- Член од
- 1 јуни 2008
- Мислења
- 1.280
- Поени од реакции
- 458
За половина месец ќе започне кошаркарското првенство на Македонија за сезоната 2014/15. Годинава по се изгледа лигата ќе биде најизрамнета според квалитетот на тимовите во поновата историја, неколку сериозни екипи влегуваат во игра за титулата. МЗТ Скопје како актуелен шампион во сезоната влегува со намален буџет и целосно сменет ростер на играчи, на старите патеки се враќа и Работнички кој е засилен со Гечевски, Чековски, Димчевски итн, тука е силниот тим на Кожув претводен од колонијата на српски играчи на чело со најдобриот центар во лигата Урош Луковиќ, Карпош Соколи со проверени играчи од типот на Кнежевиќ, Мијајловиќ ќе биде силен противник за сите тимови, Фени Индустри исто така пополека се враќа со неколку квалитетни засилувања и имаат навистина квалитетен и искусен ростер на играчи, во Куманово им се врати лидерот на екипата од пред 2 сезони Александар Костоски, а сите знаеме колку е всушност тешко да се добие натпревар во нивната сала, исто така треба да се спомене и тимот на Струмица кој го врати американецот Брукс, а таму се уште 3-4 играчи од Екс-Ју просторите, останатите тимови во лигата се Гоце Делчев, Т Баскет и Лисици кои најверојатно ќе се борат за опстанок. Ваше мислење за сите промени во екипите од Првата Лига, кои играчи ќе бидат помеѓу најдобрите во лигата, дали МЗТ конечно ќе биде срушен од тронот???