Sungerot Bob
Живеј го животот
На барање на православните Албанци во Македонија, Македонската православна црква – Охридска архиепископија одобри во црковните храмови да можат да се одржуваат богослужби на албански јазик. Литургија на албански јазик наскоро, како што пишува денешен Дневник, првпат треба да биде одржана во некоја од православните цркви во Македонија како израз на подготвеноста на МПЦ-ОА да им излезе во пресрет на барањата на православниte Албанци.
Засега не е познато кога и во која црква ќе се одржи ваквата богослужба, но се знае дека тоа ќе биде панихида во спомен на Kристо Багери, син на познатиот албански преродбеник Јосиф Багери. Се навестува дека првата богослужба би можело да се случи на пролет в година. Вакви и слични богослужби ќе можат непречено да се организираат секогаш кога ќе има потреба и барања од верниците.
Синодот на МПЦ-ОА веќе донел одлука со која се одобрува таквата богослужба која ќе ја изведат двајца свештеници што го знаат албанскиот јазик.
- Светиот синод на МПЦ одобрува да се ангажираат свештеникот Ристо Kумбуровски од Kичево, кој потекнува од Албанија и го владее албанскиот јазик, и еден претставник од Гостиварското архијерејско намесништво со благослов на надлежниот митрополит на Тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф, да можат да ја богослужат панихидата на албански јазик во деновите што се одбележуваат во мавровските села, се наведува во синодската одлука донесена на почетокот од октомври годинава, а потпишана од архиепископот г.г. Стефан.
Синодскиот портпарол, владиката Тимотеј, вчера за весникот потврдил дека таквата одлука е донесена и оти ќе биде спроведена.
- Панихидата ќе ја одржат двајца наши свештеници, кои потекнуваат од село Пустец од Албанија, во која живеат наши Македонци. Тие свештеници се школувале во нашата Богословија во Драчево и дозволено е да се одржи таквата богослужба. Слични служби ќе се организираат секогаш кога ќе има вакви барања и кога ќе има верници што ќе присуствуваат, вели владиката Тимотеј.
Тетовско-гостиварскиот владика Јосиф ќе определи во која црква ќе се одржи првата служба, а извесно е дека ќе биде во мавровскиот крај. Публицистот Бранислав Синадиновски, кој објавил повеќе трудови за православни Албанци, објаснува дека Kристо Багери е посебна личност.
- Освен што е син на преродбеникот Јосиф Багери, за него е најпознато тоа што како 16-годишник загинал во една комитска чета во околината на Битола. Тоа се случило во 1906 година, три години по Илинденското востание. И тој како православен Албанец загинал за слободна Македонија борејќи се против турските окупатори. Неговиот татко го надживеал, а за смртта на својот син напишал и една преубава елегија, вели Синадиновски и додава дека постои иницијатива на младиот комита да му се подигне споменик во Битола.
Наим Иљази од друштвото „Јосиф Багери“, кое се ангажира за афирмација на православните Албанци верува дека литургијата ќе се одржи во мај догодина.
- За тоа искажуваме голема благодарност кон МПЦ. Треба да знаеме дека културното разбирање е клучно за една поефикасна меѓусебна комуникација и за градење еден граѓански концепт за полесно решавање на општествените недоразбирања и проблеми. За жал, постојат луѓе што ја истакнуваат својата верска или етничка припадност како посупериорна во однос на другите етнички заедници, кои ги сметат за инфериорни и недостојни да учествуваат во општествените процеси за градење заеднички вредности, потенцира Иљази.
Извор: http://brif.mk/?p=170570
Мило ми е што има Чкљ чија вера е Христијанството, но во Македонска Православна Црква да се збори на албански......... кај уништуваат низ државава, сега зар власт сакаат и во верата и во црквата.
Ваше мислење...

Последно уредено: