи е заштитен симбол на македонците.
 
Скопје во целина никогаш не било украсено, па уште помалку и убаво
Тоа што го пиша за Партизанска - е точно, но тоа не е Скопје, е дел, а веројатно беше заслуга на Стевче- оти беше само во неговата општина , но дали можеш истово да го кажеш за населби пр.Црниче,Стар Аеродром, Кисела Вода, Ѓорче, Чаир, Железара, маџари ... таква мизерија беа со некоја бедна искривена елка поставена на некоја демек крстосница и некоја бледа копија на ирвас од слама - со сијалички ко од моето детство поставени на две бандери и три круши :facepalm: ако тоа им буди празнично расположение на градоначалниците на општините тогаш можам да претпоставам какви им се секојдневијата :sick:

Е да, во право си, лошо се изразив, таа година Карпош и Центар беа убаво украсени, за другите општини и не знам баш.
 
Многу соодветни украси, тие пар постови погоре. Многу прикладни.
Sheeple rejoice!
 
Порано многу поубаво украсуваа, а последниве години ич не е убаво украсено. Од година во година се посиромашно, победно.
Колку би било убаво се да украсат во различни бои.......... еве пример вака:)

Leshan-Sichuan-New-year-Lights.jpg
 
Зошто ?
Исто е и со асфалтот, зошто се фирмите поставуваат лош асфалт ?
Одговорот е за да има нов тендер, така се врти парата, нашите пари одат кај наши луѓе
 
Мислам дека лани го искоментирав истово, веројатно во Драга Кајгана, зошто не се сеќавам дека постоела ваква тема. Скопје (Центар де :P) беше најубаво украсено во 2004 или 2005, не се сеќавам точно која година беше. Тогаш Космофон имаше поставено мрежа од жолти светилки над цел плоштад Македонија и по улица Македонија па се добиваше впечаток како ѕвездите од најсјајното небо да се симнале многу блиску до нас. Плоштадот е од година во година се поштур, тоа морате сите да го признаете.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom