Претерана дебелина кај децата од предшколска и рана школска возраст

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Факт е дека децата имаат смалена физичка активност.
Ние го имавме маалскиот живот па често комбиниравме фудбалче, баскет, жмурка или некоја таква игра.
Дремат на компјутери играат игри и мцкаат хамбургер и кока кола.
Во школо часовите по физичко некои од наставниците им ги заменуваат со други предмети, пошто кај нас физичкото уште не се третира како предмет на кој се стекнуваат навики за здрав живот и од таму да се вадат потенцијални таленти во некој спорт.
Е сега некои се и склони на дебелеење па од мали си имаат мака.
Штета е што на исхраната не и се посветува доволно внимание. Имаме разновидни и свежи количини на зеленчук и овошје, а ретко се внесуваат вакви витамини во исхрана.
Да не збориме за тоа како некои родители и ретко готват па нарачка на брза храна им е единствена опција, јер обврски, враќање доцна од работа итн.
 
Се е до генетиката,па после до исхраната и активност. И јас бев буренце ама седмо спрема осмо одделение се извишив и ослабнав.Баш кога гледам слики од мене мала 6 годинки на одмор во Дојран се чудам -огромен мев, едни копани па па.А прибирлива бев во однос на храна и многу физички активна .Не е дотолку страшно буцкасто детенце,пострашно ми е на пример млади девојки и дечки кога ке видам низ град што се буквално дебели, едвај се двишат од што им се тријат нозете.Тие не знам какви биле како мали, ама многу тешко им успева да ослабнат и со најригорозни диети.А дете мало па да го ставиш на режим жал ти е се сака да проба ,стрвничко.Најбитно салата и супа/манџичка да има дома секој ден и да се научи тоа да јаде.Слатки,торти и прженици и да му збориш дека не чини нема фајде.После во пубертет кога се посвесни, ако се буцкасти самите ке ги исфрлат од менито.
 
Не ни бега Америка кога децава 24/7 се пред ПЦ со 2 литра кока-кола и 2 кила чипс. Прашај ги дали се растрчале надвор .....
Иначе да се надоврзам на темава за дебелина : Една колешка ме прашува како да ослабела (многу сакала да биде слаба како мене :cool:) . И ја прашувам што прајш у денот и колку пута јадеш и таа ми вика некоја диета имала 3 месеца ,цел ден ништо не јадела освен овошје и зеленчук . И ок и викам не е можно 3 месеца ништо да не ослабеш . И она се чуди. И ја прашувам а дали пиеш газирано и јадеш грицкалици и благо и она ми вика грицкалици и газирано не јадела и не пиела ама навечер особено кога имала сесија и учела си грицкала наполитанки. И пак и викам не е можно од тоа да не ослабеш ич.Ја прашувам колку често и коа ми кажа дека кило чоколадни политанки ги топела за 1 саат ја :eek:
Шо да и кажам на тоа освен ..."и ја се чудам зашто неможеш да ослабеш " :cenzura:
 
Во разивените и нормални држави постои данок на дебелина, а чоколадите, чипсовите и соковите се со акциза исто како и цигарите.
Треба да се воведат строги казни за родителите чии деца се здрави прави, а од друга стана ги дебелат. Пример за секој килограм над нормалата месец дена затвор за родителот.
 
Во времето на баба, децата ги залажувале со јаболко, оревче, сливка, круша...работеле многу и немале време да се досадуваат, затоа биле витални и здрави до длабока старост...денес, децата ги залажуваат со чоколади....ќе ти купи тато, најубава и голема чоколада после, само биди мирен сега...
Ние како деца по цел ден бевме надвор, од сабајле до вечер, трачавме, си игравме еден куп интересни игри, истражувавме, бевме многу активни.
Јас мислам дека тоа е проблем на родителите...знам совесни родители кои ги активираат децата да одат на спортски активности, кои не дозволуваат да јадат било што, а ги учат на здрава исхрана од мали....но преовладуваат несовесните.
 
Зависи до телото, јас на пример да се напијам вода одма ќе ми се фати, додека некои ждерат по цела ден па пак се како цигари. Додека бев во средно, ама апсолутно ништо не јадев, ниту на големи одмори, ниту на мали, дека знаејќи го моево тело, ќе се згоев уште толку.... а несакате да знаете какво е чуството кога до тебе другарите јадат хамбургери, тостови, пици, а ти гледаш и ќутиш, а миризбата ти влага во нос.... Апсолутен шампион сум бил тие четири години во издржливост :-D.
Сега моментално држам диета и супер ми е, малце јадам и спортувам (трчам), а знам еднаш месечно да си го направам меракот и да купам по еден хамбургер :icon_mrgr: Еве сега бев на факултет да завршам некоја работа, и на враќање тргав пешки преку Гази Баба по угорницине малце на "свеж возух" да се размрдам и се направив како свиња :D... Со диетата ослабев негде 15 до 20 кила, ама мислам колку и да држам диета, секогаш ќе си останам буцко... јебига изгледа телото сум го наследил од татко ми, тој беше ептен гурман човек :LOL:[DOUBLEPOST=1410425462][/DOUBLEPOST]А за децава по школиве незнам што да кажам... родителот е за се крив, тој ако не го упати на здрав начин на живот, тогаш се е џабе... Е сега постојат некои (како мене на пример :-D) кои кога ќе увидат дека претерале малце, самите се ставаат на строга диета... ама ретки се таквите исклучоци :)
 
Последно уредено:
намалената активност и нездравиот живот си го прават своето тоа е ....
 
Знам деца што буквално живеат на сладолед и помфрит а родителите упорно ги тераат да изедат сѐ во чинијата иако се гледа дека детево е не сито туку пресито, така да навиката за прејадување (најчесто нездрава храна) си почнува уште од дома.

Повеќето родители поим немаат што е правилна исхрана а детето кога ќе појде во школо продолжува со бурек и хамбургер, здрава, вкусна и релативно евтина алтернатива не постои.

Додатно имаат многу за учење и пола ден го поминуваат на седечки часови, дома уште неколку часа домашни и нормално дека малку се бават со спорт. Спортот односно физичката активност во нашиот образовен систем немаат приоритет па затоа во некои училишта часовите по физичко се или проформа или се губат и се заменуваат со „бубачки“ предмети.

Децата се најмалку криви, од возрасните зависи дали ќе ги направат неинтелигентни роботи или разумни, културни и здрави суштества.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom