Студирање во Англија

  • Креатор на темата Креатор на темата DobbY-DobbY
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 октомври 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Возраст
29
Би сакала да студирам во Лондон но дали може да работам додека студирам таму? И каде треба да се аплицира за виза за студирање? Што и да знаете ке ми биде од корист.
 
Сум слушнал дека само за туристички влез во Англија има доста многу процедури. Таму ке има што да работиш во секој случај е сега студирањето битребало да е скапо... Неможам за тоа да дадам мислење. Имаше еден човек што живее таму и член е на форумов па се надевам дека ке дадат тие што имаат искуство подобри мислења.
 
Последно уредено:
Би сакала да студирам во Лондон но дали може да работам додека студирам таму? И каде треба да се аплицира за виза за студирање? Што и да знаете ке ми биде од корист.
многу тешко се влегува на додипломски студии таму, би ти препорачал да се пробаш на некои попристапни места. Знам средношколци што успеаа да се запишат на факултети во Словенија, Словачка, Австрија. Студирањето е на нивни јазик т.е. во Словенија на Словенски, ама Словенскиот не е многу тежок за учење оти е сличен на хрватски, знаеш словенски јазик. Во Австрија и Холандија се наоѓаат универзитети на англиски јазик.
За во Англија студирање: прво ти бараат ненормални оценки на ТOEFL или IELTS. Потоа е изгор скапо, ако успееш да влезеш.
Треба да имаш ненормални квалификации само за да те примат, а за да добиеш стипендија да не правиме муабет. Имаш голема конкуренција од индијци (т.е. средношколци од комонвелтот, оти тие имаат многу фондации за стипендирање на нивни деца, башка што имаат предност во запишување пред деца од НЕ-ЕУ земји - Македонија.)
Имав средношколски другар кој освои сребро на олимпијада по Математика за средношколци во Казахстан и пак не успеа да земи стипендија за Imperial college London, па се откажа од тој факултет оти било скапо. Среќа во Австрија успеа да земи стипендија и да учи на англиски.

Еден совет за тебе. Ако си 4та моментално и планираш да одиш странство, било каде, земај сертификат (ТOEFL IELTS) најбрзо што можеш, бидејќи најмногу конкурси за студенти од странство, факултетите пуштаат во перодот од декември - март.
 
Нема врска, лесно е да се влезе на англиски универзитет. Зинати се за пари од странски студенти. Тешко е да се влезе на престижните факултети. Imperial College London е на рамниште на Oxford. За таму не бараат само високи оценки туку и волонтирање, познавање јазици, свирење инструменти, курсеви чуда. Обавезно прават и интервју со апликантите.

Високи поени на тоефл исто не бараат. Од 120 поени потребно е да имаш минимум 80, меѓутоа пак горе доле зависи од факултетот. Колку попрестижен толку повеќе поени бараат.

Цените мислам им се движеа од 11.000 фунти па нагоре по година. Мислам дека Шкотска е за нијанса поефтина и плус ако имаш бугарски пасош можеш да поминеш многу поефтино што не е случај со Англија.

Ако си озбилен за студирање во Англија аплицирај што е можно побрзо затоа што крајниот рок е 20ти јануари. Околу таа дата е негде. Се аплицира преку ucas.com, селектираш 5 универзитети и ја праќаш истата апликација на сите. Со преведени од нотар документи, препорака од професор и писмо зошто сакаш да студираш на нивниот факултет.

Најдобро ти е да пишеш Universities in Great Britain и по листата од википедија да ги најдеш страниците од факултетите и да читаш. Какви програми нудат, колку е тешко да се влезе, какви оценки бараат. Може ќе треба да ги прашуваш по емаил за оценките од македонските средни училишта затоа што често не се напишани па немаш баш осет какви оценки бараат.
У принцип сите информации ги имаш на страниците од факултетите. Задржи се посебно на делот International students затоа што таму има најмногу инфо.
И пази на кој факултет идеш затоа што и они имаат факултети ко нас, само пари бараат а никаков квалитет не нудат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom