Bushcraft

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr. Wish
  • Време на започнување Време на започнување
Јас би ти препорачал да си побараш со подолна температура од таа нема зијан, еве оваа што ја користам ја користам и во лето ако идам на планина или риболов ако веќе носам вреќа никогаш не сум се препотил, ако ми е жешко ја држам цела одпетлана или "поднаврен" сум со неа или пак ќе ја искористам за додатна подлога за лежење. За овај период сум ја истестирал во контролирани услови на -7/8 спиев со подлога подебела долу само по веш маица и гаќи тотално комфорно без никаков проблем, со додатни покривки и алишта мислам дека и до -19 не би имал мака.
362a5310e4e91ff0c64fb5718348ff8b.jpg
 
Си имав купено парче рѓа за 50 денари од пазар сега му дојде редот за да ја стросам,ја зачистив рѓата со средства и благо стружење дојде онака винтиџ изглед, уште да се наточи. Прашањето ми е кај да најдам мала рачка кај нас, насекаде низ Битола, и низ големите маркети во Скопје како Хубо и сл, па дури и Икеа продаваат само големи рачки мала никаде не се наоѓа, краен случај ако не де наоѓа ќе земам голема ќе го прецртам дизајнот за мала и ќе шмирглам @eMilanist ?
bc35d7b8a8ada5835612235bdb36cf64.jpg
9f6be44a4262fc00441c0d32fcfe9e1e.jpg
f8b3fce2632dff6690aed55cbc9f43f8.jpg
 
Можеш и да направиш сам рачка, годовите да пазиш да бидат под агол и дрвото да биде суво. Даб, габер, јавор се добри за рачки.
 
Hello, интересна тема! Ме интересира каков е законот за носење ( поседување) самострел во планина? И дали некој знае како се прави убав лак во шума ( од кое дрво, каков конец...)
Пс: Мојот ранец за на кампирање ( нож, секира, ЈНА сет за јадење, сет за оган со 2 бик запалки, сув коноп како за чешми, кит за прва помош, шишенце со ракиа...)
 

Attachments

  • IMG_20190714_165641_256-01.jpeg
    IMG_20190714_165641_256-01.jpeg
    1,1 MB · Прегледи: 21
Оружје со тетива само на стрелиште за жал е легално....
Еве го мојот ранец.
Прегледај го приврзокот 225228

И мал дел од опремата за сечење :) :
Прегледај го приврзокот 225229
Море, не само промовирај елетизам со опремата зами делкај лажички, супер се ;)

Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk
 
Море, не само промовирај елетизам со опремата зами делкај лажички, супер се

Еве еден шумски дух....лажици и други фигурчиња друг пат :) .
20191214_174314.jpg
 
Кога веќе @Ѓуре спомна, кој е заинтересиран за правење лакови на стар начин, нека ги погледне книгите The traditional bowyers bible, во неколку делови е, ептен информативни. Ги има по Pirate bay и сл.
 
Може и без вреќа, подлога за доле ти треба, тие како тенок сунѓер што се. Ќебе ќе ти заврши работа, ако трпиш волна земи волнено.
Со шатор или без?
Помирно место за кампување во шума е секогаш што подлабоко во шумата :) .
Планирам со шатор но некое помирно место каде што има вода(рекиче некое).Ако знаете некаде слободно предложете
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom