Секако дека Македонија бележи раст во поглед на потребите на туризмот , но јас лично сметам дека одиме во погрешен правец. Се тоа си е во ред со промотивен материјал и разни кампањи за развивање и влиаење на свеста на македонските и странските посетители, поентата ми беше неможеме ние како мала држава да шириме некој урбан туризам и да се носиме рамо до рамо со светски познатите туристички метрополи. Нашата влада која за жал раководи со бизнис потребите на туризмот, го игнорира своето богато културно наследство , да не заборавиме дека на овие простори владееле и свои траги оставиле видни цивилизации , понатака познати сме по винскиот туризам , руралните средини кој секогаш се интересни ѕа странските посетители , да не ги заборавиме нашите природни локалитети Куклица и Цоцев Камен кои се истражувани од светски познати научници и археолози, имаме 3 богати Национални паркови со ретки ендемски видови , изобилие од манастири кои пленат со својата духовна историја и градби, и понатака да не набројувам има уште преголем број богатства со кои располага нашата земја а кои со соодветна инфраструктура треба се повеќе да бидат ставани во туристичка функција и да се добие атрбут на значаен туристички производ, а со тоа и освежување на туристичкиот пазар и понуда која би била доста интересна и би преставувало нешто што би го привлекло вниманието на посетителите. Сметам дека се премногу игнорирани од страна на нашата тешка багра на политичари , кои упорно го силоваат туризмот со изградба на споменици и урбанизирање на нашиот главен град и секако ширење на антикампањи ѕа Охрид . Жално но вистинито !