The Velvet Underground се бенд, име на кое кога ќе ти текне и на пример сакаш да постираш нешто нивно, автоматски на ум ти иде дека за нив сигурно има тема на форумов. И ја бараш. Логично е да има, заслужено е да има, а до сеа немало. Епа..
Добро познатиот Lou Reed како главен создавач на групава се собрал со луѓе како John Cale, Maureen Tucker и Sterling Morrison и создал пионери во експерименталниот, психоделичниот рок и тогашниот во развој прото-панк во кој се пронаоѓале во на моменти нивниот тежок звук. Настрана тоа, текстовите на Lou и неговиот онака шугејз мек допир му даваат потполно примлив звук на бендот и прават легендарни албуми како нивниот дебитантски The Velvet Underground & Nico и се запишуваат во историјата со прилично дебели букви.
Во нивната кариера им следуваат албуми како White Light/White Heat и The Velvet Underground во кој гитаристот John Cale е заменет од страна на Doug Yule. Loaded им е четвртиот албум кој се има на сто и деветтото место во магазинот Rolling Stones во делот за најлегендарни албуми на сите времиња, додека нивниот дебитантски, гореспоменатиот The Velvet Underground & Nico е тринаесетти на истата листа. Петтиот и нивни последен албум е Squeeze кој излегол под нивнот име ама не бил правен од оригиналните членови.
Некои го сметаат бендов за мост помеѓу пацифистичките тематики во музиката од доцните 60ти и хаосот во музиката кој го носи панкот во 70тите.
Опстоеле од 1965 до 1973, а во 1990 Lou и Cale се споиле повторно, па се до 1997 година. Период во кој издале албум наречен Songs for Drella посветен на неодамна починатиот Andy Warhol.