Карта на просечни плати во Европа

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
N

NikolaMKD91

Гостин
plata-1.jpg


До просечната плата е дојдено вака :

– Трајан има 10 јаболка. Петар има 0 јаболка. Просек, двајцата имаат по 5 јаболка!
– Директорот јаде месо, работникот јаде компири. Значи, двајцата јадат мусака.

Во Македонија стои дека просечна плата е 349 евра.

Балканот и Источна Европа традиционално имаат најниски просечни плати. Она што изненадува е што Белорусија отскокнува , таму просечна плата е скоро 450 евра. Додека пак Украина изненадува со пониска просечна плата дури и од Македонија со само 173 евра. Колку ли е таму тогаш минималецот...
 
До просечната плата е дојдено вака :

– Трајан има 10 јаболка. Петар има 0 јаболка. Просек, двајцата имаат по 5 јаболка!
– Директорот јаде месо, работникот јаде компири. Значи, двајцата јадат мусака.

Во Македонија стои дека просечна плата е 349 евра.
Се прашувам дали до просекот е дојдено така. Да беа земени во предвид оние со нула јаболка, просекот ќе беше под 200 евра. Кај нас мислам дека нулите се отстранети од равенката а направен е просек само од оние кои земаат плата. Поубаво изгледа.
 
Па толку е просечната. Факултетски образован со над 5 години искуство во правни, ит, економски вработувања платата е над 8000 илјади франци. Секако имаат огромни даноци и давачки. Месечно осигурување е од 300-350 франци па нагоре, само за ѓубре секој член на семејството плаќа по 50+ франци, кирија за стан е од 1500 франци па нагоре (за стан со спална, дневна со кујна).
Пријател кој што работи во credit suisse (швајцарска банка) во ит секторот, со јава и дата бази, на 28 години зема месечна плата од 10 000 франци + тринаеста плата + 30 работни дена годишен платен одмор + 500 франци месечно за патни трошкови. А кога ја доби работата, му дадоа стан за првите 3 месеци + купон со 5000 франци за опремување на станот.
 
Ние иаме повисока просечна плата од бугарите? :eek:
 
Ние иаме повисока просечна плата од бугарите? :eek:
На хартија, во пракса на исто рамниште сме. Баш пред некој ден зборев со еден пријател од Бугарија и тој ми вели дека најголем дел од населението во БГ работи за 170 - 200 евра, во Софија се нешто повисоки платите до 250 евра. Ама толку е бугарскиот просек. Плус тие се во ЕУ и НАТО. Истиот стандард со нив го имаме без евро - интеграциите, значи ништо не е гаранција. Единствено што на нив повеќе им вреди се пасошите.
 
Овие па словенциве, сите ние портокалови и жолти, убави топли јужни бои, тие зелени. Од секогаш сакале да се делат од другите!
 
па да де,затоа и толку чудење
Нема што да се чудиш,просек е тоа.
Како дошле до тој просек?
Би требало да има бранжи каде далеку помалку се заработува од тој просек и додај ги давачките што некој погоре ги напиша па ќе видиш како живее тој со заработка доста помала од просекот..до 15 на макарони од 15 на шкрги
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom