Можно ли е да се создаде суфицит на програмери во блиска иднина?

  • Креатор на темата Креатор на темата DAoliHVAR
  • Време на започнување Време на започнување
D

DAoliHVAR

Гостин
Здраво,јас сум ученик од 4та година средно.Компјутерите и програмирањето ми се многу важни уште од мали нозе.Кратко кажано единственото нешто што би се гледал себе како го работам во иднината.
Сега гледам финки препун,од цела Македонија на финки сите.Тоа е се супер ништо против луѓето,но можно ли е да се случи истата ситуација како економистите и правниците?(премногу да ги има).Ова го прашувам бидејќи сум во такво време од животот каде што оваа одлука што ќе ја направам може да смени многу работи..
 
Ако програмиравме за пазар во Македонија и моментално ќе бевме суфицит, како правниците/економистите

Добра работа е што има огромен недостиг на програмери - но пред се квалитетни програмери.
Голем дел заминуваат во странство, се отвораат нови фирми кој работат со странски клиенти, скоро секоја IT фирма во Македонија има отворен конкурс за вработување...

+ ако некој видел шанса за вработување и се запишал на Финки, не значи дека ќе заврши како програмер.
 
ова не го сваќам,може да ми го објасниш на друг начин?:D:D
90% од IT фирмите во Македонија програмираат за странски клиенти.

Додека има таков пазар ќе има потреба за програмери во Македонија
 
Здраво,јас сум ученик од 4та година средно.Компјутерите и програмирањето ми се многу важни уште од мали нозе.Кратко кажано единственото нешто што би се гледал себе како го работам во иднината.
Сега гледам финки препун,од цела Македонија на финки сите.Тоа е се супер ништо против луѓето,но можно ли е да се случи истата ситуација како економистите и правниците?(премногу да ги има).Ова го прашувам бидејќи сум во такво време од животот каде што оваа одлука што ќе ја направам може да смени многу работи..
И што!? Ти е страв да не се преполнат фирмите и да не нема работно место за тебе? Мора ли да работиш за друг? Ако нема место во фирмите, ќе отвориш твоја фирма и ќе работиш во неа чим толку сакаш да работиш, а може и други да вработиш (ако сакаш повеќе профит, нормално). Плус, не мора за македонска фирма да работиш, може и за странска, преку интернет.

Милион IT фирми има моментално во државава, и уште милион ќе се отвораат во наредните години. Не се секирај, ќе има работа и за тебе, само гледај да ти фаќа кликерот, за другото не бери гајле.
 
Ќе има работа се додека не почнеме да пишуваме програми што ќе пишуваат програми :)

Во блиска иднина тешко тоа, затоа што сите компании во светот без разлика со што се занимаваат имаат потреба од "информатичари"..сите зависат од интернет-мрежи, интерни системи, сајтови, користат компјутери итн...секогаш ќе има работа.

Ова е општо за цел свет, само за во Македонија не би зборел многу пошто реално глупо е да се фокусираш само во Македонија кога буквално го имаш цел свет отворен за можности а пак да работиш од Македонија. Добрата работа за во Македонија е што имаме низок стандарт ( :oops: ) па многу странски компании-клиенти сакаат да соработуваaт пошто сме ефтини во споредба со другите држави.

Исто така, бројот на запишани студенти нека не ве лаже, 50% не преживуваат до втора-трета година, другите што ќе останат дел од нив врска немаат со тоа што учат и што сакаат во животот да работат. Компаниите кога бараат програмери итн..се измачуваат малце пошто како што спомна некој..немаме МНОГУ квалитетни програмери..
 
Здраво,јас сум ученик од 4та година средно.Компјутерите и програмирањето ми се многу важни уште од мали нозе.Кратко кажано единственото нешто што би се гледал себе како го работам во иднината.
Сега гледам финки препун,од цела Македонија на финки сите.Тоа е се супер ништо против луѓето,но можно ли е да се случи истата ситуација како економистите и правниците?(премногу да ги има).Ова го прашувам бидејќи сум во такво време од животот каде што оваа одлука што ќе ја направам може да смени многу работи..

Ако навистина се занимаваш со програмирање уште од мали нозе, тогаш земи додека сеуште не си завршил средно, оди посети по некој курс за програмирање во Семос Едукација или во Сеавус.

Знам за Семос Едукација дека дозволуваат бесплатно присуство на едно предавање по било кој курс, за да видиш и самостојно да дојдеш до заклучок дали навистина те интересира таа професија.

Проблемот со образованието во Македонија не е конкретно во ФИНКИ, туку општо во целиот образовен систем.

Подобро образование од областа на информатичка технологија ќе стекнеш на ФИНКИ отколку на приватните универзитети, но најдобро образование од областа на информатичката технологија, барем за програмирање, ќе стекнеш во Семос Едукација или во Сеавус.

Многумина ги има кои ќе ти кажат дека сертификатите од Мајкрософт или од Оракл (за Јава) или од Циско - кои патем, се признаени во цел свет и нема нострификација или не знам какви дополнителни процедури за нивно признавање во странство, како што е во случајот со македонските универзитетски дипломи - се за тазе дипломци или за постдипломци и дека повеќе постојат за усовршување на веќе стекнатите програмерски знаења и вештини, но од личните искуства на мои пријатели и соработници, можам да ти потврдам дека во Семос Едукација или во Сеавус ќе стекнеш многу повеќе знаења и вештини - конкретно за програмирање - отколку на било кој факултет во Македонија, без разлика дали е државен или приватен.

А кога сме кај суфицитот, тој ниту постоел, ниту постои, ниту ќе постои, бидејќи биди сигурен, сигурно минимум 30% од тие кои се запишаа оваа година на ФИНКИ ќе се занимаваат со нешто сосема друго откако ќе дипломираат, а некои од нив можеби и ќе се отпишат уште додека трае актуелната академска година, бидејќи ќе им стане јасно дека едно е брзата заработувачка, а друго е лесната заработувачка. Програмирањето е брза заработувачка, но не е ни малку лесна, како што си мислеле кога се запишувале.

Помини до Семос Едукација или до Сеавус и прашај ги кога се одржуваат часови по некој конкретен курс по програмирање кој тебе би те интересирал и дали може бесплатно да присуствуваш на едно од предавањата по истиот тој курс.

Доколку те фати интерес, прашај кога наскоро би се формирала нова група за одржување на истиот тој курс, кога би почнал истиот, до кога би траел и колку би те чинел курсот.

Ако успееш да фатиш некој курс оваа зима или наредната пролет, се додека не започнале наредните уписи за на факултет, и доколку парите не ти претставуваат проблем, запиши се на некој од тие курсеви и од прва рака ќе почувствуваш дали навистина те интересира тоа поле од областа на информатичката технологија за да не направиш фатална грешка, па да се запишеш или уште полошо, да завршиш факултет по некој смер кој тебе не те интересира или кој, без разлика колку се трудиш, сепак не успеваш да го разбереш.

Ова ти го спомнувам бидејќи познавам и такви кои денес работат како шанкери и келнери откако завршија информатички факултет - некои на државни факултети, некои на приватни факултети, знаат да ја научат материјата за на колоквиум или за на испит, знаат да направат одлични проектни/семинарски задачи и да завршат факултет со просек над 8, а некои и со просек над 9, но кога ќе седнат пред компјутерот и ќе го видат програмскиот код, едноставно посакуваат да се врати времето назад и да се запишат на некој друг факултет.
 
Последно уредено:
Прашањето ти е на место, реално за почетник програмер, барем моментално е многу потешко отколку пред да речеме 6-7 години кога јас почнував. Ќе ти понудат пониска плата, можност за пракса/волонтирање (читај работа за без пари), меѓутоа додека влезеш во некоја фирма колку да се запознаеш со работите или во превод првите 2-3 години. Потоа знаејќи ги фирмите, пазарот на труд, кој колку плаќа, дали плаќа, прекувремено итн, ред работи што се поврзани со таканаречената (не)култура на работа во одредена фирма ќе може да менуваш фирми и да гледаш работи што тебе ти одговараат во дадена фирма, па крај краева може и да ја здувнеш од тука или да работиш самостојно за странци, но првата работа што треба да ја направиш е да изучиш занает.
Реално, никој не сака некој што нема работено барем една година и да не знае како да се снајде (а сите почетници се такви, без разлика колку се добри), но сепак мора од некаде да се почне.
 
Здраво,јас сум ученик од 4та година средно.Компјутерите и програмирањето ми се многу важни уште од мали нозе.Кратко кажано единственото нешто што би се гледал себе како го работам во иднината.
Сега гледам финки препун,од цела Македонија на финки сите.Тоа е се супер ништо против луѓето,но можно ли е да се случи истата ситуација како економистите и правниците?(премногу да ги има).Ова го прашувам бидејќи сум во такво време од животот каде што оваа одлука што ќе ја направам може да смени многу работи..
Компјутерите и програмирањето ти е глобален пазар друже и нема потреба да се ограничуваш на Македонија, можеш многу лесно да оутсурсаш за солидна сума на пари.

Освен тоа ако учиш програмирање најверојатно ќе го владееш англискиот јазик(барем јас не гледам некој да би успеал без англиски солидно да се образова во дотичнава област)

П.С Дури и да се решиш подоцна нешто друго да работиш нема да бодеш зијан компјутерски вештини да научиш пошто работи во симбиоза со сите останати гранки без разлика дали зборуваме за бизнис или наука.
 
Секаде во светот и кај нас постои разлика меѓу два термини КВАНТИТЕТ и КВАЛИТЕТ. Било кој човек кога купува во супер маркет бара квалитетен леб, млеко така никој не сака да купи расипано млеко или стар леб. Доколку направиш споредба истото ќе го добиеш за било која област во економијата.
 
Кај нас сеуште нема да стане суфицит, пошо пола од програмерите кога ќе завршат факс не знаат да сврзат 5 реда код. А дипломата не куца сама.
 
Кај нас сеуште нема да стане суфицит, пошо пола од програмерите кога ќе завршат факс не знаат да сврзат 5 реда код. А дипломата не куца сама.

Индија и Азија имаат хиперпродукција на програмери во свет. Образувани со јаки дипломи.
 
Тие програмери што си ја знаат работата и вредат нешто се надвор од МК а останати се тие шо не знаат саглам да програмираат односно внесуваш испратница и само тогаш ти дава точно.
Секој нареден влез при продажба или си кусок или вишок три пати повеќе од внесеното по испратнтица.
Како вториве веќе има останато огромен вишок и само кукаат дека нема работа
Епа нема кога не знаете еден асален програм да направите
 
Ако го игнорираме местото од кое работат, апсолутно си во право, а ако не, тогаш грешиш. Не сите што вредат нешто се надвор, напротив, повеќето се тука ама работат за надвор. Зошто и како тоа е долга дискусија, и треба да навлеземе во политика, економија, и т.н. Затоа накратко - надвор потешко се добива работа како програмер, отколку што се добива тука за надвор.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom