А не е и книгата подарок за секого. Шо ќе му купувам книга на некој што никогаш не отворил книга, а не пак да прочита? Да му фаќа прашина? Епа не, ќе купам нешто покорисно за тој тип на човек.
Ретко подарувам книги, ептен ретко, не сум јас крива што немаат осет за уметност. И да се навратам на темата, зависи за кој како нормали, на милата моја мала братучетка, и купувам нешто по лесно, ете, чик литература, со розови и виолетови корици, срциња, цветчиња шо знам дека ќе ја натераат да ја прочита а и лесна литература е во два здива се чита, на пријателката - прајват инвестигејтр, убиствени, за мозокот измачувачки, со убиства, крвопролевање. А на драгиот ,,колега‘‘ за некои музичари, и тоа..
Завиткани со црвена свилена лента, и заврзана машничка, хау кјут.
Реков и на почетокот, многу малку книги имам подарено. А јас сакам книги да ми подаруваат, а имам само 2 книги добиено. И тоа пред едно две години. Налет да е од рамките за слики, часовниците, држачите за накит.
