Поригорозни казни за насилство, криминалитет и др. форми на неодговорно однесување???

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување

Дали казните за насилство, криминалитет и др. форми на неодговорно однесување треба да бидат повисок

  • Да

    Гласови: 27 96,4%
  • Не

    Гласови: 1 3,6%

  • Вкупно гласачи
    28
Ја сметам дека таа стратегија за поригорозни казни кај нас би функционирала само на хартија,во пракса тешко.Проблемот не е во казните од денес за утре,проблемот е во коренот.Темелот е трул,затоа и целата структура се распаѓа,па макар колку сака убава фасада нека има.Еве ќе си дозволам да забегам на кратко од темата и да го поврзам ова со образованието.Нашата драга држава направи да речиси 90% од децата после средно запишат факултет ко демек Македонија земја на образованието.И што се случи?Засиливиме на квантитет а масовно опаднавме на квалитет.Ама не е битно тоа нели?Битно нашата фасада ќе биде,дека секој има факс кај нас.
Така и ова.Као што погоре наведоа.Џабе повисоки казни кога на крај тие повисоки ќе ги кркаат пак сиромавите.А оние со партиска или од Х угнетувана националност или пак синови/ќерки на овој оној ќе се спасат.Џабе висока казна за паркирање која ќе му ја удрите на човек со едвај 200 евра плата а не на оној со 2000...
 
Ова е реалноста:
Во Чаир нема казни, а кај нас се се повисоки.
Разликата со тоа само се зголемува.

Ова е најпрост пример за тоа колку е многу побитно од големината на казните, нивното применување подеднакво за сите граѓани.
 
Казните за кривични дела се сосема во ред
За убиство во сообраќај, што представува убиство безпредумисла, не е мала казна од 5 години затвор
Мене ми пречат високите парични казни за пекршоци. Имам сомнеж дека ти казни се толку високи за да го полнат буџетот
За не давање фискална сметка на износ 50 денари, казна од толку и толку илјади евра и затварање на дуќанот толку и толку време
Претерано е.....
 
Сите постоечки казни треба да се зголемат за пута три, најмалку.
Но само со формирање на некое независно тело што ќе ја контролира работата на извршните органи за ред и мир. И нив ќе ги казнува пута ПЕТ пати поголеми казни!!!

И да воведат 100% транспарентност и можност граѓаните анонимно (и со видено снимки со одреден квалитет) да пријавуваат пропусти во работата на инспекциите и полицијата.[DOUBLEPOST=1417254790][/DOUBLEPOST]Тешка утопија, знам... :cautious:
 
Сите постоечки казни треба да се зголемат за пута три, најмалку.
Но само со формирање на некое независно тело што ќе ја контролира работата на извршните органи за ред и мир. И нив ќе ги казнува пута ПЕТ пати поголеми казни!!!

И да воведат 100% транспарентност и можност граѓаните анонимно (и со видено снимки со одреден квалитет) да пријавуваат пропусти во работата на инспекциите и полицијата.[DOUBLEPOST=1417254790][/DOUBLEPOST]Тешка утопија, знам... :cautious:
хехе, во меѓувреме допиша:)...кај нашите соживотни (они де со кои делиме соживот) треба да се влезе со тешка артилерија за да се наплати казна за цигара или за плукање, камоли за друго. Да не ги редам секојдневните глетки кои ни за во село ни за во град се? Коњски запреги, овци преку булевар (Словенечка м.з.), трицикли старо купувам, коњски измет, шкорпион као средство за разговор ...Не биѓаа. Некој-некои од наша ни лупна автогол и сега ако сакаш убиј се од трчање, биди Панчев Пандев заедно, не моеш да вратиш резултат. И да дадеш гол, некој од наша пак се труди да даде уште еден автогол.
Првата негација на правната држава паѓа на овој испит и на точка корупција. Не дека е чудна за балканските држави корумпираноста ама овде нас не засега.
 
Нема каде нема корупција, ама ние овде зборуваме за корупција уште од најниско ниво (и организирана од оние што наводно треба да не штитат од неа). :-/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom