Natural-girl
Morphine
- Член од
- 16 октомври 2007
- Мислења
- 3.462
- Поени од реакции
- 5.246
Перспектива е пресилен збор, и несоодветен понекогаш. Пример, Јанко од Јади Бурек ти е типичен сељак, но тој е валда единствен што може такви ствари да збори и праи, и пак да биде делумно интересен, и да делува како да е створен токму за тоа, читање весник на телевизија и јадење бурек. Погледни ја водителката од "Живот со стил", типката го има најиритирачкиот и шмизларски глас, а успева со правење своја емисија за област која неа ја интересира. Битно е да си имаш визија, замисла за твојата идна позиција, и оттука, можеш да станеш успешен во било што ако знаеш да го пробиеш тоа како нешто добро, корисно и интересно.
Можеш да бидеш било што, пример хаусмајстор ако те интересираат поправки по дома, ама со самиот елан кој ќе го имаш кога доаѓаш во нечив дом, секогаш тебе ќе те викаат понатака, и повеќе ќе се чувствуваш ко од хоби да поправаш нешто на комшијата, отколку дека ти е макотрпна работа, како што би му била на некој друг хаусмајстор кој постојано сонува дека таму некаде го чека некоја екстремно перспективна професија која сите ја посакуваат.
Проблемот е во тоа што сиромаштијата го убива еланот на луѓе кои се инаку заинтересирани за својата работа. Ама се` додека не дозволуваш еланот да ти исчезне и парите да ти бидат критериум за твојата почит кон професијата, океј си.