Трагедија: Почина познат македонски кошаркар на само 22 години!

  • Креатор на темата Креатор на темата Lil Lamb
  • Време на започнување Време на започнување

Lil Lamb

Сакам да се родам одново.
Член од
7 април 2014
Мислења
258
Поени од реакции
282
Локација
Лондон
Лесна му земја... Од што умираат нашите млади спортисти ...
Огромна болка и неизмерна тага ги потресе кошаркарските кругови вчера, откако на социјалните мрежи се појави веста за смртта на поранешниот кошаркарски младински репрезентативец на Македонија, Александар Којчевски, кој почина на 22 годишна возраст.
Станува збор за поранешен играч на Јуниор, Ангели и Торус, како и за средношколски екипи од САД. Од теренот се повлече пред две сезони, но продолжи да живее „преку барата“. Деновиве беше во Скопје поради обновување на документите за престој во САД, но не успеа повторно да замине таму.

Станува збор за момче кое рано се соочи со трагедијата, откако на само 17 години останал без татко. Погребот ќе се одржи денес на гробиштата Драчево.

Ова е втора кошаркарска смрт во кусо време, откако пред нецели четири месеци ненадејно и трагично не' напушти 15-годишниот репрезентативец, Филип Сотиров.
 
Страшно :( нека почива во мир
 
Нека почива во мир..

Само не разбрав од што всушност починал??
 
:( Мислам дека онака од природна смрт.
Е не може на 22 години „онака“ да си умрел... Или имал некоја сообраќајка или некоја друга несреќа, или пак имал некоја тешка болест, но ако имал тешка болест немало он сеа да ја продолжува визата за Америка и со тоа да се замара туку ќе се борел за живот и ќе бил во болница...
 
Трениравме заедно во репрезентација. Секогаш беше фин и насмеан, увек позитивна личност. Почивај во мир пријателе :place::place::place:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom